Со години наназад општинските власти во Тетово безуспешно се обидуваат да се справат со сивата економија. Од Општината велат дека и покрај казните нелегалните продавачи се враќаат на тезгите. И од бизнис секторот се жалат на нелојалната конкуренција.
Во периодот од 13 март до 22 април, во скопската галерија Акантус, ќе биде поставена биеналната изложба „Париски сигнатури 2“ со селекција на дела од македонски уметници што престојувале во ателјето на Cité Internationale des Arts во француската метропола.
На денешната лидерска средба во Владата, чиј домаќин беше премиерот Оливер Спасовски била постигната согласност да се почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Партиските лидери се договориле и кампањата за време на мерките да се води на интернет, а за одложување на изборите не станало збор.
Сдсмовци на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ и вмровци на листите на СДСМ. Партијата ќе ја дадам, фотелјата не ја менувам, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.
Коронавирусот создаде економска криза во туристичкиот сектор, велат од стопанската комора за туризам. Тие бараат од државата итни мерки со кои ќе се ублажи ударот. Од министерството за економија велат - на ситуацијава не треба да се гледа можност за постигнување на одредени придобивки.
Лидерите на политичките партии денеска на средба на иницијатива на премиерот Оливер Спасовски разговаараа за мерките против ширењето на коронавирусот. Партиите не разговараа за евентално одложување на изборите за 12 април.
„Вирусот нема да има шанса против нас“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиското обраќање до нацијата. Притоа тој најави мерки, вклучително и суспендирање на патувањата од Европа за Соединетите држави на 30 дена.