„Визер“ поради коронавирусот ги откажа летовите од Македонија кон Италија. И косовските власти ги забранија летовите од северна Италија. Први случаи регистирани во Бугарија. Нови седум случаи на коронавирус во Грција.
Самиот на ЕУ во Загреб, кој треба да се одржи во мај има друга димензија и тој всушност е погрешно перцепиран, во смисла дека тогаш би можело да има некаква одлука за Северна Македонија. А ние сакаме до самитот во Загреб да се дефинира, односно постигне консензус меѓу сите земји членки за Северна Македонија да отвори преговори со Европската унија, вели во интервју за Радио Слободна Европа, хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ.
Хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ порачува дека Хрватска сака да ја види Северна Македонија во Европската Унија и дека таа е силно ангажирана да се постигне консензус меѓу земјите-членки со цел одлуката на Советот на ЕУ на крајот од март да биде позитивна за земјава.