Многу од предвидувањата од почетокот на кризата не се остварија, но имаше еден дел особено кој беше точно предвиден, а тоа е есенскиот пик, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Значајно е намален факторот на преносливост и на пациентите кои треба да се хоспитализираат. На Инфективна има 30 слободни кревети и на Интерните клиники над 100 кревети“, рече Филипче при денешната посетата на Поликлиниката во Шуто Оризари.
Млади медицинари со желба да помогнат во пандемијата- не добиваат работа
Споед него, постоечките мерки даваат резултати, но ако за претстојните празници не се почитуваат мерките можно е де има и мини пик. Филипче рече дека празниците ќе ги помине во кругот на семејството и додаде дека сака да биде пример за сите граѓани.