Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе биде гостин на Европската комисија во Брисел. Тоа е за прв пат шефот на Алијансата да учествува во работата на Комисијата. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во минатата недела телефонски разговарала со Столтенберг во рамките на подготовките за, како што напиша на Твитер, првата посета на генералниот секретар на НАТО на состанок на колеџот на Европската комисија.
НАТО: во Студената војна закана беше само Русија, сега е и Кина
Состанокот на комесарите се одржува најмалку еднаш неделно, а дневниот ред го поставува претседателот на Комисијата. 27-те комесари обично се среќаваат во вторник или среда.