Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе се обрати пред европратениците во рамки на дебатата за резолуцијата на Европскиот парламентот за Македонија. Османи утре е поканет за размени мислења со европратениците членови на комисијата за надворешни работи, кога известувачот за Македонија, Илхан Ќучук ќе го презентира својот извештај за напредокот на земјата. Европратениците имаат уште неколку дена да поднесат амандмани за овој извештај, а денеска ќе имаат можност да му постават прашања на шефот на македонската дипломатија, два дена по ветото на Бугарија за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија.
Европратеници повикаа ЕУ да започне преговори со С.Македонија
Се очекува пратениците да се интересираат за добрососедските односи, домашните реформи и надворешната политика на Македонија. Нацрт резолуцијата на Ќучук, која МИА ја објави пред неколку дена, ги поздравува напорите за интеграција на ЕУ на државата, ги охрабрува властите да вложат дополнителни напори во борбата против корупцијата, владеењето на правото, и го поздравува политичкиот дијалог помеѓу власта и опозицијата.