Изминува уште една година со закочени евроинтеграции, скандали во здравството, широко распространета корупција... Но, не им беше лошо на сите. На функционерите им се погоди. Си ги зголемија платите за речиси 80 отсто, и си донесоа измени на Кривичниот законик со кој многумина куртулија од затвор, зашто им застареа делата за злоупотреба на службената должност. Како капак на сè дојде и киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, кое ја потресе јавноста пред крајот на годинава.