Населението во државата ќе старее - ќе имаме повеќе пензионери, а помалку работоспособно население. Пензискиот фонд, пак, и денес нема доволно приходни за да исплатат пензии, што го прави зависен од државниот буџет. Кај дел од граѓаните, стравот е веќе присутен дали воопшто ќе дочекаат пензија од државата која, пак, најавува дека насокоро ќе донесе 20-годишна развојна стратегија.
Без учебници, учат за компјутери без компјутери, читаат без разбирање, ова се дел од проблемите на македонските ученици. За лошите резултати од ПИСА надлежните институции не покажаа загриженост и повторно најавуваат реформи. Но според тестирањето на ПИСА 10 години државата е цврсто на дното.
Европската Унија започна истрага против социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск, поради наводно кршење на правилата поврзани со објавување содржини по нападот на Хамас врз Израел