„Сомнително лице“, „Изгубени Германци“, „Парите се отепувачка“, „Да тргнеме Сењор“ и „Мајсторот и Маргарита“ се петте театарски претстави што Македонскиот народен театар, во перидот од 18 до 24 март, за својата публика во времево на светска пандемија бесплатно ќе ги прикаже на својот интернет канал.
Во најголемиот енергетски комбинат во земјава - РЕК Битола, каде што работат неколку илјади битолчани, се вршат вонредни дезинфекции, а се почитуваат сите мерки за заштита од ширење на коронавирусот. Од Комбинатот гарантираат дека производството на струја тече непречено. Дезифекција се врши и во другите фирми и јавни претпријатија. Од Битола ни јавува Жанета Здравковска.
Претседателот Стево Пендаросвки во обраќање до нацијата рече вонредната состојба ќе трае 30 дена, а доколку има потреба може да се продолжи и за уште 30. Тој очекува од Владата да биде на ниво на задачата и да одолее на искушението што го носи оваа состојба.
Прогласување на вонредна состојба на целата теририторија на државата бара Владата. Техничкиот премиер Оливер Спасовски бара од Собранието повторно да се состане и да прогласи вонредна состојба за Владата да може да носи одлуки со сила на закон за превентива и за справување со економските последици од ширењето на коронавирусот.
Од министерството за образование велат дека поради повеќе фактори во овој момент, образовните институции тука, не се подготвени за спроведување на настава на интернет. Од министерството велат дека во следниот период ќе подготват план за организирање на наставата до завршување на учебната година.
Борбата за спречување на ширењето на заразата со короновирус вклучува и борба против лажните вести и против оние кои не ги почитуваат мерките за заштита од вирусот.
Многу градови, но и земји ширум светот доживуваат своевиден полициски час како дел од обидите да се намали ширењето на новиот коронавирус и заболувањето од него КОВИД-19. Па, како да се снаоѓаме во новата реалност?