Во изминатово деноноќие во земјава се регисттрирани нови 536 случаи на заболени од коронавирусот од вкупно 1662 направени тестови. Бројот на починати од компликации од ковид-19 во изминативе 24 часа изнесува 15 од кои 6 се од Скопје. Најмладиот починат имал 64 годиини додека најстариот имал 84 годиини. Од министерството за здравство соопштија дека бројот на оздравени во изминативе 24 изнесува 741. Најголем број од новозаразените со ковид 19 се евидентирани во Скопје - 213, зад кое следи Прилеп со 37... Читать дальше...
Европскиот комесар за кризни ситуациии Јанез Ленарчиќ денеска во Петриња изјави дека дошол во Хрватска за да изрази солидарност и поддршката на ЕУ. Тој изрази сочуство на семејствата кои ги изгубија најблиските во земјтресот кој го погоди регионот. „Не сте сами. Со вас не е само Хрватска, туку цела ЕУ“ изјави Ленарчиќ во текот на неговата посета на Петриња. Тој нагласи дека преку механизмот на ЕУ за помалку од 24 часа од 14 земји членки на унијата и Турција понудиле конкретна помош. „ Тоа е доказ за солидарноста на ЕУ која е активна... Читать дальше...
Бројот на работници во индустријата во ноември е намален за 4,2 проценти во споредба на истиот месец лани, а за 4,7 проценти во периодот јануари-ноември во однос на истиот период лани. Најголем пад има во секторот- преработувачка индустрија за 4,5 проценти, по што следува рударство и вадење на камен со 1,8 проценти намалување и снабдување со електрична енергија, гас и климатизација каде штп процентот на намален број на работници изнесува 1,6 проценти.
Новата 2021 година први ја дочеаат жителите на островите Самоа и Кирибати без огномет и затворени за туристи. Веднаш по нив беа жителите на Нов Зеланд, со традиционален огномет. Нов Зеланд слави на вообичаениот начин, бидејќи земјата се справи со коронавирусот, па луѓето се поопшуштени и имаат дозвола од властите да се групираат. Новата 2021 година пристигна и во поголемиот дел на Австралија, а најголемиот дел од граѓаните ја дочекаа во своите домови, пиејќи коктели, гледајќи телевизија или играјќи видео игри, наведува Сиднеј морнинг Хералд.
Рускиот претседател Владимир Путин ја опиша 2020 година како година која носи „товар од неколку години“. Во неговото обраќање само неколку минути пред да стартува 2021 година на далечниот исток на Рсија, изјави дека луѓето ширум светот со нетрпение очекуваат промени на подобро следната година. „И покрај пандемијата, 2020 беше година на надеж за надминување на тешкотии и гордост за оние кои покажаа најдобри човечки и професионални квалитети“ изјави Путин. Русија денеска забележа над 27 илјади на... Читать дальше...
Лидерите на најголемите политички партии во земјава испратија новогодишни честитки до граѓаните. Премиерот Зоран Заев во неговото видео обраќање посоочи дека ја испраќаме годинава која поради пандемијата ни го смени начинот наживот. „Ќе ја паметиме како година на најголемата светска криза во новиот век. Старата поговорка вели „на мака се познаваат јунаците“ – така и оваа мака ни покажа многу јунаци на првата борбена линија, ама ни покажа и солидарност, човечност и нѐ потсети колку е важно да помагаме... Читать дальше...
Во скопските ковид центри во изминатите 24 часа се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 331 лице сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти. „Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 134 слободни места, а се очекува во тек на денот... Читать дальше...
Годинава е намален бројот на склучени бракови покажуваат податоците од Управата за водење на матични книги. Годинава 7 илјади парови склучиле брак, што е за 4500 помалку од претходната година. Причините за тоа е пандемијата која трае веќе десет месеци и со себе донесе забрани за масовни собири, веселби и дружења. Беа откажани претходно закажаните свадби и венчавки, а мал е бројот на оние кои се решија да склучат брак само пред матичар. За склучување брак во време на пандемијата се воведоа и протоколи. Читать дальше...
Пакистанските власти соопштија дека најмалку 30 луѓе се приведени откако толпа од стотици демонстранти нападала и запалила неколку вековно старо хунду светилиште. Локалната полиција соопшти дека во текот на денешниот ден се спроведени рации за апсење по вчерашниот напад кој се случи во областа Карак во северозападниот дел на провинцијата. Меѓу приведените е и лидерот на исмалистичката партија Рахмат Салам Хатак. Инцидентот предизвика осуда од хинду заедница во земјата со муслиманско мнозинство,... Читать дальше...
Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска граѓаните упати честитка по повод новогодишните празници. Тој во неа посочи дека 2020 година беше една од најтешките години од македонската независност. „Ја поминавме во постојана тензија помеѓу стравот и надежта. Стравувавме за нашето здравје и животи. Бевме загрижени и за економијата, за работните места, многу лични и професионални планови беа одложени. Но, најтрагично од се, многу човечки животи беа изгубени. Пандемијата покажа колку сме ранливи како луѓе. Читать дальше...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал денеска покрена обвинение против 8 лица за недозволено археолошко истражување во земјава. По повеќемесечна истражна постапка за дела сторени во 2017 и 2018 година обвинителството подигна обвинителен акт за незаконско ископување на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на државата, пронајдените добра неовластено ги присвојувале и прикривале, а потоа ги продавале на купувачи во земјава и во странство.... Читать дальше...
Министерот за здравство Венко Филипче апелира до граѓаните празниците да ги поминат во кругот на најблиските, без групирање и со почитување на мерките. Тој во својот предновогодишен пост на Фејсбук им се заблагодари на медицинските работници посочувајќи ги како херои во здравствената криза. „Оваа 2020 беше тешка година за сите нас, но вие, нашите херои – здравствени работници заслужувате посебно внимание и почит. Десет месеци борба за спас на сечиј човечки живот. Десет месеци без одмор, во континуиран... Читать дальше...
Жителите на Петриња и околните места кои беа тешко погодени од силниот земјотрес веќе втора ноќ ја поминаат под отворено небо и во автомобили. Првите 20 мобилни куќи наменети за семејствата погодени од земјотресот во округот Сисак-Мославина, претежно од Истра, пристигнаа утрово во Глина. Тие се донација од неколку хрватски хотели и компании, а во следните неколку дена треба да пристигнат вкупно над 84 подвижни домови за повеќе од 500 луѓе. „Испорачаните подвижни домови ќе бидат подготвени за вселување денеска... Читать дальше...
Владата во Приштина денеска ќе потпише нов договор со администрацијата на САД, кој предвидува во следните години да бидат вложени стотици милиони долари во инвестиции на Косово. Ова го најави денеска косовскиот премиер Авдулах Хоти и посочи дека новиот договор произлегува од Вашингтонскиот договор, истакнувајќи дека со тоа американскиот финансиски пазар се отвора за косовските компании. Хоти оцени дека Вашингтонскиот договор, потпишан на 4 септември, е историски важен за Косово.
При експлозија на бомба загина возачот на автомобил од Канцеларијата на авганистанскиот претседател, а ранет е висок функционер кој бил во автомобилот, соопштија авганистанските надлежни. Во тешка клиничка состојба се наоѓа е Јавид Вали кој работи како заменик директор секторот за советодавни работи во Канцеларијата на претседателот. Полицијата соопшти бомбата била поставена во внатрешноста на автомобилот. Полицијата првично изјави дека три лица се ранети при експлозијата. Ниту една група не ја... Читать дальше...
Најмалку десетина луѓе се повредени, а 11 се водат како исчезнати откако голем одрон на земјиште настана во станбена населба во јужниот дел на Норвешка во текот на вчерашниот ден. Спасувачките екипи веќе 24 часа трагаат по исчезнати деца и возразни во погодениот град Акс кој се наоѓа на 30 километри северно од главниот град Осло. Властите од оваа област евакуираа околу 900 жители. „Сосема сме сигурни дека има луѓе во погодената област но не сме сигурни дали сите 11 се таму или пак станува збор за помалку луѓе. Читать дальше...
САД најави санкции за двајца владини функционери од Венецуела кои се директно инволвирани во донесувањето пресуда за шестмина поранешни директори на компанија со нафта, повразана со САД. Вашингтон тврди дека пресудата била политичка како и обвинението за предметот. Со овој американски потег се замрзнуваат сите средства и трансакции на венецуелската судијка Лорена Каролина Корнеил Руис и обвинителот Рамон Антонио Торес Еспиноза откако шестмината обвинети добија затворски казни од 8 до 14 години. Читать дальше...
Уредниците на Радио Слободна Европа испратија протестно писмо до шефот на агенцијата за надзор на медиумската куќа, обвинувајќи го за „невидено отстапување“ од нејзината непристрасна позиција и „уништување на независноста на новинарската организацијата што ви е доверена да ја заштитите“
Три четвртини од населението во Англија од денеска е во карантин, бидејќи британската влада ги прошири областите што се предмет на строги ограничувања поради епидемијата на коронавирусот и појавата на нов вид вирус. Нови 53.135 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Британија во вторникот, а повеќето, според британското Министерство за здравство, биле заразени со новиот вид на вирус. Британија ја одобри употребата на вакцината на Оксфорд и АстраЗенека Министерството донесе одлука од денеска... Читать дальше...
Она што на крајот од 2019 доаѓаше како вест од неколку редови од далечната Кина се покажа како појава што ќе ја одбележи целата година. Многу големи настани, средби и активности беа ограничени на онлајн сесии или одложени за подобри времиња.
Во Турција денеска стапува на сила општ четиридневен полициски час во борбата против епидемијата на коронавирусот. Полицискиот час ќе трае од денеска во 21 часот до 5 часот наутро на 4 јануари. Претходно, Анкара воведе целосно заклучување во текот на викендите и полициски час во текот на работните денови за спречување на инфекциите. Турција ќе ги добие кинеските вакцини пред четврток Бројот на починатите во Турција од коронавирус се зголеми за 254 во последните 24 часа, покажаа податоците на Министерството за здравство во средата... Читать дальше...
Два американски бомбардерa од типот Б-52 прелетале над Персискиот залив во третата ваква претстава на сила во последните неколку месеци, веројатно со цел да го одвратат Иран од напади на американски или сојузнички цели во регионот. Американските бомбардери извршиле кружна, 30-часовна мисија од базата Минот, во Северна Дакота, до Блискиот исток. „Соединетите држави продолжуваат да распоредуваат сили за борба во областа на одговорност на Централната команда на САД за да спречат каков било потенцијален... Читать дальше...
Двата дома на британскиот парламент го одобрија трговскиот договор кој сега треба да биде одобрен од кралицата Елизабета Втора за да стапи на сила денеска во 23 часот по локално време. Претходно, британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон го потпиша трговски договор склучен со Европската унија за трговските односи меѓу двете страни од први јануари. Џонсон изјави дека документот претставува „почеток на прекрасна врска меѓу Британија и нејзините пријатели и партнери во ЕУ“. Владите на ЕУ го одобрија трговскиот договор со Британија Пред него... Читать дальше...
Ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои на места, особено во источните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, така што за време на Новогодишната ноќ во најголем дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни подрачја каде се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините за слаб снег. Дневната температура ќе биде од 3 до 15 степени. Читать дальше...