ЗНАМ не ја формиравме за да делиме министерски ресори и учеството во идната влада ќе зависи од резултатот на изборите и националните интереси, вели Димитриевски. Како евентуален претседател, пак, ветува дијалог со сите политички фактори и единство во надворешната политика. Гласови очекува од поддржувачи и на актуелната власт и на опозицијата.
На улица Македонија во Скопје, штабови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се еден спроти друг, но луѓето во нив, речиси и да не комуницираат меѓусебно. И од двете страни има волја да седнат заедно, да испијат кафе, да поразговараат, но, засега никако да го „скршат мразот“.
Официјално почна и кампањата за парламентарните избори, анти-корупционерите и натаму опструирани од институциите, вработени штрајкуваат за плати. Њузлетер 19.04.2024