Полицијата во Романија приведе неколку лица кои се упатиле кон Букурешт носејќи пиштоли, мачети и ножеви за „нарушување на јавниот ред и мир“, соопштија властите во неделата. Безбедносните служби сослушале најмалку 13 лица откако нивните возила биле запрени во текот на ноќта во областа Илфов, изјавија полициски извори за романската служба на Радио Слободна Европа (РСЕ). Властите не ги соопштија имињата на приведените, но според извори во правосудството, меѓу нив е и Хоратиу Потра, водач на... Читать дальше...
Разорната 13 годишна граѓанска војна во Сирија главно беше во мирување со години. Но, големата офанзива на милитантите во северозападна Сирија го оживеа конфликтот и ги вовлече регионалните сили, вклучително и Русија. Од крајот на ноември, Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) и неговите сојузниција презедоа контролата над поголемиот дел од Алепо, вториот по големина град во Сирија и над околните села. ХТС се смета за терористичка група од Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија, Канада и од Европската Унија (ЕУ). Читать дальше...
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека со „крајна загриженост“ ги следи настаните во Сирија и дека презема мерки за обезбедување на безбедноста на руските граѓани во Сирија. Во соопштението се наведува дека сирискиот претседател Башар ал - Асад „поднел оставка и ја напуштил земјата по преговорите со голем број учесници во вооружениот конфликт“. Москва објави дека не учествувала во тие преговори. „Господинот Асад даде инструкции за мирен трансфер на власта“, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија. Читать дальше...
Под слоганот „Рацете ви се крвави“, граѓани и активисти се собраа на 8 декември пред Градското собрание на Нови Сад на уште еден протест на кој бараат одговорност за смртта на 15 лица по падот на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември. Протестот започна симболично во 11:52 часот, време кога се урна настрешницата. Насобраните го обоија влезот на Собранието со црвена боја и оставија отпечатоци од „крвави раце“, што станаа симбол на протестите со кои се бара одговорност од властите за падот на настрешницата. Читать дальше...
ДУИ многу добро знае дека в среда, на седницата на Уставниот суд, нема да се случи ништо, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со седницатa на Уставниот суд на 11 декември на која ќе се разгледуваат оспорени одредби од Законот за употреба на јазиците. Опозициската Демократска Унија за интеграција (ДУИ) го квалификува Законот за јазиците како еден од клучните столбови на Охридскиот договор и најави дека ако Уставниот суд го укине овој закон, „последиците ќе бидат непоправливи и нема да... Читать дальше...
Романскиот екстремно десничарски, проруски претседателски кандидат Калин Георгеску и десетици негови поддржувачи протестираа на затворено избирачко место во Букурешт, откако Уставниот суд на Романија ги поништи претседателските избори поради обвинувања за руско мешање. Судот ја донесе одлуката на 6 декември, велејќи дека владата сега мора да одлучи кога ќе се одржат нови избори. Повеќе од 100 луѓе се собраа пред избирачкото место во главниот град на 8 декември, првично закажаниот датум за вториот... Читать дальше...
Сирискиот претседател Башар ал -Асад и неговото семејство пристигнаа во Москва во неделата, објавија руските државни медиуми, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз сирискиот главен град Дамаск ставајќи крај на бруталното полувековно владеење на семејството Асад. Претходно, руското Министерство за надворешни работи објави дека Асад „одлучил да поднесе оставка“ по „преговорите“ со „многубројните учесници во вооружениот конфликт“ и ја напуштил функцијата „давајќи инструкции за мирен трансфер на власта“. Читать дальше...
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Кичево – Македонски Брод, соопшти Авто-мото сојуз на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената... Читать дальше...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови од државата, каде што ќе наврнат и над 15 литри на квадратен метар. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 13 целзиусови степени. Читать дальше...
Со измени на Законот за извршување на санкции, на затворениците ќе им биде понуден работен ангажман, ако добијат ќе ги изгубат сите привилегии, вели во интервју за РСЕ в.д. директорот на управата Александар Пандов. Целта е се што е потреба на затворите, да може сами да го произведуваат како порано.