Четири патролни бродови на кралската морнарица ќе бидат подготвени од 1 јануари да ги штитат британските риболовни води, доколку преодниот период по Брегзит заврши без договор за идните односи со Европската унија, објави британското Министерство за одбрана, јавува Ројтерс.
„Министерството за одбрана изврши обемно планирање и подготовка за да се обезбеди подготвеност за одбрана за голем број сценарија на крајот на преодниот рок“, изјави портпаролот на Министерството.
Бродовите на морнарицата долги 80 метри ќе имаат надлежност да ги запираат, проверуваат и запленуваат сите рибарски бродови на ЕУ кои работат исклучиво во Британската економска област (ЕЕЗ), која се протега 320 километри од брегот.
Гардијан претходно објави дека два брода ќе бидат распоредени на море, додека другите два ќе бидат подготвени во случај рибаски брод на ЕУ да влезе во водите на ЕЕЗ.
Преговирите меѓу Лондон и Брисел за заглавени на три прашња: риболов, фер конкуренција и решавање на идни спорови.