На денешната лидерска средба се донесе едногласна одлука изборите да биде одложени, а останува да се најде правната основа како тоа ќе се спроведе во услови кога се распушти Собранието. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се согласиле дали е потребно воведување на вонредна или кризна состојба поради коронавирусот.
Во вонредни услови поради коронавирусот шпанскиот сенат преку видео гласање го ратификуваше Пристапниот протокол за зачленување на Северна Македонија во НАТО. Шпанскиот крал Фелипе го потпиша ратификациониот инструмент, а во следните 72 часа ќе биде депониран во Стејт Департментот во Вашингтон.
Се повеќе се шират вести дека топлото време може да претставува и крај за коронавирусот. Но, искуствата во Југоисточна Азија зборуваат нешто друго.
Народната банка ги намали референтните каматни стапки, а и владата спрема мерки за помош на стопанството кое трпи последици од пандемијата на коронавирус. Стопанствениците бараат помош за да може да ја пребродат кризата.
Словенија е единствената земја која целосно ги затвори храмовите за верниците и повика тие од дома да ја практикуваат својата вера. Другите земји во регинот упатија низа препораки и мерки до верниците, но останаа отворени за нив.
Сушните есен и зима, без дождови и снег, како и влијанието на субјективниот фактор го намалуваат нивото на водата на Преспанското Езеро, со кое стопанисуваат Македонија, Албанија и Грција, што претставува закана за целиот еколошки систем. Преспанчани бараат помош од оние кои можат да помогнат: државата, научниците, граѓаните, активистите. Но каква е грижата и политиката за користењето на езерските ресурси, дали таа е во сообразност со климатските промени и постојат ли информации за количеството на експлоатацијата на водите од земјоделството?
За одолжување на изборите закажани за 12 април ќе се разговара на денешната лидерска средба, чиј домаќин е претседателот Стево Пендаровски. Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ претходно се согласија дека поради коронавирусот неопходно е одложување на изборите.