Најавената вакцинација против коронавирус по нова година предизвикува реакции во јавноста. Едни едвај чекаат животот да почне да се враќа од нормала, но се засилува и антивакцерското движење. Реакции предизвикуваат и бугарските условувања за јазикот и нацијата.
Во пресрет на новогодишните празници, а во обид да се спречи ширењето на коронавирусот Комисијата за заразни болести предлага нови мерки, меѓу кои, и забрана за работа на угостителските објекти по 18 часот. Угостителите се незадоволни од оваа препорака и бараат да работат до еден часот по полноќ.
Вакцините за ковид-19 изгледа како уште повеќе да го дели веќе поделеното општество во Босна и Херцеговина. Властите во српскиот дел на Босна и Херцеговина се наклонети кон руската вакцина, додека остатокот од земјата со нетрпение чека вакцина со меѓународно одобрување.
„Еуродрам 2020: избор нови македонски драми“ е насловена антологијата во која се публикувани дела на шест домашни автори и која како издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп се појави неодамна.
Освен со економските пакети за директна помош за компаниите, државата може да помогне и на друг начин со создавање добра клима за бизнис со што ќе му овозможи на стопанството полесно да се справи со последиците од ковид.
Сашко Николов од СДСМ има голема предност според досега објавените податоци од предвремените избори за градоначалник на општина Штип. Алија Јаоски од ДУИ победи на изборите во општина Пласница, според податоците на Државната изборна комисија.