Една од лидерите на најголемата опозициска коалиција во Србија, Мариника Тепиќ, продолжува со штрајкот со глад и покрај проценката на лекарот дека состојбата и се влошила. Тепиќ престана да зема храна ден по изборите во Србија, на 18 декември, откако нејзината коалиција ја обвини владејачката Српска напредна партија за кражба на гласови, што властите негираат. На штрајкот со глад со барање за поништување на изборите се приклучија уште шест опозициски политичари, од кои тројца го прекинаа штрајкот.
Кога Анастасија Ивлеева, популарна инфлуенсерка, ги покани руските познати личности на забава со тема „речиси голи“, таа не предвиде бурни реакции низ целата земја. Еден оскудно облечен гостин беше обвинет за хулиганство и „геј пропаганда“, додека другите присутни рекоа дека огласувачите им ги откажале договорите. Додека изведувачите јавно се извинуваат за учеството, некои набљудувачи го гледаат одговорот како уште еден симптом на репресивна клима во Русија.
Постапката за утврдување одговорност на судијката Беса Адеми се случува во присуство на јавноста. Иницијативата за нејзина одговорност ја покрена членот на Судски совет, Миљазим Мустафа. Претседателката на Врховен, пак, смета дека исходот на постапката ќе ја одреди иднината на нашето судство.
Поставени нов вид камери на крстосниците и булеварите покрај старите од „Безбеден град“, кои треба да регистрираат сообраќајни прекршоци. Од каде се набавени новите камери МВР не открива, тендер има само за возилата пресретнувачи. Министерот Спасовски најавува нов софтвер за камерите.
Колкави ќе бидат сметките з струја од наредниот месец? Можеме ли Чебрен да го градиме сами и зошто не сме го изградиле досега? Некои почнати објекти, заборавени. Хаос со вадењето нови лични документи. Њузлетер 29.12.2023