По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мигрантите 18 декември, редакциите на Радио Слободна Европа се здружија за да се фокусираат на прашањата што најмногу ги засегаат бегалците и мигрантите во 23-те земји што ги покрива РСЕ.
Се проценува дека бруталната грузиско-абхазиска војна од 1992 до 1993 година раселила околу 250.000 грузиски цивили. По 30 години, многумина сè уште сонуваат да се вратат во светот што го оставија зад себе. Current Time ги лоцираше и сними напуштените живеалишта на неколку раселени семејства. Бидејќи патувањето во регионот е строго ограничено, сликите на некои им нудат редок поглед на домовите што ги оставиле во Абхазија пред три децении.
Конфликтите и секташки напади ги протераа речиси сите авганистански Сики и Хиндуси од земјата. Многумина побараа засолниште во Индија каде што најдоа сигурност, но се соочуваат со економски тешкотии и проблеми со добивање официјални документи. РСЕ се сретна со некои од Сиките и Хиндусите кои стигнале до Индија.
Асан Багишов помина повеќе од еден месец патувајќи низ Централна Америка со сопругата и трите деца, остварувајќи го својот сон за нов живот. Багишов е од Киргистан и е еден од сè поголемиот број луѓе од Централна Азија кои одат по тешка и опасна рута до Соединетите држави.
Владејачката партија од чии редови е претседателот Вучиќ прогласи победа, а опозициските партии, пак, реагираа на нерегуларности. Додека е извесно кој ќе биде власт на централно ниво, она што останува отворено прашање е дали партијата на Вучиќ ќе успее да го сочува Белград или тој ќе падне во рацете на опозицијата.