Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1387 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу во Скопје-132. Починати се 18 лица, најмалдиот има 34 години и е Скопје. Од Скопје има уште шест починати лица (72, 73, 83, 51, 56, 58г), еден починат е од Куманово (60г), двајца од Струга (70 и 82г), двајца од Битола (48 и 78г), четири пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78г), еден од Кочани (55г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови. Читать дальше...
Неколку европски земји поставија нови ограничувања за патување од и кон Велика Британија поради брзото ширење на новиот вид на коронавирус во југоисточните области на земјата, вклучително и Лондон. Белгија соопшти дека ќе ги затвори своите граници за возови и авиони кои доаѓаат од Велика Британија, а Италија објави дека ќе ги прекине авионските летови. Тие се приклучија на Холандија, која претходно денеска објави дека ќе бидат забранети сите патнички летови од Велика Британија. Премиерот Борис... Читать дальше...
Собранието денеска по пет дена расправа треба да гласа по Дополнетиот предлог буџет за 2021 година. Власта и опозицијата во текот на досегашната расправа, искажаа спротивставени ставови за Предлог-буџетот за следната година. Ставот на опозицијата, е дека предложениот Буџет е мегаломански и нереален и нема да се обезбеди финансиска консолидација, туку ќе се зголеми јавниот долг кој би достигнал 67 проценти. За власта, пак, буџетот обезбедува одржливост, рационално трошење и е продолжение на одговорните политики... Читать дальше...
СДСМ излезе со соопштение во кое објави дека ќе го повлечеме предлог законот за надворешни работи од процедура, наведувајќи дека партијата нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да прави театар од Собранието. "За време на мандатот ВМРО-ДПМНЕ испраќале амбасадори кои имале двојни државјанства што е спротивно на закон. Го правеле тоа со безобзирно прекршување на Законот за надворешни работи. Целта требаше да биде да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но да не можат да бидат... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев кој денеска беше во обиколката на Преспанското езеро, со цел да се прецизира спроведување на акцискиот план предложен од експертите за управување на езерото, кажа дека Владата обезбеди првични 80 милиони денари (1,3 милиони евра) за ревитализација на Преспанското Езеро. Тој рече дека препораките од акцискиот план ќе се организираат во три фази. Првата фаза, опфаќа анализи, студии, препораки и средби на засегнатите страни, и во голем дел е веќе спроведена. За следните две... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев, кој денеска беше во работна посета на преспанското село Љубојно, кажа дека се обезбедени 30 милиони денари за старото училиште „Димитар Влахов“ кое ќе стане Центарот за промоција на македонскиот јазик. Говорејќи пред старото училиште во селото Љубојно, премиерот Заев рече дека тоа е еден од најважните објекти од почетокот на XX век во Преспа, поради неговите културни и општествени вредности. "Тоа претставува лулката, односно второто училиште во Македонија, во кое по завршувањето на Втората светска војна... Читать дальше...
Строгите ограничувања против коронавирусот во Велика Британија може да потрајат некое време, сугерираше денеска министерот за здравство Мет Ханкок, додавајќи дека нема потреба од планови за ублажување на ограничувањата за Божиќ. Владата се соочи со критики поради наметнувањата на ограничувањата на повеќе од 16 милиони луѓе само неколку дена пред Божиќ, но Мет Ханкок рече дека одлуката во саботата била донесена брзо, откако новите докази покажале дека новиот вид на коронавирус е одговорен за спирално зголемување на новозаразени лица. Читать дальше...
Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, ги претстави својот тим за животна средина и енергија, изјавувајќи дека членовите на ова тело ќе бидат дел од „амбициозен план на администрацијата за решавање на климатските промени". Говорејќи на настан во Вилмингтон, Делавер, Бајден рече дека климатските промени и еколошките прашања ќе имаат централно место во неговата администрација. „Луѓе, ние сме во криза“, рече Бајден споредувајќи ги заканите од загадувањето со пандемијата од коронавирусот ... Читать дальше...
Полицијата синоќа привела четири лица кои биле затекнати во угостителски објект во скопски Аеродром, кој претходно бил затворен со пломба. Лицата биле приведени за непочитување на мерките за заштита од коронавирус и поради сомнение за „симнување или оштетување државен печат или знак“. Од утре во сила рестриктивните ковид-мерки, угостителитe бараат помош Како што информира МВР полициски службеници од Скопје, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контроли во 229 угостителски... Читать дальше...
Во изминатото деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 31 пациент поради компликации од коронавирусот, додека 479 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Според извештајот на Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми, додека дома се пуштени 14 оздравени пациенти. Голем дел од 479 те потврдени и сомнителни за КОВИД- 19, кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град... Читать дальше...
Избирачките места се отворени од изутрината во Мостар, каде по 12 години се одржуваат избори за 35 одборници на Градскиот совет, меѓу 370 кандидати. Избирачките места беа отворени во 7.00 часот а гласањето, кое ќе трае до 19 часот, се одржува во согласност со сите епидемиолошки мерки. Агенциите јавија дека многу граѓани од Мостар пристигнале на гласачките места пред 7.00 часот за да бидат меѓу првите кои ќе гласаат за кандидатите што ги сметаат за најдобри за нови претставници на власта во градот. Читать дальше...
Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Македонија во Европската Унија нема да придонесе за несигурност и за нестабилност на Унијата, изјави во Варна вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов. „Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија во Европската Унија нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на Унијата. Нашата позиција е правилна и синхронизирана со европските и со националните интереси“, изјави Каракачанов. Заев: Не знаеме... Читать дальше...
Американската агенција АП известува дека граѓаните од балканските држави кои се враќаат од Западна Европа вчера создале огромен сообраќаен метеж на граничните премини и покрај ограничувањата за патување поради коронавирусот. Долги колони на автомобили има на границите меѓу Словенија и Хрватска, како и Унгарија и Србија, а илјадници луѓе чекаат со часови да поминат, наведува АП. Многу луѓе од Турција, Србија, Македонија, Косово и Босна кои работат и живеат во Западна Европа, за време на празниците традиционално се враќаат дома со автомобил.
Министерството за внатрешни работи на Авганистан соопшти дека во експлозија на автомобил-бомба загинаа најмалку осум лица во главниот град Кабул. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Аријан, рече дека во експлозијата која се случи изутрината ранети се 15 лица, вклучително и член на парламентот, Кан Мохамад Вардак. Експлозијата се случила додека конвојот на пратеникот минувал преку раскрсница во населбата Кушал Кан. Во експлозијата уништени се цивилни возила, а има и оштетување на зградите и продавниците во близина. Читать дальше...
Ова време на исчекување компромис и отворање на преговорите, треба да се искористи за да се одржи европската перспектива и да се избегне демотивираноста и тоа низ билатерална соработка со сите држави членки, вели хрватската амбасадорка Нивес Тигањ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Политиката на проширување веќе не е желба, туку едноставно е потреба сите земји од овие простори да соработуваат, мора да имаат заеднички одговор и заеднички механизам за соработка, вели хрватската амбасадорка во Македонија Нивес Тигањ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Новиот вид на коронавирус што е идентификуван во Британија и кој е побрзо попренослив даде знак за аларм во таа држава, па премиерот Борис Џонсон вчера објави засилени ограничувања во Лондон и во други делови на Англија каде живеат над 16 милиони луѓе. Мутацијата за првпат е откриена во средината на септември на југоистокот на Англија и стана доминантна форма на вирусот во Лондон, на југоистокот и источно од Англија. Џонсон и британски научници рекоа дека новиот вид на коронавирус е до 70 проценти попренослив. Читать дальше...
Времето денеска ќе биде претежно облачно и тивко, по одделни котлини со појава на магла. Кон крајот на денот во јужните делови ќе има услови за слаб дожд. Минималната температура ќе се движи од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје ќе биде облачно со појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени. Продолжува периодот на стабилно и суво време, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во понеделник... Читать дальше...