Во изминатово деноноќие се регистрирани 881 нови случаи на заразени со коронавиросот од 2902 направени тестови. Најмногу нови случаи на заболени се евидентирани во Скопје-425, потоа во Прилеп - 55 и Куманово-40. Починати се 22 лица од кои седум пациенти од Скопје. Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 74732, бројката на оздравени пациенти е 50852, на починати е 2169... Читать дальше...
Украинските пратеници денеска го одобрија предлог законот за продолжување на посебниот статус на локалното самоуправување во областите на Источна Украина до 31 декември 2021 година. Овој закон беше одобрен во Собранието од 304 пратеници, додека против гласаа пратениците на политичките партии „Глас“ и „Татковина“. Собранието прв пат го усвои овој закон во 2014 година, три години откако Русија поттикна бунт во источните региони Доњецк и Луганск, каде што беа убиени над 13 илјади луѓе за време на конфликтот. Читать дальше...
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 805 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Вкупната бројка пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1302 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид – центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Читать дальше...
Српската влада донела одлука со која од недела ( 20 декември ) сите кои ќе влезат во земјата мора да поседуваат негативен ПСР тест за ковид-19 кој нема да биде постар од 48 часа. Во владиното соопштение е наведено дека новите мерки за влез во државата се однесуваат на домашните и странските државјани кои ќе влезат на српска територија. Причината за таквата одлука е во традиционално големата фрекфенција на сите гранични премини за време на празниците, се вели во владиното соопштение. Во него се... Читать дальше...
Белоруската полиција го повика на распит претседателот на белоруското новинарско здружение Андреј Бастунец во врска со истрага за активности „насочени кон предизвикување штета на националната безбедност“. Во соопштението од новинарското здружение е наведено дека на Бастунец му било наредено да се појави на распит на 16 декември во централната канцеларија на Истажниот комитет на Минск. Овој потег следува откако Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк објави извештај во кој Белорусија... Читать дальше...
Унгарскиот паралмент денеска усвои закон со кој се забранува посвојувања деца на истополови парови, како дел од пакетот нови мерки кои што од активистите за човекови права и заштита на правата на ЛГБТ заедницата се опишани како „хомофобични и трансфобични“. Одлуката во Собранието каде што двотретинско мнозинство има партијата на премиерот Виктор Орбан, е изгласана со 134 гласа „за “ и 45 гласа „против“. Според новиот закон само брачните парови може да посвојат деца, додека луѓето кои не се во... Читать дальше...
Опозицијата ги критикува новите мерки на Владата за спречување на ширење на коронавирусот. За ВМРО-ДПМНЕ овие мерки – немерки, како што ги нарекува, и цела зграда за хирургија во кампусот „Мајка Тереза“, ќе ја претворат во ковид центар. Оттаму велат дека е грешка потегот со кој како што велат се претвори целокупното здравство во ковид- здравство лечејќи само една дијагноза. „Требаше да згрижат останатите пациенти, останатите заболувања, и останатите дијагнози. Наместо мерки за бенефит за граѓаните... Читать дальше...
Наставниците да бидат меѓу приоритетните во вакцинирањето против ковид-19, препорачува УНИЦЕФ. Според нив пандемијата на Ковид-19 му нанесе огромна штета на детското образование во целиот свет. Вакцинацијата на наставниците е критичен чекор за полесно да се врати во колосек. На овој начин наставниците полесно ќе се заштитат од вирусот, ќе можат да предаваат во живо, а училиштата ќе останат отворени, вели извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор. „Во најлошите денови, на крајот на април во... Читать дальше...
Државата нема да се спогоди со обвинетите во предметите на поранешното СЈО кои поднесоа тужба против Македонија во судот за човекови права Стразбур. Ова на прес конференција го соопшти министерот за правда Бојан Маричиќ. Тој истакна дека Владата на денешната седница ја разгледала информацијата за спогодбено решавање и донела одлука дека нема да ја искористи можноста за спогодба. Деветте тужителите кои се обвинети за предмети кои произлегоа од незаконското масовното прислушување во судот во Стразбур... Читать дальше...
Ќе се вакцинирам со вакцините кои ќе ги набави државата преку Ковакс системот за да дадам личен пример во напорите за сузбивање на ковид 19, изјави денеска премиерот Зоран Заев на заедничка прес конференција со Министерот за здравство Венко Филипче, на која соопштија дека владата ги прифатила препораките на Комисијата за заразни болести за нови рестриктивни мерки за време на новогодишните и божиќните празници. „Нашата држава го следи секој чекор на развој од сите клинички испитувања за вакцините. Читать дальше...
Владата ги усвои препораките на Комисијата за заштита од заразни болести. Стапуваат во сила од 18 декември, а ќе траат сѐ до 20 јануари следната година, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција. „Мерките се однесуваат на ограничување на работното време на угостителските објекти, забрани за организирање предновогодишни и Новогодишни прослави на отворен и затворен простор, а имаме јасни препораки до верските заедници, до работните организации и општините, препораки за работата на рестораните во хотелските објекти“... Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа имаа средба со претставниците на овластените компании за откуп на тутунот на којa е постигната заедничка согласност за поголема флексибилност при откупот на годинешната реколта кој, согласно законот, започнува денеска со отворање на сите откупни места во државата, соопшти денеска владината прес-служба. На состанокот било договорено дека компаниите откупувачи ќе покажат конструктивен и флексибилен пристап во однос на категоризацијата на тутунот... Читать дальше...
Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска информираше дека со новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор ќе се воведе нов систем на раководна отчетност во финансиското управување и контрола на институциите од јавниот сектор. Бесими ова го најаваи на денешната јавна дискусија за овој нов нацрт-закон, и, како што најавија од Министерството за финансии, воо наредниот период, Министерството ќе работи заедно со институциите во изготвување интерни акти за клучните... Читать дальше...
План во неколку чекори за уривање на власта најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Протестите деновиве се во мирување, а се најавуваат собраниски интерпеалции. Според Александар Кржаловски од МЦМС стратегијата на опозицијата не е јасна.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара итно од Управата за јавни приходи (УЈП) блокираните средства да ги прераспределат на сметките на оштетените работници за плата, за да можат работниците да го надминат тешкиот период за нив и нивните семејства. „Иако со поддршката за исплата на плати, која на барање на ССМ продолжи да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември и со која директно се зачуваваат работните места, со што до сега на 12.598... Читать дальше...
Иако мерките против ковид-19 даваат резултати, ситуацијата се уште е критична, се уште има голема бројка на пациенти и не смееме да дозволиме никакво опуштање, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Затоа и Комисијата за заразни болести предложи дополнителна рестрикција во работното време на угостителските објекти. За мерките владата одлучува на денешната седница. Министерот смета дека дополнителните рестрикции се сосема доволни. Се предлага угостителските објекти да работат до 18... Читать дальше...
Наместо по околу 1000 денари, еден тест чинел по 3500 денари
Муслиманскиот и хрватскиот претставник во трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина денеска одбија да се сретнат со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој е во официјална посета на Сараево. Тие ја одбија средбата со рускиот министер, по неговите коментари на Дејтонскиот мировен договор, со кој се стави крај на војната во БиХ. Сефик Заферовиќ и Жељко Комшиќ на зедничка прес-конференција известија дека ја одбиваат средбата со Лавров. Тие наведуваат дека забелешките на... Читать дальше...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија полицијата казнила 561 човек за прекршување на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи(МВР). Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид 19. За 24 часа во скопските ковид центри примени 43 нови пациенти Како дел од мерките против ковид-19, носењето маска е задолжително и на отворено и во затворен јавен простор.
Во неколку региони во Словенија се укинуваат дел од рестриктивните мерки против ковид-19, одлучи словенечката Влада. Дел од мерките се укинуваат од денеска до 23 декември. Во Словенија од денеска повторно ќе функцинира јавниот превоз, а се отвораат и фризерниците, цвеќарниците, автопералниците и сервисите за хемиско чистење. Дополнително укинување на мерките словенечката Влада одобри во само четири регион со најповолна епидемиолошка слика и тоа во Централна Словенија, Горишка, Крајбрежно-Кришкиот регион и Горењска. Читать дальше...
Изборниот колеџ на САД формално ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори. Џо Бајден во обраќањето до нацијата ги повика Американците да ја „свртат страницата“ на времето на Трамп.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. На инфективните оддели во главниот град сега се лекуваат вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19, соопшти претпладнево Министерството за здравство (МЗ). Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четири пациенти на Институтот за ТБЦ... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му честиташе на Џо Бајден за победата во Изборниот колеџ, со кој формално беше избран за нов претседател на САД. „Од моја страна, подготвен сум за соработка и контакти со вас“, напиша Путин во пораката до Бајден, соопшти Кремљ. Путин му посака успех на Бајден и изрази уверување дека Русија и САД можат, и покрај несогласувањата, да решат многу проблеми и предизвици во светот, се вели во соопштението. Изборниот колеџ ја потврди победата на Бајден Електорите... Читать дальше...
Вработените во градинките тврдат дека во состојба на пандемија нема услови за 8 часовен работен ден , како што тоа од нив го бараат инспекциските служби на Министерството за труд и социјална политика. Поради страв од казни, директорите бараат од вработените да седат 8 часа во градинката.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе биде гостин на Европската комисија во Брисел. Тоа е за прв пат шефот на Алијансата да учествува во работата на Комисијата. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во минатата недела телефонски разговарала со Столтенберг во рамките на подготовките за, како што напиша на Твитер, првата посета на генералниот секретар на НАТО на состанок на колеџот на Европската комисија. НАТО: во Студената војна закана беше само Русија, сега... Читать дальше...