Во кино „Фросина“ во Младински културен центар - Скопје, на 11 март во 20 часот, ќе биде одржан првиот од серијата концерти насловен „Слободна среда“ што како новина ги промовира Музичката младина на Македонија и чија идеја се потпира на слободните форми на здружување и музицирање.
Партиите ги прават последните подготовки за финализирањето на пратеничките листи со кои ќе настапат на изборите на 12 април. Од досега најавеното, аналитичарите велат дека може да се препознае кон која група гласачи е нивниот таргет.
Од јавната администрација и сега заминуваат квалитетните кадри. Проблемот со кој ќе се соочи јавниот сектор во догледно време, не е толку дали тој ќе се намали или не, туку кој ќе остане да работи во него, вели професор Драган Гоцевски.
Кој каде и во која изборна единица? Кандидатски листи. Коронавирус. Кај се пасошите? Ова се дел од темите на кои вие коментиравте на социјалните мрежи на Слободна Европа.
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации изрази загриженост во врска со ризикот дека новиот коронавирус може да се прошири низ центрите за прифаќање на мигрантите во Грција. Во истовреме продолжува притисокот на мигрантите и бегалците од Турција во Грција.