Иселувањето од државата, според проекциите ќе продолжи, а веројатно е дека ќе се засили кога земјава ќе влезе во ЕУ. Но, Државниот завод за статистика очекува потоа луѓето да се враќаат назад. Корупцијата е главен двигател на иселувањето и ја има во секоја сфера, смета Претседателот Пендаровски.
Родители протестираат, ученици бојкотираат и три недели нема настава во ОУ „Тодор Јанев“ во мултиетничката општина Чашка. Протестот е поради отворање паралелка на албански јазик во училиштето со настава на македонски јазик. Дали преку учениците се „ора“ теренот за лов на гласови за следните избори?
Зошто властите имаат игнорантски однос кон препораките од ЕУ, аферите за корупција, за партиските вработувања, за уништувањето на главниот објект на поштата во Скопје?