Рускиот претседател Владимир Путин ја опиша 2020 година како година која носи „товар од неколку години“. Во неговото обраќање само неколку минути пред да стартува 2021 година на далечниот исток на Рсија, изјави дека луѓето ширум светот со нетрпение очекуваат промени на подобро следната година.
„И покрај пандемијата, 2020 беше година на надеж за надминување на тешкотии и гордост за оние кои покажаа најдобри човечки и професионални квалитети“ изјави Путин.
Русија денеска забележа над 27 илјади на новозаболени од коронавирусот со што националниот биланс од почетокот на пандемијата изнесува над 3 милиони заразени со ковид-19. Во русија во изминативе 24 часа се евидентирани 593 смртни случаи поради компликации од ковид-19 , а вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата изнесува 57 илјади .