Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кратко видео обраќање до јавноста апелираше до граѓаните да останат дома ако немаат потреба да излегуваат, да носат маски и да се заштитат, и како што вели, ако Владата не е способна да им помогне, тие сами да си помогнат. Тој во своето обраќање истакна дека Македонија никогаш не била во полоша ситуација од денеска и дека загубата на најблиските за премиерот и министерот за здравство се само статистика. „ Секоја човечка загуба е дел од нивната одговорност. Читать дальше...
Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска на состанок се согласија да ја зајакнат безбедноста на границите, да ги зголемат полициските овластувања и да преземат чекори за ограничување на ширењето на говорот на омраза на интернет. На денешниот состанок министрите расправаа за покоординирана антитеристичка политика . Повод за тоа беа неодамнешните екстремистички напади во Германија, Франција и Австрија. Тие изразија надеж дека ќе можат изготват нов закон за контрола на содржината на интернет, за... Читать дальше...
Во изминатово деноноќие се регистрирани 1064 нови случаи на заразени со ковид-19 од вкупно 3096 направени тестови. Најголем дел од новозаразените се од Скопје и вкупно 541 случај, потоа Куманово и Тетово со по 57 нови слуачи и Велес и Битола со по 44 случаи. Во последниве 24 часа вкупно 25 пациенти заразени со ковид-19 починале од кои најмладиот имал 34 години додека најстариот имал 79 години. Досега во земјата се направени вкупно 286.181 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани... Читать дальше...
Група штедачи во „Евростандард банка“ протестираа пред Собранието, додека во него се одржуваше собраниска надзорна расправа за причините кои довеле до стечај на Еуростандард банка. Како сведоци во собраниската комисија биле повикани гувернерката на Народна Банка Анита Ангеловска Бежовска и мнозинскиот акционер во банката Трифун Костовски, но и јавниот државен обвинител Љубомир Јовески. Јовески пред пратениците истакнал дека се водат две посебни постапки за стечајот на „Еуростандард банка“ но не откри детали за да... Читать дальше...
Во изминатoто деноноќие во Грција повторно се регистрирани над 3 илјади нови случаи на заразени со Ковид-19, а починаа 38 пациенти. Зголемен е и бројот на пациенти кои се приклучени на респираторни машини, со што вкупниот број изнесува 336. Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 69.675 случаи на Ковид-19, а починаа 997 лица. Надлежната комисија на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција попладневно одржува состанок на кој треба да се донесе препорака во однос... Читать дальше...
Полицијата го приведе обвинетиот во случајот „Монструм“ Агим Исмаиловиќ во неговиот дом, откако денеска тој замина од судот непосредно пред да му биде изречена нова мерка притвор. Од МВР потврдија дека обвинетиот е спроведен во истажниот затвор Шутка. Претходно во медиумите беше објавено дека полицијата го побарала во неговиот дом, по наредба на Судот, но не го нашла, по што беше објавено дека е можно тој да побегнал. Полицијата трага по обвинет во „Монструм“ кој го напуштил судот пред да му се... Читать дальше...
Европската Унија повторно го осуди насилното задушување на протестите во Белорусија по спорните претседателски избори во август и се закани со нови санкции за земјата по смртта на 31 годишен белоруски државјанин за кого дел од светските медиуми објавија дека наводно бил претепан до смрт од маскирани белоруски безбедносни сили. Илјадници демонстранти денеска излегоа на протести во главниот град Минск и положија цвеќе на местото каде што бил уапсен Раман Бандаренка пред да почине. Сведоци за дел... Читать дальше...
Основниот кривичен суд Скопје 1 донесе одлука за одредување на мерка притвор од 30 дена за Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири обвинети во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро. Оваа одлука ја донесе денеска по барање на обвинителката во предметот Фатиме Фетаи која на попладневното рочиште во судиницата посочи дека постои ризик за бегство . „ На обвинетиот Ф.А. му е опредлена мерка притвор во траење од 30 дена и истото е доставено во Истражниот затвор Скопје каде се наоѓа обвинетиот... Читать дальше...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјавила дека Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ, е наведено во соопштението од македонската Влада по нејзиниот телефонски разговор со премиерот Зоран Заев. Во владиното соопштение е наведено дека Лајец истакнала оти е успешен и позитивен пример за Западен Балкан за остварените реформи, за постигнатите договори со Грција и Бугарија, и за лидерството во регионалната соработка. Читать дальше...
Коронавирусот, руското агресивно делување, подемот на Кина и натаму се дел од предизвиците поради кои НАТО мора во наредните десетина години да делува поглобално, истакна во својот говор Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Конференцијата во Рига,Латвија. Тој истакна дека НАТО мора да биде во можност да одговори на сите предизвици и секогаш да се подготвува однапред, за утрешните предизвици, па затоа мора е покрената и иницијативата НАТО 2030. Оваа иницијатива има три цели, првата е предизвикувачкото безбедносно опкружување... Читать дальше...
Сите здравствени работници кои директно работат со пациенти со кови -19 ќе бидат парично наградени, а парите за тоа се обезбедни со ребалансот на буџетот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Општата болница во Гостивар. „Со последниот ребаланс на буџетот се одвои значителна сума средства која ќе оди како награда, еднократна во следниот месец за сите здравствени работници кои работат со ковид пациенти“, рече Филипче Тој оттаму посочи дека секојдневно е во комуникација со директорите на болниците... Читать дальше...
Основното јавно обвинителство Скопје врши проверки и прибирање на документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот за паралелен увоз на лекови и не станува збор за претреси, потврдиле за МИА од Обвинителството. Од Обвинителството посочуваат дека предметот за паралелен увоз на лекови бил отворен по допрен глас во Основното јавно обвинителство – Скопје, а подоцна во текот на предистражната постапка предметот е предаден на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство... Читать дальше...
Нависоките американски федерални и државни претставници одговорни за безбедноста на изборите заедно изјавија дека „нема докази“ дека гласовите на 3 ноември се во некој случај компромитирани или изменети. Изјавата од официјалните лица за сајбер безбедност и изборните власти директно ги отфрла непоткрепените тврдења на претседателот Доналд Трамп и на некои републиканци дека измамите и изгубените гласачки ливчиња доведоа до победа на демократот Џо Бајден на претседателските избори. Кина им честиташе... Читать дальше...
Министерот за здравство, Венко Филипче, на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, и д-р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки, соопшти Министерството за здравство. Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки, како што се посочува, ќе одлучува на состанокот во понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат. Читать дальше...
Иво Санадер, поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, денеска е прогласен за виновен и осуден на осум години затвор за корупција, односно за „извлекување пари од маркетинг агенцијата „Фими Медиа“, пренесе МИА. Во овој случај, за кој ова беше повторено судење, неговата партија ХДЗ беше прогласена за одговорна за корупција. Санадер осуден на 4 и пол години затвор за мито Во пресудата, меѓудругото, се наведува дека Санадер, во својство на поранешен премиер и претседател на ХДЗ, со неговите... Читать дальше...
Министерството за внатрешни работи (МВР) претпладнево соопшти дека биле регистрирани вкупно 734 прекршоци за неносење заштита на лице во изминатото деноноќие на територијата на државата. Министерството за внатрешни работи и денеска апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со КОВИД-19. Казната за непочитување на оваа мерка изнесува 20 евра, а според најновите прописи, задолжително е носење маска за лице и на отворено.
Пред истекот на рокот за туристичките ваучери, граѓаните искористиле само половина од доделените ваучери, со што во туристичкиот сектор како владина помош легнале 4,2 милиони евра. Дел од туристичките работодавци бараат од Владата дополнителни мерки за пребродување на економската криза.
Кина им честиташе на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, и на новоизбраната потпретседателка Камала Харис. "Го почитуваме изборот на американскиот народ. Искажуваме честитки до господинот Бајден и г-ѓа Харис", рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин, на денешниот брифинг со новинарите. „Ние разбираме дека резултатите од изборите во САД ќе бидат утврдени во согласност со законите и процедурите на САД“, додаде тој. Дали е можно Бајден да ги врати луѓето на Обама во надворешната политика? Читать дальше...
Собраниската Комисија за труд и социјална политика на која требаше да бидат разгледани измените и дополнувањата на Законот за работни односи кои треба да овозможат задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж, а се поднесени од група пратеници, и денеска не се одржа. Седницата на комисијата е презакажана за 18 ноември. Комисиската расправа за овие законски измени првично беше закажана за вчера, а потоа презакажана за денеска. Според анализите што ги направило Министерството за труд и социјална политика... Читать дальше...
Ќе преземе ли некој одговорност за неисполнувањето на ветувањата од Планот за чист воздух, со кој за две години аерозагадувањето во Скопје требаше да биде намалено за 50 проценти, а во другите градови за 30 отсто, прашуваат граѓански организации за заштита на животната средина?
Илјадници луѓе кои носеа цвеќе се собраа синоќа во Минск во чест на 31-годишниот Раман Бандаренка, наводно претепан до смрт од маскирани белоруски безбедносни сили. Очевидци велат дека мажи во цивилна облека го киднапирале Раман Бандаренка на 11 ноември по една расправија на плоштад каде што дошле да ги отстранат црвено-белите ленти што го претставуваат опозициското протестно движење против Александар Лукашенко. Тогаш Министерството за внатрешни работи соопшти дека „непознати лица“ се тепале и... Читать дальше...
Опозицијата не успеа да ја убеди власта дека за проблемите со Бугарија треба да се разговара и во Собранието. Аналитичарот Владимир Божиновски смета дека консензусот што би се постигнал би бил од полза, а Алберт Муслиу од АДИ дека не е сигурен дека наративот на политичарите ќе биде европски.
Џо Бајден ја освои државата Аризона на претседателските избори, покажуваат вчерашните проекции на американските медиуми. NBC, CBS, ABC и CNN го прогласија Бајден за победник на 11-те изборни гласови на државата повеќе од една недела по гласањето на 3 ноември. Аризона му донесе предност на Бајден од 290-217 пред претседателот Доналд Трамп во Изборниот колеџ, кој на крајот одлучува за претседателската функција, а потребни се 270 електорални колеџ гласови за освојување на Белата куќа. Фокс Њуз... Читать дальше...
Во Кривичен суд Скопје, со презентација на нови сведоци, е планирано да продолжи сидењето за случајот „Таргет -Тврдина”, односно за неовластеното масовно прислушување од 2008 до 2015 година. Изминатиот период со исклучок на 3 ноември рочиштата за овој предмет беа одложени заради здравствената состојба на обвинетиот Сашо Мијалков, кој беше позитивен на Ковид-19. На последното рочиште за главниот предмет за незаконоското прислушување беа изведени материјални докази од страна на обвинителството. Според обвинителниот акт... Читать дальше...
Mакедонските фудбалски репрезентативци рано утрово преку граничниот премин Блаце пристигнаа во Скопје, откако, поради маглата на скопскиот аеродром, мораа да бидат пренасочени кон Приштина, па оттаму со автобус во Македонија. Капитенот, Горан Пандев, им се обрати на најупорните навивачи кои ги чекаа на преминот Блаце. „Сонот ни се оствари, сите заедно се радуваме и да настапуваме на ова ЕП со победи. Знаеме сите дека поминавме долг пат до ова ЕП, навистина момците го заслужија ова и уште не сме свесни што направивме. Читать дальше...