Од Нова година сметките за струја ќе изгледаат поинаку. Струјата поскапува, но мрежарината поевтинува, па како епилог на тоа, Регулаторната за енергетика пресметала дека струјата во првиот блок ќе поевтини, во вториот останува иста, а во третиот и четвртот ќе биде повисока. Се воведува и нова ставка „пристап до мрежа“ за сите корисници од 200 денари месечно, што ќе значи поскапување за куќите и становите во кои не живее никој или трошат многу малку струја.
Налепниците со ознака „НМК“ како алтернатива за промена на регистарските таблички, се уште не се издаваат, се утврдува цена. Нов пункт без закажување нема да се отвора, продолжуваат турканиците пред „Пролет“, но и за подигање на новите документи. Досега издадени милион пасоши со Северна Македонија.