Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестот во Куманово ги повика граѓаните будно да следат во наредните денови што ќе се случува и какви преговори ќе донесе Владо Бучковски со источниот сосед. Тој вели дека ја предупредува македонска јавност дека новоименувањето на Бучковски за посредник во спорот со Бугарија, човек кој е осуден па политички ослободен, а ќе го решава историскиот спор со Бугарија и историскиот спор со соседна Бугарија претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио... Читать дальше...
Во последните 24 часа се регистрани 946 нови случаи на заразени со ковид-19 од вкупно 2564 направени тестирања. Најголемиот број на новозаразени се евидентирани во Скопје 426, потоа во Битола 61, Прилеп-56 и Тетово-46. Во изминатово деноноќие од последици од ковид 19 починале 33 пациенти од кои деветмина се од Скопје, а шест од Прилеп. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 789 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63890... Читать дальше...
Руските власти и ја одземаа дозволата за престој на американската државјанка и директорка на невладината организација за заштита на човекови права Венеса Коган. Портпаролката на невладината организација Ксенија Бабич изјави дека Коган која живее 11 години во Русија аплицираше за руски паасош, но денеска им пристигнало известување дека барањето е одбиено затоа што „ таа претставува закана за безбедноста на земјата“. На Коган, чиј сопруг и деца се руски државјани, и е наредено да ја напушти Русија во рок од две недели. Читать дальше...
Шефот на дипломатијата на Европска Унија, Жозеп Борел денеска изјави дека ЕУ нема да биде цела без Западен Балкан. Тој ги предупреди земјите од регионот дека ќе можат да напредуваат кон членство само ако се обединети во изнаоѓање на заеднички основи. Борел ова го посочи во видео-порака по повод дебата во Надворешнополитичкиот одбор на Европски парламент за ситуацијата во Западен Бакан по 25 години од Дејтонскиот договор. „По 25 години од потпишувањето на Дејтон, земјите од регионот одлучно се придвижуваат, секоја со својата брзина, кон ЕУ. Читать дальше...
Новите вакцини против Ковид-19 се многу добри. Сепак , мора да бидеме внимателни изјави денеска професорот на Факултетот за фармација при Универзитетот во Љубљана и член на тимот за развивање на вакцината за Ковид 19, Борут Штрукељ на денешниот Самит Македонија 2025. Тој во своето обраќање на вториот ден од деветтото издание на Самитот изјави дека новите вакцини се составени од РНК И ДНК молекули, значи само од генетски материјал, па затоа може да се каже дека на некој начин поради тоа се поефикасни и побезбедни. Читать дальше...
Сериозен проблем се создаде во нашиот регион, поради шовинистичкото откопување на македонското прашање од радикалните националисти од Бугарија, пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас на почетокот од неговата колумна за „Независната балканска новинска агенција”, пренесува МИА од Атина. Коѕијас вели дека „станува збор или за јасни радикални десничари како што е актуелниот министер за одбрана и за некои други бугарски политичари што сакаат да ги поддржат нивната предизборна битка и нивните лични стратегии”. Читать дальше...
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји предупреди дека се намалуваат шансите Северна Македонија и Албанија оваа година да започнат разговори за пристап со Европската унија (ЕУ), јави дописничката на Радио Слободна Европа од Брисел. „Се уште се надевам, но за жал е сè помалку сигурно дека оваа година можеме да донесеме рамки за преговори. Во таа смисла правиме заеднички напори со германското претседателство со Советот на ЕУ “, рече Вархеји. Тој зборуваше во комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ)... Читать дальше...
Новозеландската влада денеска прогласи вонредна климатска состојба во земјата. Декларацијата се темели на истражувањата на Меѓувладин панел за климатски промени за потребите за драстично намалување на глобалните емисии, за да се избегне затоплувањето од 1,5 степени Целзиусови. „Ова е научна декларација. Оваа декларација е потврда за идните генерации. Потврда за товарот кој ќе го носат ако веднаш нешто не преземеме“ изјави премиерката Џакинда Ардерн во Парламентот. Гутереш: Природата ни враќа... Читать дальше...
Владејачкиот СДСМ денеска ја обвини „опозицијата во Собранието, предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, дека се однесува неодговорно и несериозно во расправата за онлајн седниците на Парламентот поради пандемијата, односно за измените на собранискиот деловник. „ВМРО-ДПМНЕ и опозициските пратеници по секоја цена се обидуваат од Собранието да направат циркус, место за нивна забава. Никако поинаку не можат да се толкуваат бројните несериозни, безобразни и апсурдни амандмани поднесени на предлог измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Собранието“... Читать дальше...
На денешното рочиште за случајот „Рекет 2“, познат и како „Меѓународен сојуз“, судијката Софче Гаврилова-Ефремова, го отстрани од судница првообвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13, по неколку предупредувања дека го нарушува текот на судењето. Отстранувањето од судницата следеше откако Јовановски ѝ се обрати на судијката „дека ќе ја отстранат и затоа е сервилна“. Претходно, на денешното рочиште, исто така, заради попречување на презентација на доказите беше отстранет од судница и обвинетиот Миле Јовановски... Читать дальше...
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција изјави дека во овој момент, нема неопходна потреба за болничко згрижување на пациенти во стара „Систина“, бидејќи состојбата со заразата е стабилна и има места во државните болници во земјата. Директорот кажа дека се работи на формално-правна техникалија за потпишување на нацрт-договорот на Министерството за здравство и приватните клиники, дека нема да се чека 5 до 12 за да се состанат, и ако се јави итна потреба... Читать дальше...
Земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтерова скала се почувствува попладнево точно во 14.09 часот, објави светската мрежа за земјотреси, ЕМСЦ. Епицентарот, според ЕМСЦ, бил на македонско косовската граница, на 12 километри од Скопје и на 82 километри југоисточно од Приштина, на длабочина од 1 километар. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, пак, епицентарот на земјотресот бил на 8 километри источно од Скопје, на длабочина од 2 километри.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска предложи спомениците од „Скопје 2014“ да се дислоцираат во паркот во Ѓорче Петров, кој порано беше дива депонија, и таму да се направи Мементо парк. Според него, со тоа не би се повредиле чувствата на граѓаните кои сакаат да ги гледаат тие споменици. „Мораме да бидеме внимателни да не предизвикуваме нов револт во општеството. Македонското општество е сериозно поделено и треба да внимаваме со сите чекори и треба да имаме меѓусебна почит независно од тоа дали некому му се допаѓа или не му се допаѓа.
Предлогот недела да се прогласи за неработен ден следната недела се очекува да се најде на разгледување на владина седница, информираше денеска владиниот портпарол Мухамет Хоџа. „Министерството за труд и социјална политика е посветено да достави предлог до владата, но како што сте информирани овој оддел е во консултации со приватниот сектор, стопанските комори и другите министерства, очекуваме овие консултации да бидат завршени за брзо време и предлогот неделата да биде неработен ден ќе се најде... Читать дальше...
Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи утре и задутре, објави МИА, повикувајќи се информации од Комисијата. Според МИА, тема на разговор ќе биде и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, а средбата ќе се одржи онлајн поради состојбата со Ковид-19. На ден пред дводневната онлајн средбата на Заедничката македонско-бугарска... Читать дальше...
Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме, објави денеска министерот за здравство, Венко Филипче на неговите профили на социјалните мрежи и додава дека вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти. „Делот на прием, чувањето на вакцините, дистрибуцијата до местата каде ќе бидат аплицирани веќе планот е во завршна фаза, но во текот на... Читать дальше...
Познатиот хонгконшки продемократски активист Џошуа Вонг и уште двајца негови колеги се осудени на затворски казни поради минатогодишните антивладини протести. 24-годишниот Вонг е осуден на 13,5 месеци затвор, а неговите колеги Агнес Чоу и Иван Лам на 10 и седум месеци затвор. Вонг стана активист на 13-годишна возраст и веќе е затворан, а бројни весници како „Тајм“ го прогласија за еден од највлијателните луѓе во светот. „Следните денови ќе бидат тешки, но ние ќе издржиме“, извикал Вонг додека го изнесувале од судницата. Читать дальше...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и вчера учествуваше на министерскиот состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО, кој поради рестриктивните мерки наметнати од пандемијата се одржа преку видео врска., информираше денеска македонското Министерство за надворешни работи (МНР). „Ние остануваме посветени на темите од клучно значење за Алијансата и како најнова членка ќе продолжиме да промовираме атмосфера и политика на регионална стабилност како клучен двигател за безбедноста и просперитетот на сите земји од Западен Балкан“... Читать дальше...
Британија стана првата земја во светот што ја одобри употребата на вакцината произведена од германската фармацевтска компанија „БиоНТек“ и нејзиниот партнер од САД „Фајзер“. Првичните оценки се дека ова претставува херојски потег и историски момент.
Министерството за здравство денеска информираше дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 452 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 13 приеми и тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на Клиниката... Читать дальше...
Копретседателите на македонско-бугарска комисија за историски прашања Ангел Димитров и Драги Ѓоргиев со сосема различни позиции по интервјуто на премиерот Зоран Заев. Утре и задутре комисијата треба да ја одржи 11-та средба.
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, му порача на светот дека нашата планета е скршена и предупреди дека „човештвото води самоубиствена војна со природата“. „Природата секогаш возвраќа и тоа го прави со голема сила и гнев“, изјави Гутереш во интервјуто за Би-Би-Си. Ковид-19 го намали загадувањето, ама недоволно Тој вели дека сака борбата против климатските промени да ја стави во основата на глобалната мисија на Светската организација. Во својот говор за ситуацијата со животната средина на Земјата... Читать дальше...
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во Скопје и уште во 15 други градови во државата против, како што велат, „распродажбата на државните и националните интереси“. Опозицијата вече една недела протестира, а почна по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС, во кое Заев рече дека „Бугарија не е фашизам и дека имаме заедничка историја“. „Денес е денот кога сите граѓани на Република Македонија ќе продолжат заедно во битка за одбрана на честа и достоинството на македонската држава. Читать дальше...
Од изгласувањето на новата влада поминаа речиси 100 дена. Земјата во меѓувреме има за 10 пати повеќе активни случаи на ковид-19 и 1192 повеќе починати. На надворешен план, пак, Бугарија го блокира стартот на преговорите со ЕУ, а власта се соочува и со протести.
Најголем процент на починати во однос на заболени од ковид-19 има во Крушево. Скопје иако има најголем број на починати се наоѓа најдолу на листата. Лекарската комора се уште не формирала комисии кои ќе извршат стручен надзор на 9 смртни случаи по барање на Министерството за здравство.