Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД упати честитики до Северна Македонија и Албанија за согласувањето на ЕУ да ги отвори преговорите за членство во Унијата. „Дури и во овие тешки времиња, добро е дека ЕУ го одржа ветувањето за почнување на процесот за членство со нашите балкански партнери“, се вели во објавата на Твитер. Комитетот наведува дека ЕУ исто така треба да го одржи ветувањето на Косово за одобрување на визна либерализација, бидејќи како што е напишано, „Косово... Читать дальше...
Италија забележа 683 нови смртни случаи предизвикани од коронавирусот, со што вкупниот број на починати се зголеми на 5.210. Бројот на заразени луѓе се зголеми на 74.386, со што во следните неколку дена може да се случи бројот на заразени во Италија да ја надмине Кина, пишува АП. Италија претходно информираше за поголем број на смртни случаи од заболени од Ковид-19 во однос на Кина, каде вирусот за прв пат се појави. Д-р Масимо Гали од миланската болница рече дека случаите на заразени кои се пријавуват овие денови... Читать дальше...
Со дела снимени на видеа на уметници од сите видови уметности од целиот свет кои ќе бидат пуштани на социјалните мрежи на 28 март, во сабота, во текот на целиот ден, единствено во нашава земја од вкупно 50-на кои имаат лиценца, ќе се одржи петтото издание на фестивалот „Крикот на жената“.
Групата од седум најголеми економии Г7 разговараа за „намерна кампања на дезинформации“ која ја шири Кина, соопшти американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува Ројтерс. За врме на прес-конференцијата во Стејт департментот, Помпео на Г7 кој учествуваше виртуелно, ги повтори претходно изнесените обвинувња дека Кина одолговлекува со споделување на информации за вирусот, истакнувајќи дека и другите членки на Г7 се „длабоко свесни“ за дезинформациската кампања на Пекинг. Помпео додаде дека... Читать дальше...
Жена која имала хронично заболување е нова жртва на коронавирусот во земјава. До денеска вкупната бројка на заболени од Ковид-19 се искачи на 177, а за спречување на ширењето на вирусот Владата забранува движење и за време на викендите за сите граѓани, од 16 часот до 05 часот.
Турската полиција уапси 410 лица поради „провокативни објави“ на социјалните мрежи за коронавирусот, објави во средата министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Турскиот министер рече дека скоро на две илјади профили на социјалните мрежи се идентификувани „провокативни натписи“ за пандемијата, а 410 лица се уапсени за „обид да предизвикаат немири“. Министерот не откри детали за идентитетот на приведените.
Во текот на изминатово деноноќие, на територијата на државата полицијата регистрирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, а 31 лице биле опоменати, покажува последната статистика на МВР. Постарите од 67 години ќе може да излегуваат само рано наутро, младите до 18 години после пладне Вчера биле евидентирани и 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои на граничните премини потпишале изјави за самоизолација. Читать дальше...
Седумдесет и пет адвокати денеска побараа да прекинат времено сите судски постапки, освен оние каде што се одлучува за определување притвор, Владата да донесе уредба со која ќе се спречи застарување на предметите, судските сали да се дезинфицираат по секое рочиште и да се обезбедат заштитни маски и ракавици за секое лице што ќе влезе во судовите. Според адвокатите, Кривичниот суд – Скопје врши „директна повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, со самото тоа што се одржуваат... Читать дальше...
Доктор Матјаж Лесковар од словенечкиот Институт „Јожеф Стефан“, направил анализа и симулација која покажува дека епидемијата со коронавирусот во земјата може да заврши до крајот на април, јави дописникот на МИА од Љубљана. Симулацијата е создадена по едноставен точкест модел на епидемија, а се користени јавно достапните податоците за начинот на ширење на вирусот и како се развива болеста Ковид-19. Дополнително, д-р Лесковар изработи и повеќе сценарија за ширењето на вирусот во услови на почитување и непочитување на социјалното дистанцирање. Читать дальше...
Истанбулското Обвинителство соопшти дека е подготвено обвинение за 20 осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Според Обвинителството, обвинението ги вклучува и поранешниот заменик-генерален разузнавач на Саудиска Арабија, Ахмед ал Асири, и поранешниот советник на кралското семејство на Саудиска Арабија, Сауда ал-Кахтаниј. Тие се обвинети за „поттикнување убиство со предумисла со монструозна намера“. Една година од убиството на Кашоги: Одговорност мора да има На 2 октомври 2018 година Кашоги... Читать дальше...
Објавен е првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка на Северна Македонија. Како што соопшти денеска директорот на Банката, Кире Наумов, во оваа прва фаза ќе се кредититраат најпогодените сектори: угостителство, туризам и товарниот транспорт, а целта е првично да го ги надминат проблемите со ликвдиноста. Аплицирањето може да почне од ноќеска на полноќ Висината на кредитите ќе зависи од големината на компанијата, односот од бројот на вработени... Читать дальше...
Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, телефонски разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, по донесувањето позитивна одлука од Советот за општи работи за започнување пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ, соопшти МНР. Освен за одлуката на Советот, двајцата дипломати разговарале и за ситуацијата со коронавирусот. „Беше конкретно разговарано за пренасочување на европските пари... Читать дальше...
Намалените човечки активности поради епидемијата на коронавирусот го намалија и загадувањето во многу земји, особено во оние со големи индустрии како Кина и САД. За еко-активистите очигледно е дека планетата „здивнува“, додавајќи дека од непосакуваната ситуација, може нешто и да се научи.
Припадници на Исламска држава, денеска убиле 25 луѓе во верски комплекс на Сиките во Кабул, соопшти авганистанската полиција, пренесе АП. „Вооружените напаѓачи држеа околу 150 припадници на заедницата сики како заложници откако го нападнаа нивниот храм во Кабул. Поголемиот број од заложниците беа жени и деца кои се собраа на молитва“, изјави пратеникот Нарендер Синг Калса. Тој додаде дека во нападот убиени се 25 лица, осум се повредени, а 80 се спасени. Неколку часа подоцна портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи... Читать дальше...
Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, информираше министерот за здравство Венко Филипче, на нговиот официјален Фејсбук профил. Од нив, во Скопје се регистрирани нови 20 случаи, во Куманово и во Велес по три, во Прилеп два и еден во Дебар. Интерактивна мапа на заразени со коронавирус во Македонија со постојано навремено ажурирање Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.
Поради последиците од состојбата со коронавирусот во Македонија, Стопанската комора на Македонија формираше Кризен штаб, соопшти претседателот на Комората, Бранко Азески, во обраѓање до членките. Десетици илјади луѓе без работа поради коронавирусот „По реализирани интензивни контакти со компаниите, со претставниците на власта и со економските експерти изминатата недела, одлучив да формирам Кризен штаб во рамките на Комората. Останува функционирањето на службите на СКМ врз основа на мојата наредба... Читать дальше...
Романското Министерство за здравство соопшти дека 34 лекари и 49 медицински сестри и болничари од регионалната болница во Сучева, Северна Романија, се заразени со коронавирус. Дел од заразените се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, делво Градската инфективна болница и дел се во домашна изолација. Министерство за здравство одлучи да ја претвори регионалната болница Сучева во место за лекување лица заразени со новиот коронавирус, откако ќе биде дезинфицирана, пренесе МИА.
Од постара италијанка, која рутински реди чаши со вода, до британски композитор кој води виртуелен оркестар, животот за Европејците под карантин поради коронавирусот е невидена мешавина на снаодливост и креативност.
Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска изјави дека 65-годишна жена од Ниш починала од последици од новиот коронавирус, што е четврта жртва на Ковид-19 во Србија. „Таа беше нерегулиран дијабетичар и беше на респиратор од 21 март. Лекарите направија се, но не успеаја да и помогнат“, изјави Лончар. Вучиќ најави масовно тестирање, кинеска медицина и високи казни како нови мерки против коронавирусот Министерот апелираше до граѓаните да останат во своите домови и додаде дека до сега на респиратори се 21 пациент... Читать дальше...
Нема проценка колку луѓе може да останат без работа поради економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, но 34 илјади луѓе што работат во угостителство и туризам и 15 илјади во услужните дејности сега се без работа.
ЕУ ќе ѝ помогне на Северна Македонија во борбата против коронавирусот со 66 милиони евра, информираше евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар. „Заедно сме во борбата против овој злобен вирус. Во ова тешко време, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија со четири милиони евра за итни потреби, 50 милиони евра за социоекономско опоравување, девет милиони евра за приватниот сектор и три милиони евра директна поддршка за буџетот“, објави Жбогар на „Твитер“.
Инвеститорите не се во можност да оценат какви ќе бидат последиците по економските параметри поради неизвесноста за тоа колку ќе трае оваа ситуација и како ќе се реши.
Премиерот на Италија, Џузепе Конте објави нови казни за прекршување на мерките за ограничување на владата. Казните ќе бидат од 400 до 3.000 евра. Досега казната беше 206 евра. Во Италија веќе три недели важи забраната за движење, а според одредбата на владата, таа треба да трае до 3 април. Зошто Италија- факторите зад коронавирус катастрофата Италијанскиот службеник за здравство Франко Локатели порано изјави дека одлуката за продолжување на мерката ќе биде донесена во зависност од ситуацијата со ширењето на инфекцијата со вирусот корона. Читать дальше...
Кина денеска нема пријавено ниту еден случај на инфекција со новиот коронавирус на нејзината територија, а властите делумно ги укинаа драстичните мерки за карантин во Хубеи, каде што вирусот за прв пат се појави во декември. Кинеските власти регистрирале 47 лица заразени кои дошле од странство. Властите објавија четири смртни случаи, три во Хубеи. Кина досега има регистрирано вкупно 81.200 нови вирусни инфекции и 3,281 смртни случаи. Србија и Кина: „Челично пријателство“ во време на корона Пекинг... Читать дальше...
Индија воведе целосно национално затворање во обид да го забави ширењето на коронавирусот, придружувајќи се на растечкиот список на земји што презедоа сличен потег. „Ќе има тотална забрана за излегување од вашите домови“, рече премиерот Нарендра Моди во вчерашното телевизиското обраќање, додавајќи дека ограничувањата ќе важат од полноќ по локално време и ќе траат21 ден. Индија, која има население од 1,3 милијарди, досега објави 519 потврдени случаи на коронавирус и 10 починати. Во Британија... Читать дальше...