Федералните регулатори на САД и 48 сојузни држави и области поднесоа две одделни тужби за монопол против Фејсбук. Двојните тужби, поднесени од Федералната комисија за трговија и коалицијата на јавни обвинители предводени од Њујорк, го обвинуваат гигантот на социјалните медиуми за антиконкурентно однесување. Поточно, во тужбите се бара судот да го принуди Фејсбук да ги распродаде Инстаграм и WhatsApp, кои технолошкиот гигант ги купи во 2012, односно 2014 година. Исто така, се бара да му се забрани... Читать дальше...
Денеска се одбележува Денот на човековите права во светот. На овој ден во 1948 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права. Станува збор за многу важен документ со кој се прогласуваат неотуѓивите права како човек - без оглед на расата, бојата, религијата, полот, јазикот, политичкото или друго мислење, националното или социјалното потекло, имотот, раѓањето или другиот статус. Достапен на повеќе од 500 јазици, тој е најпреведуваниот документ во светот. Читать дальше...
Синот на избраниот претседател на САД, Џо Бајден, Хантер изјави дека е под истрага за потенцијални даночни прекршоци, во она што може да стане политичко прашање за администрацијата што доаѓа. Федералните обвинители „ги испитуваат моите даночни работи“, рече Хантер Бајден во изјавата објавена од претседателскиот тим за транзиција на неговиот татко. „Јас ја сфаќам оваа работа многу сериозно, но уверен сум дека професионалното и објективно разгледување на овие работи ќе покаже дека ги водев законски и соодветно своите работи... Читать дальше...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе се обрати пред европратениците во рамки на дебатата за резолуцијата на Европскиот парламентот за Македонија. Османи утре е поканет за размени мислења со европратениците членови на комисијата за надворешни работи, кога известувачот за Македонија, Илхан Ќучук ќе го презентира својот извештај за напредокот на земјата. Европратениците имаат уште неколку дена да поднесат амандмани за овој извештај, а денеска ќе имаат можност да му постават прашања на шефот на македонската дипломатија... Читать дальше...
Британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утврдија претстојниот викенд да биде краен рок за надминување на разликите во разговорите за трговија меѓу двете страни. Нивната средба во Брисел заврши без резолуција за разликите околу правата на риболов, правилата за фер трговија и како ќе се спроведува договорот по Брегзит. Фон дер Лајен по вечерата рече дека двете страни „остануваат далеку“. Таа додаде дека тимовите за преговори на ЕУ и Британија ќе... Читать дальше...
Лидерите на ЕУ ќе се состанат денеска во Брисел за да разговараат за понатамошна координација во врска со донесувањето на идниот буџет на Унијата по ветото на Унгарија и Полска доделувањето средствa да биде условено со развојот на демократиите во земјите членки. Европскиот совет ќе ја разгледа состојбата и ќе разговара за целокупниот напор за координација како одговор на пандемијата на ковид-19, вклучително и вакцинирањето и постепеното укинување на ограничувањата. Дуда - Преговори за „привремен... Читать дальше...
Ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во источните делови каде на места ќе бидат и поројни. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Дневната температура ќе биде од 4 до 13 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 11 степени.