Претседателот на Косово Хашим Тачи се спротивстави на синоќешната одлука на владата на премиерот Албин Курти за ограничување на движењето на граѓаните поради епидемијата на Ковид-19, оценувајќи ја како „флагрантно кршење на Уставот“ и ги повика граѓаните да не ја почитуваат. Непосредно откако беа објавени мерките на Владата за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирусот, Тачи свика прес-конференција, на која порача дека слободата на движење може да се ограничи единствено доколку се прогласи вонредна состојба.
Граѓаните на Косово на балкони протестираа против политичката криза
Владата на премиерот Албин Курти синоќа, по 22 часот, донесе одлука, меѓу другото, за забрана на движењето на граѓани и приватни возила во период од 10 до 16 и од 20 до 6 часот, што според косовскиот претседател претставува кршење на човековите права и слободи. Тачи најави дека денеска ќе се обрати на Уставниот суд, со цел одлуката на Владатада се поништи и им порача на полицијата и безбедносните сили дека доколку истата ја спроведуваат ќе извршат кривично дело.