Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2366 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на Ковид-19. Од нив најмногу во Скопје-210, а потоа следуваат Велес-34, Кавадарци-32, Куманово-28, Охрид-24 , Гевгелија и Струмица по 17, Битола-15 и Штип и Прилеп по 14 новозаразени. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца од Струга, еден од Велес, двајца пациенти од Битола... Читать дальше...
Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“, соопшти Министерството за здравство. Од таму наведуваат дека денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Министерството информира дека продолжува со разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ, како и преку Ковкакс механизмот од каде, како што се наведува, се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Читать дальше...
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека албанската Влада постигнала начелен договорот со компанијата „Фајзер“ за обезбедување антиковид вакцина. Тој објави дека вакцинацијата на популацијата во Албанија почнува во јануари. „Во екстремно тешки услови, поради вртоглавата глобална побарувачка и се уште многу малото производство, по интензивни контакти од сите четири страни, начелно се согласивме со текстот на договорот со „Фајзер“ вакцинацијата да почне во јануари“, напиша Рама на Твитер. Во почетокот... Читать дальше...
Кандидат за нов косовски премиер од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ќе биде досегашниот премиер Авдулах Хоти, изјави денеска претседателот на партијата, Иса Мустафа. Мустафа изјави дека тоа е одлука на претседателството на партија и додаде дека во ЛДК вооошто не се разгледувал профил на друг кандидат, пренесува Коха. Изборите треба да се одржат во почетокот на следната година и дотогаш Хоти ќе остане премиер. Мустафа и посака среќа на изборите и на поранешната претседателка на партијата и актуелна в.д. претседателка на Косово... Читать дальше...
По консултации со експерти од областа на енергетиката и правото, претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, јавува МИА. Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, смета дека донесувањето на законот е во јавен интерес бидејќи државата ќе стане сопственик на целиот гасоводен систем и на тој начин ќе се отвори можност за диверзификација на изворите за снабдување со гас... Читать дальше...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје денеска на подрачје на Бит пазар на ул.192 заплениле 5382 парчиња пиротехнички средства, а во врска со случајот е приведен 25 годишниот О.Д. Од МВР информираа дека по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во смртоносната експлозија на аеродромот во пристаништниот јеменски град Аден која се случи денеска, веднаш по пристигнувањето на авионот во кој беа членовите од новата влада кои пристигнуваа од Саудиска Арабија, загинаа најмалку 13 луѓе, а десетици се повредени. Властите го нарекоа нападот „кукавички терористичи напад“ на шиитските бунтовници. Како што се јавува премиерот Абдулмалик Саед и членовите на кабинетот не се повредени. Експлозија на аеродром во Јемен додека слетувал авионот со министрите... Читать дальше...
Државата е солвентна и финансиска ликвидна и е подготвена и понатаму да развива мерки за граѓаните, изјави денеска премиерот Зоран Заев на собраниската седница, начиј дневен ред беа пратеничките прашања. Во одговорот на пратеничко прашање од опозицијата „дека има дупка во буџетот од околу една милијарда и 600 милиони евра“, Заев одговори дека наплатата на трите основни даноци е поголема и оти редовно се сервисираат сите обврски од Буџетот, кој е во добра кондиција. „Финансиската состојба во државата е стабилна“... Читать дальше...
Бројот на угостителски објекти кои не ги почитувале протоколите за работа во изминатата недела се зголемил за 50 проценти во однос на неделата пред тоа и затоа надлежните инспекциски служби најавуваат засилени контроли и неселективно постапување за новогодишните празници, информираа денеска надлежните инспектори. „На ден сме пред новогодишната ноќ и ја користам приликата да апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките, да празнуваме одговорно во кругот на семејството, да се воздржиме од големи прослави и да нема гурпирање. Читать дальше...
Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, со 11,5 милиони евра поддржани се 141 компанија, кои вработуваат околу 18.000 лица, соопшти денеска владината прес-служба. Во соопштението од Владата се наведува дека контирунирано докажувааат оти се посветени на партнерски однос и поддршка на домашната економија и во време на светска економска криза предизвикана од Ковид-19. Владата размислува за петти економски ковид-пакет Од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи... Читать дальше...
Што биле Бугарите за време на Втората светска војна - администратори или окупатори? и Каде се парите? беа дел од темите за кои пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се интересираа на правата седница за пратенички прашања. Премиерот одговори дека Бугарија не била администратор, туку окупатор.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, со што сега вкупно 391 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МЗ). Има можност ковид вакцините да стасаат пред март, вели Филипче „Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 115 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените... Читать дальше...
Советот на Град Скопје, на денешната вонредна седница, донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалните земјотреси во Петриња и во Загреб, во кои има човечки жртви и се повредени повеќе лица, iнформираше денеска Град Скопје. „Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, односно 2 милиона денари на градот Петриња и еден милион денари за градот Загреб, износ кој го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики“, соопшти Градот. Читать дальше...
Силна експлозија денеска го погоди главниот аеродром во градот Аден, во уништениот од војната Јемен, веднаш по пристигнувањето на членовите на новата влада од Саудиска Арабија, изјавија очевидци, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Експлозијата се случи кратко откако авионот во кој беа членови на владата слета на аеродромот во Аден“, изјавија очевидци за ДПА. Официјалните причини и исходот од експлозијата не беа веднаш познати. Сепак, Мохтар ал-Рахи, советник во јеменското Министерство за информации... Читать дальше...
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, регистрирани се 563 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Казната за непочитување на овие мерки изнсува 20 евра. Филипче: Без почитување на мерките може да има мини пик Има можност ковид вакцините да стасаат пред март, вели Филипче Министерот за здравство... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша законските прописи за кои набљудувачите на остварувањето на човекови права и опозициските политичари изјавија дека ќе ги поткопа демократските процеси. Законските прописи, кои денеска стапија во сила, вклучуваат серија измени и дополнувања на контроверзниот закон за „странски агенти“ за да се дозволи физички лица и јавни субјекти да бидат означени како странски агенти доколку се смета дека се занимаваат со политички активности “во интерес на странска држава “. Читать дальше...
Антикорупциската комисија (ДКСК, Државна комисија за спречување корупција) ќе покрене иницијатива пред Јавното обвинителство за поведување постапка за една политичка партија за „незаконско финансирање за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори“. Овој заклучок беше усвоен на денешното продолжение на 45 седница на Државната комисија за спречување корупција. „Постапувајќи по нашите надлежности ние во октомври доставивме барање до Државниот завод за ревизија и до Управата... Читать дальше...
Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека верува оти има можност одредена количина на вакцини против ковид-19 да пристигне во земјава и пред март и додаде дека нема цена што Владата нема да може да ја плати за вакцината. Според Филипче, освен со Бугарија, Грција и Полска, се преговара и со Австрија, паралелно со тоа течат и разговорите со производителите на вакцини, а вакцини се очекуваат и преку Ковакс системот. „Која вакцина ќе биде прва преку Ковакс, за жал не знае ниту една земја која партиципира во системот. Читать дальше...
Србија веќе почнала да вакцинира етнички Срби во неколку заедници во Северно Косово. Министерката за надворешни работи на Косово Мелиза Харадинај-Стубла оценува дека оваа „тајна интервенција ја загрозува државната безбедност на Косово“.
Хрватската влада денеска одлучи 2 јануари да биде ден на жалост поради жртвите во земјотресот што вчера ја погоди земјата. Премиерот Андреј Пленковиќ по седницата на Владата изјави дека за оваа одлука биле информирани и претседателот на државата и Парламентот. Седницата на хрватската Влада почна со едноминутно молчење, во знак на почит за жртвите од вчерашниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала и со епицентар во градот Петриња, на 46 километри од Загреб. Во земјотресот загинаа седум лица, а десетици се повредени. Читать дальше...
Речиси 9 милиони евра потрошиле македонските граѓани годинава за тестирање за ковид-19 во приватните клиники и лабаратории. Податоците од Институтот за јавно здравје покажува дека околу 180 илјади луѓе низ земјава одговорот дали се заболени со коронавирус го побарале приватно.
Многу од предвидувањата од почетокот на кризата не се остварија, но имаше еден дел особено кој беше точно предвиден, а тоа е есенскиот пик, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. „Значајно е намален факторот на преносливост и на пациентите кои треба да се хоспитализираат. На Инфективна има 30 слободни кревети и на Интерните клиники над 100 кревети“, рече Филипче при денешната посетата на Поликлиниката во Шуто Оризари. Млади медицинари со желба да помогнат во пандемијата- не добиваат работа Споед него... Читать дальше...
По првото полугодие од новата учебна година, тешко е да се каже колку е ефикасна онлајн наставата, бидејќи условите постојано се менуваат, оценуваат младински организации од земјава. Корона кризата влијае врз менталното здравје и е закана за човечкиот капитал на земјите, оценува Светската банка.
Во Русија е отворена истрага за „голема измама“ против противникот на Кремљ Алексеј Навални, кој закрепнува во Германија откако беше отруен со нервниот отровот новичок. Рускиот истражен комитет објави дека Навални е осомничен дека потрошил 356 милиони руби, околу 3,9 милиони евра, за лична употреба од донација собрана од повеќе организации, како здруженија кои се борат против корупцијата и ги штитат човековите права. Комитетот наведува дека Навални ги искористил парите за „стекнување лични и материјални добра... Читать дальше...
Некои од поважните настани во светот кои ја одбележаа 2020-та година, низ видео инсерти.