Повеќе од 35 000 луѓе умреа во светот од коронавирусот кој почна да се шири минатата година во Кина, а најголемиот дел од смртните случаи се во Европа, јавува агенцијата Франс Прес. Вкупно досега починаа 35 905 луѓе, од кои 26 076 во Европа. Најпогодена земја е Италија, со 11 591 починат, по неа следува Шпанија со 7 340 починати, а трета е Кина со 3 304 смртни случаи. До денеска се регистрирани повеќе од 740 000 потврдени случаи на заболени од коронавирусот во 183 земји во светот. Од нив 408 203 се во Европа... Читать дальше...
Министерството за внатрешни работи утре ќе поднесе кривична пријава против против едно лице, кое и покрај изјавата дека ќе биде во самоизолација, се сретнал со многу луѓе и ги заразил со коронавирусот Ковид-19. Ова денеска на прес-конференција го соопшти дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, нагласувајќи дека осомничениот Ф.К. не почитувајќи ги правните прописи за време на епидемијата од заразна болест извршил кривично дело со кршење на прописи и наредби. „Осомничениот... Читать дальше...
Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на прес конференција рече дека Заводот за рехабилитација во скопската населба Капиштец ќе биде затворен откако осум медицински лица и двајца пациенти се позитивни на коронавирусот. Инаку во тој завод од 9 до 23 март беше лекуван пациент од Тетово, за кој министерот минатата недела кажа дека е заболен од коронавирусот. Филипче денеска ги потврди информациите кои претходно ги соопшти Министерството за здравство дека се потврдени 26 нови случаи со коронавирус... Читать дальше...
Наместо на крајот на април како што беше планирано, комплетната програма за 16 издание на Интернационалниот фестивал „Танц фест“, што како организатор го потпишува културниот центар Интерарт, е презакажана и ќе се одвива во септември, октомври и ноември годинава.
Во Србија во изминативе 24 часа двојно е зголемен бројот на тестирани лица и од 622 новотестирани, позитивни на коронавирусот се 44 лица, со што од 3084 тестирани вкупниот број на заразени со коронавирус се искачи на 785 лица, изјави на денешната владина прес конференција епидемиологот Предраг Кон. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Кон кажа дека денес се починати уште три лица, жена во КЦ Војводина во Нови Сад родена 1939 година, и две лица во болниците во Белград, родени 1948 и 1974 година... Читать дальше...
Владејачката СДСМ денеска преку соопштение оценува дека подигнувањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел е„историски момент за сите наши граѓани“. „Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата. Пред нас е да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда“, наведуваат од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ... Читать дальше...
Унгарскиот парламент денеска изгласа да му овозможи на премиерот Виктор Орбан да владее со декрет во обид да ги намали последиците од пандемијата на коронавирусот. Парламентот во кој доминираат пратениците од национал-конзревативната партија на Орбан, Фидес, го изгласа законот со кој му се даваа вонредни обврски со 137 гласа „за“ и 53 против. Пандемијата изговор за Oрбановата злоупотреба на власта Унгарија е една од многуте европски земји во кои е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот... Читать дальше...
Бројот на вработени во јавниот сектор за 2019 година изнесувал 132.900, распределени во 1.324 институции. Од нив 20.169 вработени во МВР, во Армијата, во Агенцијата за разузнавање, во Агенцијата за национална безбедност и во Управата са финансиска полиција. Преку агенциите за привремени вработувања во институциите од јавниот сектор работно биле ангажирани 3.222 лица и не влегуваат и вкупната бројка на вработени јавниот сектор. За ова денеска информираше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски... Читать дальше...
Пристапувањето во НАТО на Северна Македонија ќе донесе стабилност и мир во регионот, кој е од суштинско знаење за економски просперитет, вели во екслузивно интервју за Радио Слободна Европа, генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг.
За викендите во кои поради спречување на ширењето на коронавирусот владата одлучи полицискиот час да почнува од 16 часот, сопствениците на домашни миленици ќе може да ги прошетаат, но, од 20:00 до 20:30 часот и најмногу до сто метри оддалеченост од зградите во кои живеат. Притоа, не смеат да се групираат. Ова се измените на Уредбата за ограничено движење, донесени денеска на владина седница, а ги соопшти попладнево на Твитер премиерот Оливер Спасовски. Ветеринарната комора во саботата за МИА... Читать дальше...
Крадци украле слика од Винсент Ван Гог откако упаднале во холандски музеј кој е затворен за јавноста поради пандемијата од коронавирусот, соопшти директорот на музејот денеска. Тој појасни дека тие минатата ноќ упаднале во музејот кој се наоѓа во Ларен, околу 30 километри југоисточно од Амстердам. Сликата е од 1884 година и е една од серијата изработени додека сликарот престојувал во домот на неговиот татко. Според локалните медиуми вредноста на делото се движи од еден до шест милиони евра.
Околу 5800 работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“ од Битола заминаа на колективен одмор, угостителските објекти на Широк Сокак, познатата улица за пиење кафе, не работат, како и рестораните во Подпелистерието, a по дуќаните ги нема купувачите од Грција.
Земјите членки на Европската унија треба да им дозволат на стотиците илјади сезонски работници кои извршуваат земјоделски работи да ги минуваат границите и покрај мерките што ги преземаа во обид да го спречат ширењето на коронавирусот, соопштија денеска од Европската комисија. 27-те земји кои се членки на Унијата воведоа гранични контроли поради пандемијата, но како што пишува агенцијата Ројтерс, тоа има последици при производството на храна, медицински услуги, а засега и други прекугранични работници. Читать дальше...
Знамето на Република Северна Македонија попладнево, со интонирање на македонската химна, беше кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. Во исто време, македонски знамиња беа кренати и во седиштето на НАТО командата во Норфолк, како и во главната команда во Монс. Церемонијата беше пренесувана во живо, без присуство на делегации, поради заштитните мерки заради коронавирусот. Пред свеченото кревање... Читать дальше...
Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица, соопшти Министерството за здравство. Според објавата на МЗ, утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, починал еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот бил дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март. Читать дальше...
Заклучно со 14 часот денеска во организација на МНР е направена репатријација на 1842 наши државјани. Активностите се реализирани по апелот за пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по јавниот повик за организирање на авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои. Како што соопшти МНР, од бројката од 1842 лица, 1097 се репатрирани од пет земји (Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија) со седум авиони и тоа од: Валета... Читать дальше...
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија извршила неколку напади врз јеменскиот главен град Сана, пренесе новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на сведоци. Според објавата на „Ал Арабија, пренесува Ројтерс, воен портпарол на Хутите во Јемен тврди дека на 29 март, саудиската војска соборила три ракети за време на обидот за напад врз главниот град Ријад и пристанишниот град Јазан, близу границата со Јемен. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатата недела повика на глобален прекин... Читать дальше...
Европската Комисија најави дека веднаш се ослободуваат 38 милиони евра помош за Западен Балкан за справување со здравствената криза и реалокација на 374 милиони евра за помош во справување со социо-економските последици, јави дописничката на МИА од Брисел. Најавата дојде од еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји кој порача дека “ЕУ секогаш ќе биде тука за Западниот Балкан“. „Ќе им помогнеме на нашите партнери да ги покријат итните потреби на здравствените системи и за промоција на долгорочни... Читать дальше...
Идентични мерки во борбата против ширењето со коронавирусот преземаат земјите од регионот во однос на ограничување на движењето и карантинот. Најмногу заболени и жртви има во Грција, која има и најмногу жители.
Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа, на ниво на цела држава, 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, опоменати се 37, а за останатите се изготвени записници. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените полициски контроли над лица во изолација и самоизолација, едно лице не било затекнато во својот дом.
Услужната комора на Македонија денеска ги презентираше условите за работа во секторот транспорт во вонредни услови поради коронавирусот, како и мерките за ублажување и санирање на последиците од настанатата ситуација. Од Комората побараа нивните предлози да бидат разгледани и усвоени за ефикасно справување со негативните последици во секторот транспорт. „Услужната комора апелира на пролонгирање на рокот за регистрација на товарните и патнички моторни возила до завршувањето на кризата, бидејќи претставува... Читать дальше...
„Ајдуклакот веќе сите го прифаќаат како најнормално, оти сите крадат!“ - ваши коментари на Фејсбук страницата на РСЕ
Во Брисел, во седиштето на НАТО, денеска во 15 часот, ќе се одржи свечената церемонија на кревање на македонското знаме покрај знамињата на останатите земји членки на Алијансата. На овој настан најавено е присуството на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, првиот човек на Воениот комитет на Алијансата, Маршал Стјуарт Пич и Зоран Тодоров како претставник на Делегацијата на Северна Македонија во НАТО. Поради коронавирусот не е предвидено присуство на медиуми, но настанот Алијансата ќе го... Читать дальше...
Главна ставка во буџетот на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година ќе биде борбата против новиот коронавирус, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Во ЕУ се разгледува и се дискутира за неколку инструменти, меѓу кои се и обврзници“, истакна Фон дер Лајен во интервју за „Политико“, додавајќи дека Европскиот совет добил мандат од министрите за финансии и дека Унијата интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот.