Политичарот од унгарската владејачка партија, кој поднесе оставка пред два дена како член на Европскиот парламент, изјави дека бил присутен на домашна забава прекината од бриселската полиција за непочитување на мерките за коронавирусот. Јозеф Сајер, висок член на владејачката конзервативна партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, изјави дека соработува со полицијата. Полицијата упаднала на забавата во Брисел, што во белгиските вести е опишана како секс забава во која наводно учествувале дипломати и член на Европскиот парламент. Читать дальше...
Министрите за надворешни работи на НАТО започнаа дводневна видеоконференција главно за идната улога на трансатлантскиот воен сојуз во Авганистан. Пред состанокот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека безбедносниот сојуз се соочува со „тешка дилема“ - дали да го напушти Авганистан и да ризикува повторно да се претвори во безбедно засолниште за меѓународните терористи или да остане и да ризикува подолга мисија со ново насилство. НАТО наскоро ќе реши дали ќе се повлече од Авганистан... Читать дальше...
Германската полиција соопшти дека во вчерашниот инцидент кога автомобил удрил во луѓе во пешачка зона во западниот град Трир, загинало бебе и уште три други лица. Возачот, 51-годишен локален маж, идентификуван од германските медиуми како Бернд В. е приведен од полицијата. Официјални лица изјавија дека осомничениот бил пијан и оти нема знаци дека инцидентот бил политички мотивиран. Портпаролот на локалната полиција Карл-Питер Јохем изјави дека осомничениот возел еден километар, „удирајќи луѓе по случаен... Читать дальше...
Американскиот министер за правда Вилјам Бар изјави вечерва дека не констатирал „изборна измама“ доволно голема за да ја поништи победата на Џо Бајден, наспроти тврдењата на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп. „Во оваа фаза не видовме измама од обем што може да го промени исходот на изборите“, рече Бар во изјавата за агенцијата АП. Бар рече дека има обвинувања за „систематска измама“; според кои машините биле програмирани да даваат погрешни резултати од изборот. Тој додаде дека неговото... Читать дальше...
Ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневната температура ќе биде од 2 до 11 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 7 степени.
„Осамени, а вечни“ е насловена изложбата на македонскиот мајстор на уметничка фотографија Љупчо Илиевски што од 2 декември се одржува во Галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци. На неа авторот овојпат претставува серијал од фотографии тематски врзан за крстовите.