Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 982 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2.805 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 73.025. Починати се 19 пациенти во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 2.096 лица. Во моментов во земјава има 22.203 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство. Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 456... Читать дальше...
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со поранешниот премиер Владо Бучковски кој сега е избран од страна на Владата како посебен претставник во Бугарија, соопшти денеска ДУИ. Од партијата наведубаат дека Ахмети и Бучковски дискутирале за имплементација на договорот за добрососедство со Бугарија и за актуелните ставови на двете страни, како и за најдобрите начини за надминување на спорот, наведуваат од ДУИ. „Ахмети даде целосна поддршка за интензивен дијалог и изрази убедување дека... Читать дальше...
Владат денеска на седница донесе одлука за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници и фондовите, со која се алоцираат околу 20 милиони евра, соопшти владината прес-служба. Целта на прераспределбата е да бидат обезбедени допонителни средства за зајакнување на фондот за набавка на вакцини против Ковид-19, за исплата на еднократен паричен надоместок за медицински лица и помошен персонал ангжиран за лекување на пациенти заболени од Ковид-19, се вели во соопштението. Исто така. Меѓу другото... Читать дальше...
Швајцарија е последната земја која ги замрзна финансиските средства на Александар Лукашенко и за неговиот син Виктар, како и на уште 13 Белоруси поврзани со режимот на Лукашенко, објави денеска Швајцарската влада. На нив им е забранет влез или транзит низ Швајцарија. За сите санкционирани претставници се верува дека се вклучени во насилното сузбивање на протестите што ја зафатија Белорусија поради спорните претседателски избори во земјата на 9 август. „Швајцарија е длабоко загрижена од постојаните... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети чија партија е дел од владејачката коалица, за да направат „пресек на сработеното“ по изминатите 100 дена од мандатот на Владата, соопштија денска двајцата лидери на социјалните мрежи. Заев оцени дека имаат „стабилна“ Влада и дека прават пресек на остварените резултати после 100 дена. „Имаме Влада која е сериозно посветена на правната држава, на економијата и на справувањето со пандемијата“, наведува Заев. По изборите кои се одржаа на 15 јули по посебни ковид протоколи... Читать дальше...
Лидерите на повеќе од 70 земји, но не и САД, ќе се соберат преку интернет за да ја одбележат петтата годишнина од Парискиот договор за климата и да објават поамбициозни планови за борбата против глобалното затоплување. Самитот за климатска амбиција, за кој заеднички домаќини се Британија, Франција и Обединетите нации (ОН), ќе се одржи на 12 декември и ќе биде пренесуван преку интернет. Само шефовите и држави на влади кои ќе достават„нови и поамбициозни обврски за климатските промени“ ќе имаат право да зборуваат на настанот... Читать дальше...
Четири патролни бродови на кралската морнарица ќе бидат подготвени од 1 јануари да ги штитат британските риболовни води, доколку преодниот период по Брегзит заврши без договор за идните односи со Европската унија, објави британското Министерство за одбрана, јавува Ројтерс. „Министерството за одбрана изврши обемно планирање и подготовка за да се обезбеди подготвеност за одбрана за голем број сценарија на крајот на преодниот рок“, изјави портпаролот на Министерството. Бродовите на морнарицата долги 80 метри ќе имаат надлежност да ги запираат... Читать дальше...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва продолжува да ги отфрла санкциите против Иран, со зголемување на трговијата со Техеран и дека Русија ќе продолжи да бара нови начини за спротивставување на казнените мерки. „Ние не само што одбиваме да ги признаеме одностраните санкции, туку го поддржуваме Иран со конкретни мерки“, изјави Лавров за иранската државна телевизија во интервју на 12 декември. „Можеби правиме повеќе од било кој друг. Според бројките ова изнесува милијарди долари“, рече Лавров. Читать дальше...
Вкупно 480 луѓе сомнителни и потврдени за Ковид-19 моментално се лекуваат на клиниките во главниот град Скопје, од кои 37 се примени во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од институцијата наведуваат дека голем дел од болните се на кислородна поддршка. „Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка“, се вели во соопштението на Министерството за здравство. Исто така е наведено дека и покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден... Читать дальше...
Србија е една од земјите кои први ќе добијат вакцини против коронавирусот, изјави премиерката Ана Брнабиќ. „Ние таа вакцина ќе ја имаме во декември оваа година“, изјави српската премиерка откако направи обиколка на Моравскиот коридор каде се извршуваат градежни работи. Таа наведе дека погрешно е пренесена нејзина изјава дадена за време на одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права. Брнабиќ вели дека тогаш рекла дека за време на разговори за набавка на вакцини во Србија од една компанија... Читать дальше...
Главната обвинителка на Меѓународниот кривичен суд изјави дека прелиминарната истрага покажала дека е можно да се сторени воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина, што наложува целосна истрага од судиите од судот со седиште во Хаг. По шестгодишна прелиминарна истрага, обвинителката Фату Бенсуда во изјава рече дека „во овој момент постои разумна основа да се верува дека е извршен широк спектар на однесување кое претставува воени злосторства и злосторства против човештвото“ за време на конфликтот во Украина. Читать дальше...
Иран го погуби новинарот и дисидент Рухолах Зам, чија работа преку интернет помогна да бидат инспирирани економски протести на национално ниво во 2017 година. Полу-официјалната новинска агенција ИСНА на 12 декември соопшти дека Револуционерното обвинителство на Техеран ја објавило егзекуцијата со бесење. Егзекуцијата доаѓа неколку дена откако судството во Иран објави дека Врховниот суд ја потврдил смртната казна против 47-годишниот новинар, предизвикувајќи меѓународна осуда. Зам во јуни беше... Читать дальше...
Изборите за градоначалник во Штип започнаа денеска, со гласање на болните и немоќни лица, осудените и лицата од геријатриските домови кои се жители на општината. Изборите во Штип и Пласница се одржуваат предвремено бидејќи претхониот градоначалник стана министер, а градоначалниот на Пласница пратеник. Во трката за нов градоначалник на Штип ќе учествуваат пет кандидати. Вчера правото на глас го искористија 12 лица кои се болни од Ковид-19 и лица кои се во самоизолација, со помош на медицински лица ангажирани од Општинскат изборна комисија.
Американскиот регулатор за лекови ја одобри вакцината за коронавирус Pfizer-BioNTech за итна употреба, отворајќи го патот за првите инјекции во рок од неколку дена во услови кога бројот на смртни случаи во САД се приближува до 300.000. Зеленото светло од Администрацијата за храна и лекови (ФДА) на 11 декември деше дадено само еден ден откако независен советодавен панел ја одобри вакцината со две дози за употреба кај лица на возраст од 16 до 85 години. Во видео изјава претседателот Доналд Трамп... Читать дальше...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во текот на денот со умерена облачност ќе има повремени сончеви периоди. Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, додека дневната од осум до 14 степени. Во Скопје наутро ќе има магла и ниска облачност, а во текот на денот повремени сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне 11 степени.
Интересот за вакцина за сезонски грип е голем, тоа најверојано се должи на целата актуелна состоја на пандемија, зошто сфативме што значи една инфектива болест за која до сега немаше вакцина, како ковидот, вели професор Александра Грозданова, претседателка на Националниот комитет за имунизација.