Стравот од коронавирусот ги испразни и рафтовите во маркетите во Битола. Празни се рафтовите за храна и тие за дезинфекциски средства. Битолчани реагираат дека ваквата атмосфера ги вознемирува и апелираат на совесно и одговорно однесување. Во Битола е формирана и работната група за спроведување на мерки за превенција од болеста.
Во моментов нема потреба од прогласување ниту на вонредна, ниту на кризна состојба е заклучокот кој го соопшти претседателот Стево Пендаровски по двочасовниот состанок на Советот за безбедност посветен на сосотојбата со коронавирусот во земјата.
Со свежа и над сè возбудлива програма, во која се артисти како Иранецот Кајхан Калхор, дуото Лина и Раул Рифри од Португалија и од Шпанија, Италијанката Марија Мазота, Каталонката Силвија Перез Круз...од 2 до 6 јуни е планирано да се одржи 19-то издание на Фестивалот на светска музика ОФ-ФЕСТ.
Деновиве како издание на Авант прес од Скопје излезе од печат „222 антиупатства за лична употреба (1978-2018)“ од Александар Прокопиев. Книгата претставува заокружување на 40 годишното творештво на оваа исклучително интересна, прониклива хибридна книжевна форма по која авторот е препознатлив.
Американската централна банка позната како Федерални резерви презеде мерки за задржување на падот на светските берзи кои панично реагираат на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Експертите се сомничави дека тие ќе успеат.
Македонија, заедно со Србија и Црна Гора се најдоа на листа на Фејсбук за нови правила на рекламирање. Огласувачите на изборни и политички реклами треба да се најавата и да се знае кој ја плаќа рекламата. Одлуката зошто овие земји се нашле на листата, е оти во нив се очекуваат избори, постојната регулатива и потенцијалниот ризик од мешање во изборите на земји од странство, велат од Фејсбук за РСЕ.
„Купувајте тоа што во нормали услови би ви требало“, „ Имајте на ум дека треба да сме хумани пред сѐ.“, се само дел од коментарите по информациите дека има купувачка треска поради коронавирусот. Читателите на РСЕ на социјалните мрежи изразуваат и поддршка за жителите на Дебар, каде е прогласена вонредна состојба.
Лидерите на власта и на опозицијата денеска побараа одложување на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април, поради настанатата состојба со коронавирусот.