Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека економијата на земјата, која практично престана по донесените мерки за борба против коронавирусот, би можела да започне одново во наредните недели, а не месеци. Трамп на синоќешниот брифинг во Белата куќа рече дека научените лекции од борбата против вирусот во последните неколку недели ќе и овозможат на земјата да се отвори додека продолжува превенцијата. Трамп: одлука за коронавирусот на крајот од тековниот 15-дневен план Трамп претходно изјави... Читать дальше...
Коронавирусот го зема данокот и во Старата скопска чаршија. Дуќаните се празни, продажба нема, па ако не добијат помош од државата, ќе треба да стават клуч на своите дуќани, велат занаетчиите.
Министрите за финансии на ЕУ го одобрија суспендирањето на регулативата за буџетска дисциплина. Станува збор за историска одлука со која им се овозможува на 28-те земји членки да потрошат колку што треба за да се ублажат економските последици одкоранавирусот. Наведувајќи го „сериозното економско забавување“, министрите на ЕУ го одобрија предлогот на Европската комисија поднесен во петокот за суспендирање на Пактот за стабилност и раст. Истражување - Светот стравува од Ковид -19 Министрите оценија... Читать дальше...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа скрати милијарда долари помош за Авганистан и се закани дека ќе ги намали сите форми на соработка, бидејќи лидерите на ривалските земји во таа земја не успеаја да се договорат за формирање нова влада. Ова го соопшти државниот секретар Мајк Помпео, откако вчера го посети Кабул ненајавено за да се сретне со Ашраф Гани и Абдула Абдула. И двајцата се прогласија за претседател на Авганистан по контроверзните избори одржани во минатата година. Читать дальше...
Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш повика на итен прекин на огнот насекаде низ светот за поради пандемијата на коронавирусот. „Жестокоста со која напаѓа вирусот покажува дека е лудо да се војува“, рече Гутереш во краткото обраќање во седиштето на ООН, без да наведе ниту една земја. Граѓанската војна во Сирија влезе во 10-та година Експертите и дипломатите стравуваат дека вирусот ќе убие многу луѓе во земјите со војна, кои имаат посиромашни здравствени системи. „Дојде време да ги оставиме... Читать дальше...
Во кинеската покраина Хубеи каде што прв пат беше забележана појавата на новиот коронавирус од утре ќе бидат укинати ограничувањата за движење. Во градот Вухан пак тоа ќе биде направено на 8 април, по повеќе од два месеца изолација. Кина забрани влез и излез од Вухан на 23 јануари и ја прошири изолацијата во поголемиот дел од покраината во наредните денови. И денеска ниту еден случај на коронавирус во Вухан Во Хубеи не се забележани скоро никакви нови инфекции повеќе од една недела. Но, додека... Читать дальше...
Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа нареди затворање на повеќето продавници и забрани собирање на повеќе од две лица, што е негов нов, посилен одговор во борбата против ширењето на новиот коронавирус. Тој го советуваше населението да „остане дома“. Во говорот од резиденцијата во Даунинг стрит 10, Џонсон рече дека е клучно да се спречи ширењето на вирусот кај домаќинствата и дека полицијата ќе биде овластена да растера собира повеќе од две лица надвор за време на, како што рече, „националната вонредна состојба“. Читать дальше...
Претседателот на Косово Хашим Тачи се спротивстави на синоќешната одлука на владата на премиерот Албин Курти за ограничување на движењето на граѓаните поради епидемијата на Ковид-19, оценувајќи ја како „флагрантно кршење на Уставот“ и ги повика граѓаните да не ја почитуваат. Непосредно откако беа објавени мерките на Владата за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирусот, Тачи свика прес-конференција, на која порача дека слободата на движење може да се ограничи единствено доколку се прогласи вонредна состојба. Читать дальше...
Македонската Влада на вчерашната седница донесе одлука да се забрани движење на возила од јавен превоз на територијата на целата држава во период од 21 часот до 5 часот односно додека трае полицискиот час. Од синоќа полицискиот час се скратува за еден час и наместо до 6 ќе трае до 5 часот наутро. Коронавирус: дали е лекот пострашен од болеста? Воведена е и нова забрана за две возрасни категории – за лица постари од 67 години, кои не смеат да излегуваат од дома од 11 часот претпладне до 5 часот наутро... Читать дальше...
Ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најизобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде од минус три до шест степени. Во Скопје и околината слично време со максимална температура до два степена.