Мы в Telegram
Добавить новость

Синоптик Ильин предупредил москвичей о падении атмосферного давления 1 мая

Американская семья воссоединилась с кошкой, которую случайно отправили в посылке

Юрий Куклачев пробудет в больнице как минимум неделю

Столичные предприятия увеличили производство продуктов для пикника



World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Ноябрь
2020

Новости за 04.11.2020

SlobodnaEvropa.mk 

Изборниот штаб на Трамп бара да се запре пребројувањето на гласовите во Мичиген

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба со која бара да се запре пребројувањето на гласовите во Мичиген, една од клучните држави кои треба да го одредат победникот на изборите. Трамп тврди дека им е забранет пристапот за набљудување на отворањето на гласачките ливчиња „Ние денеска поднесовме тужба до Судот за жалби во Мичиген, да се престане со пребројувањето сè додека не се добие значаен пристап“, се вели во соопштението од изборниот штаб на Трамп. Тие бараат... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мас и Рот одат во карантин

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ќе оди во двонеделен карантин поради средбата што ја имаше со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева и нејзиниот заменик Петко Дојков во Берлин во понеделникот, откако бугарското МНР денеска соопшти дека таа е во самоизолација, а Дојков бил позитивен на брз тест за ковид-19. Во карантин ќе оди и министерот за Европа во германското МНР, Михаел Рот. Како што соопшти германското МНР, во изолација заминуваат и други вработени во министерството кои присуствувале на средбите. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нов ковид рекорд - заразени 1192

Во последните 24 часа се направени 3211 тестирања, а регистрирани се 1192 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерстово за здравство. Од тестираните 37,1 отсто се позитивни. Во Скопје има 571 нов случај на заразени со ковид-19, Тетово 87, во Куманово 63, Прилеп 51, Штип 50, Охрид 49, Битола 43, Велес 42 ,Гостивар 40, Струмица 36, Кочани 27, Кичево 22, Дебар и Кавадарци по 15, Пробиштип 14, Ресен 11, Струга 10, Виница и Свети Николе по 7, Гевгелија и Крушево по 6, Демир Хисар 5, -Радовиш 4, Крива Паланка и Кратово по 3... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ даде зелено светло за санкции за Лукашенко и за неговиот син

Земјите членки на Европската унија се согласија за воведат санкции кон Александар Лукашенко и за уште 14 други белоруски функционери, како одговор на нивната акција на постизборните протести. Денеска амбасадорите на земјите членки на ЕУ дадоа зелено светло да им воведат визни забрани и да им се замрзнат средствата на Лукашенко и на останатите функционери. Ваквата одлука треба да биде официјално потврдена на 6 ноември. По спорните претседателски избори, на кои Лукашенко прогласи победа, земјата се соочува со протести. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Црни ковид рекорди на Балканот

Втор ден по ред, во Грција бројот на нови случаи на ковид-19 е над 2.000, со оглед на тоа дека во изминатите 24 часа се регистрирани 2.646 новозаразени, што е рекорден број за земјата на дневно ниво. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, зголемен е бројот и на починати, вкупно 18. Од почетокот на епидемијата регистрирани се 46.892 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 673 лица. Над 2000 новозаразени во еден ден има и во Србија. Во последните 24... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Телефонски разговор Заев-Меркел

Премиерот Зоран Заев телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, соопштија од Владата. Во телефонскиот разговор меѓу канцеларката Меркел и премиерот Заев беше споделен заедничкиот интерес и истата цел на двете земји за време на германското претседателство со ЕУ, да се одржи првата меѓувладина конференција во декември како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, стои во соопштението. Заев оценил дека Германија сторила многу за европската иднина на Западен Балкан. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Изборите во САД се уште без победник

Се уште не може да биде прогласен победник на изборите во САД, на еден дел по гласањето, оти се уште трае пребројувањето на гласовите во шест клучни држави. Според податоците достапни досега, Бајден води во Аризона, Мичиген, Невада и Висконсин, додека Трамп има водство во Џорџија и во Пенсилванија. Изборните власти велат дека резултатот може да се смени, затоа што има за пребројување десетици илјади гласачки ливчиња и милиони гласови пристигнати по пошта. Невада го прекинува броењето гласачки... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ ја осуди одлуката на Турција да продолжи со истражувањата во Медитеранот

Европската унија денеска оцени дека е „за жалење“ одлуката на Турција да продолжи со мисијата на бродот за истражување на гас во спорната област во источниот Медитеран. „За жалење се најновите најави на системот за поморско алармирање Натвекс во врска со продолжувањето... на активностите на Турција во грчките и кипарски поморски области, особено со оглед на сегашните обиди на сите нивоа да се создаде простор за дијалог“, изјави портпаролот на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. Тој оцени... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Со свирежи и транспарент пратениците на ВМРО-ДПМНЕ против изборот на Кацарска

Со свирежи во салата и транспарент „Кацарска извршител на мафијата“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска, во рамки на 20. собраниска седница, изразија револт против предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за уставен судија. Ова е уште еден доказ, обвинија опозициските пратеници, дека продолжува мешањето на извршната во судската власт и дека премиерот Зоран Заев продолжува на дрзок и манипулативен начин да ги наградува послушните судии. „Од „сваровски“ стигнавме до „кацарска“ судство во кое Кацарска... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУЛЕКС го приведе Красниќи

Поранешниот претседател на Собранието на Косово и некогашен портпарол на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Јакуп Красниќи, денеска треба да биде спроведен во притворското одделение на Специјалното обвинителство на Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг, информира адвокатот на Красниќи, Ваљон Хасани. Хасани потврди дека против Красниќи е подигнато обвинение за злосторства против цивилното население во текот и непосредно по војната во Косово во 1998-99 година. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Димитров и Османи нема да одат во изолација, Захариева по средбата во Берлин во карантин

Нема ризичен контакт и нема да се издаде решение за изолација за ниту еден член на македонската делегација која присуствуваше на состанокот во Берлин, заклучила Комисијата за заразни болести, по извршената епидемиолошка проценка на ризик, соопштија од Секрертаријатот за евопски прашања и од Министерството за надворешни работи. Бугарското МНР денеска соопшти дека вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева е во самоизлација и се чека резултатот од нејзиниот ПЦР-тест... Читать дальше...




SlobodnaEvropa.mk 

Судот ѝ го одзеде пасошот на Лидија Димова

Судија на претходна постапка и го одзема пасошот на поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Домова поради сомнение дека сторила кривичното дело „измама на штета на средства на Европската заедница“. Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека одлука за одземање на патната исправа донесена е и за А.Г., за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „измама на штета на средства на Европската заедница“. Според Судот, осомничените повремено треба да се јавуваат во судот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓу жртвите на нападот во Виена има и Македонец

Меѓу жртвите во терористичкиот напад во центарот на Виена, што се случи во понеделникот вечерта, се и двајца странски државјани – Македонец и Германка, информира австриската полиција. Според полицијата, жртвите на нападот се 39-годишен Австриец, 44-годишна Австријка, 21-годишен Македонец и 24-годишен Германец. Македонецот бил случаен минувач, кој е убиен додека се движел по улиците на Бермудскиот Триаголник, дел од центарот на Виена познат по своите бројни кафулиња, пабови и барови, а Германката... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Стево Крстевски назначен за в.д. директор на Фондот за здравство

Владата на вчерашната седница за в.д. директор на Фондот за здравство го назначи 36-годишниот Стево Крстевски од Велес, актуелен советник од Коалицијата на СДСМ во сегашниот состав на Советот на Општина Велес, и сопственик на Книговодствено биро и консалтинг во Велес. Крстевски за МИА изјави дека очекува решението да го добие во петок, по што и официјално ќе стапи на функција. Неговата нова функција е неспоива со советничкото место, и тој треба да биде разрешен од функцијата советник, а на негово... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Марадона успешно опериран од тромб во мозокот

Аргентинската фудбалска легенда, 60-годишниот Диего Марадона успешно бил опериран од тромб во мозокот во клиника во Буенос Аирес, соопшти неврологот, доктор Леополдо Луке. Тој рече дека операцијата била „рутинска“ и оти пациентите подложени на таква постапка обично се отпуштаат од болница за 24 до 48 часа. Луке рече дека проблемот веројатно е предизвикан од повреда, иако Марадона вели дека не се сеќава на некој посебен инцидент. Луке подоцна рече дека хематомот бил отстранет. „Диего ја поднесе... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до Уставен да не се исклучува струја без судска пресуда

ВМРО-ДПМНЕ до Уставниот суд поднесе иницијатива да нема исклучување струја без судска пресуда. Од Судот се бара да ја оцени уставноста на одредби од Законот за енергетика и од Мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија за енергетика, коишто, како што изјави адвокатот Стојанче Геровски, ЕВН ги користи за исклучување на домаќинства од системот за напојување со електрична енергија поради неплатени сметки. „Се надеваме дека Уставниот суд посебно и секако уставните судии кои што претставуваат... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Одложена дискусијата за Македонија во ЕУ, се дава можност за договор меѓу Скопје и Софија

Неколкуте останати денови за конечна одлука дали Софија ќе го блокира македонскиот пат кон ЕУ ги вжештија телефонските линии Софија-Берлин-Скопје, но се уште останува неизвесно каков ќе биде исходот.

SlobodnaEvropa.mk 

Невада го прекинува броењето гласачки ливчиња до утре

Американската сојузна држава Невада соопшти, без да даде образложение, дека го прекинува броењето гласачки ливчиња од претседателските избори во САД, до 5 ноември. Државата во која трката меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски противкандидат Џо Бајден е многу тесна, денеска на Твитер објави дека за броење остануваат гласачките ливчиња по пошта добиени на денот на изборите, гласачките ливчиња по пошта кои треба да пристигнат во текот на наредната недела, како и привремените гласачки ливчиња. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за надворешна политика не расправаше за бугарскиот објаснувачки меморандум

Поради немање кворум на денешната седница, собраниската Комисија за надворешна политика не разговараше по единствената точка на дневен ред „Утврдување на национален став во врска со позициите на официјална Софија по однос на македонските ЕУ-интеграции, засновани на Објаснувачкиот Меморандум усвоен од страна на Република Бугарија“. Претседателот на Комисијата Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, информираше дека до почетокот на седницата не добил известување за спреченост од членовите на комисијата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мали шанси за вакцината од Оксфорд пред Божиќ

Мали се шансите потенцијалната вакцина против ковид-19 на Универзитетот во Оксфорд да биде готова пред Божиќ, изјави главниот истражувач Ендру Полард. Тој вели дека е оптимист дека резултатите од доцната фаза на истражувањето може да бидат презентирани пред крајот на оваа година. Полард вели дека има придвижување во истражувањето на вакцината, но се уште не е дојдено до целта. Одделот за вакцини при Универзитетот во Оксфорд заедно со партнерот АстраЗенека се надеваат дека вакцините ќе има ефикасност повеќе од 50 проценти. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателските избори во САД пред правна разврска?

Резултатот од претседателските избори во САД останува нејасен, а актуелниот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски предизвикувач Џо Бајден се уверени во победата. Трамп најави дека ќе покрене правна постапка. Од изборниот штаб на Бајден велат дека се подготвени и на таква битка.

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп најави жалба, Бајден ги подготвува правните тимови

Од Изборниот штаб на претседателскиот кандидат на изборите во САД Џо Бајден соопштија дека нивните правни тимови се подготвени да му се спротивстават на американскиот претседател Доналд Трамп ако тој реши да му се обрати на судот и се обиде да го запре броењето на гласови. Од штабот на Бајден ги оценија коментарите на Трамп како „безобразни, невидени и неточни“. „Доколку претседателот ги исполни заканите и му се обрати на судот и се обиде да го спречи правилното пребројување на гласовите, имаме... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Казнети 755 луѓе за неносење маска

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава по однос на мерката за носење лична заштита на лице се регистрирани 755 прекршоци. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19. Носењето маска е задолжително и во затворен простор и на отворено.

SlobodnaEvropa.mk 

„Титаник“ се одложува, двајца обвинети се со здравствени проблеми

Двајца од обвинетите во случајот „Титаник“ имаат здравствени пречки, па затоа рочиштето кое требаше да се одржи утре (5 ноември), се одлага за 12 ноември, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Во случајот „Титаник“ освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Предизвиците по враќањето на терористички борци од странските боишта

Последниот терористички напад во Виена, во кој главниот осомничен бил во затвор поради тоа што сакал да замине во Сирија да ѝ се придружи на Исламската Држава го отвора прашањето за третманот на повратниците од страна на државата


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

В подмосковном Королеве произошел пожар в промзоне

Узбекистанца, осудившего президента за участие в параде Победы, отправили в тюрьму

Барабанщик «Коррозии металла» покинул группу после концерта в Нижнем Новгороде

Собянин: Уникальная спецтехника помогает бесперебойной работе метро Москвы

Музыкальные новости

В Ульяновской области объявили победителей зонального этапа фестиваля-конкурса «Культура – это мы»

Подмосковные проекты победили в Международном профессиональном конкурсе НОПРИЗ на лучший проект – 2023

Бастрыкин поручил представить доклад по делу о побоях 10-летней девочки в реабилитационном центре

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о развитии авиастроения

Новости России

Синоптик Леус предупредил о кратковременных дождях в Москве

Узбекистанца, осудившего президента за участие в параде Победы, отправили в тюрьму

«На подходе»: Синоптик Леус рассказал о похолодании и дождях вечером 1 мая

Юные полярники из Москвы вернулись из Большой арктической экспедиции - Собянин

Экология в России и мире

Природа России 81

Эти образы сделают вас вас молодой и стильной

В российских регионах в 2024 году начнут работу магазины «Петербургского дизайна»

В День Медика пройдет премия в области здоровья The Medical Stars & Beauty Awards

Спорт в России и мире

WTA предвкушает дуэль Елена Рыбакина — Юлия Путинцева на турнире в Мадриде

Андреева обыграла Паолини и вышла в 1/4 финала турнира WTA в Мадриде

Россиянка Андреева стала рекордсменкой на турнирах WTA-1000

Названы победительницы матчей Рыбакиной и Путинцевой за четвертьфинал турнира в Мадриде

Moscow.media

МИД Таджикистана вручил протестную ноту российскому послу

Европейские правозащитники подали очередную жалобу на ChatGPT

В Балакове "десятка" сбила двух женщин и девушку

звезды шоу-бизнеса посетили весеннюю неделю моды estet fashion week











Топ новостей на этот час

Rss.plus






Узбекистанца, осудившего президента за участие в параде Победы, отправили в тюрьму

Синоптик Леус предупредил о кратковременных дождях в Москве

В подмосковном Королеве произошел пожар в промзоне

«На подходе»: Синоптик Леус рассказал о похолодании и дождях вечером 1 мая