Планот за изградба на висококатници кај Алумина во скопски Карпош предизвика бурни реакции на граѓани и советници во општината. Сопствeник на земјиштето е нафтената компанија Пуцко Петрол на Асмир Јахоски, син на пратеник од ДУИ и внук на градоначалник на општината Пласница. Тој и претходно се обиде да гради во Карпош.
Граѓаните на сметките за струја ќе имаат нова ставка „пристап до мрежа“. Се уште не се знае колку ќе изнесува ова ставка, но се оперира со сума од 50 до 250 денари. Од друга страна најавено е намалување на ставката за мрежарина. Ќар од ова би имале тие што се редовни потрошувачи, тие пак што имаат станови или викендици кои се празни ќе имаат повисоки сметки. Но, ставката „пристап до мрежа“ ќе им се одрази и на оние што штедат, односно на оние што малку трошат струја.
Усогласување на надворешната политика и продолжување на патот на Србија кон Европската Унија или „редефинирање на односите“ со Западот и свртување кон Исток? Продолжување на дијалогот со Косово или отфрлање на европскиот план? Погледнете како одговараат на овие прашања учесниците во изборната трка за пратенички места во српскиот парламент. Вонредните парламентарни избори во Србија ќе се одржат в недела на 17 декември 2023.