До сега не се создадоа соодветни услови за да се надминат новите бугарски барања и заради тоа, Република Бугарија одлучи дека во овој момент нема да ја одобри нашата преговарачката рамка во ЕУ. Тоа е неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски вредности и принципи, се наведува во реакцијата на Владата доставена до МИА по денешниот состанок на Советот на министри на Унијата. „Задршката на Бугарија да ја одобри преговарачката рамка не е во духот на добрососедските односи. Читать дальше...
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на Ковид-19. Најмногу заболени има во Скопје, односно 503 лица. Додека пак Институтот за јавно здравје денеска регистрира 843 оздравени пациенти. Починати се 31 лице, седум пациенти од Скопје на возраст од 74, 78, 82, 51, 38, 60 и 64 години, двајца од Куманово на возраст од 76 и 67 години, еден од Дебар на 71 годишна возраст, двајца од Штип на 62 и 67 години, двајца од Прилеп на 78 годишна возраст... Читать дальше...
Бугарија ја блокираше преговарачката рамка за земјава со Европската Унија. По осумчасовниот состанок на Советот за општи работи, германското претседателство има надеж дека проблемот може да се реши до крајот на годинава. Одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, брифираат од македонската влада.
Турскиот парламент усвои резолуција за испраќање на војници кои ќе го следат мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија со посредство на Русија. Една партија не даде поддршка за предлогот, откако претседателот Реџеп Таип Ердоган го изнесе барањето за испраќање војници во планираниот центар за набљудување во Азербејџан. Турција, која го поддржа Азербејџан во шестнеделен конфликт со етничките ерменски сили за отцепениот регион Нагорно Карабах, минатата недела потпиша меморандум со Русија за создавање... Читать дальше...
Германскиот министер за Европа Михаил Рот порача дека ЕУ не се откажува да помогне да се надмине спорот помеѓу Скопје и Софија и до крајот на оваа година да се усвои преговарачката рамка. Рот кој претседаваше со состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ја даде изјавата по блокадата од Бугарија за преговорите со Северна Македонија. Тој изрази задоволство што двете земји продолжуваат да разговараат. Според него, за Бугарија проблем е кратката форма на името (Северна Македонија) и референцата за македонскиот јазик... Читать дальше...
Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците низ земјава и инфективните оддели во Скопје е 1.225. Според министерството, има колку 100 празни болнички кревети во ковид центрите. Филипче: Нема нови мерки, се намалува преносливоста на вирусот Од министерството велат дека треба да се има предвид оти бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Читать дальше...
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по денешниот видео-конференциски состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ изјави дека Бугарија во оваа фаза не може да ја поддржи преговарачката рамка со Република Северна Македонија, како и одржувањето на првата меѓувладина конференција. Според неа, предложениот нацрт не ги одразувал бугарските барања и не може да биде поддржан во сегашната форма. Советот за општи работи на ЕУ за преговорите со С. Македонија ... Читать дальше...
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека засега не е потребно воведување на полициски час. Според него, анализите покажуваат дека е намалена преносливоста на вирусот. Филипче смета дека мерките даваат разултати, но предупреди дека вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациентите и тие да треба да се хоспитализираат. Тој нагласи дека се повеќе одделенија се пренаменуваат да третираат пациенти со ковид. „Многу веројатно е дека за многу кратко време... Читать дальше...
Вршителката на должноста претседател на Косово и претседателка на косовското Собрание, Вјоса Османи е заразена од Ковид-19. Таа на нејзината страница на Фејсбук наведе дека поради контакт со блиски кои се заразени од корнавирусот, го извршила тестирањето и резултатот бил позитивен. Османи најави дека во наредните две недели работните обврски ќе ги извршува од својот дом, а состаноците ќе ги одржува онлајн. Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата во моментот... Читать дальше...
Германскиот министер за Европа, Михаел Рот кој претседава со денешниот Совет за општи работи на ЕУ во Брисел, најави дека и покрај бугарското вето ќе ја стави точката за проширување на дневен ред, пренесе Дојче веле. Според него, проширувањето не смее да биде заложник на билатерални барања на одредени земји членки. „Ќе ги информирам моите колеги за процесот на проширување со Северна Македонија и Албанија. Уште на почетокот на годинава одлучивме да ги започнеме преговорите со двете земји. Основен... Читать дальше...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов на прес-конференција изјави дека ставот на партијата за онлајн вклучување во работата на Собранието на пратеници заболени од Ковид-19 и во самоизолација е непроменет. „Досега до нас како пратеници нема стигнато никаква иницијатива, ниту предлог за онлајн работа на Собранието. Нашиот став по однос на ова е веќе познат во јавноста, а тоа е дека ова работење е неуставно според членот 69 од Уставот на Република Македонија“, рече Јорданов. Тој посочи дека членот... Читать дальше...
Собранискиот спикер Талат Џафери соопшти дека со дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието ќе им се овозможи онлајн работа само на пратениците со позитивен тест за Ковид-19 или со решение за изолација. Прелогот е поднесен по скратена постапка, а опозицијата во изминатиот период се противеше на идејата за „далечинско работење“ на пратениците. Во моментов шестмина пратеници не се во можност да учествуваат во работата на Парламентот поради Ковид-19. Спикерот за измените на Деловникот веќе... Читать дальше...
Во општините Дебар и Центар Жупа расте бројот на лица со дијабет и тоа од година во година, велат од Центарот за дијабет кој работи во рамките на општата болница во Дебар. Раководителот на Центарот за дијабет д-р. спец. Аџија Куртовски за Радио Слободна Европа изјави дека вкупниот број на лица кои имаат проблеми со дијабетот е околу 2000, додека пак лицата кои се со инсулинска терапија е нешто повеќе од 500. „Терапијата болните лица ја добиваат редовно и нема проблеми со обезбедувањето на инсулинската терапија . Читать дальше...
Покрај смртта на 41-годишната пациентка од Штип, се испитува смртта и на уште десетина пациенти кои починале по компликации од ковид-19, соопшти денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Од ДСЗИ велат дека во тек се инспекциските надзори за починати пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени за уште четири пациенти починати од ковид-19. За 24 часа во Македонија хоспитализирани 43 пациенти со ковид-19 ... Читать дальше...
Кризни времиња бараат кризна комуникација, па особено надлежните треба да бидат јасни во пораките до граѓаните за справувањето со ковид-19 и да се знае колку многу е многу, без притоа ситуацијата да се политизира, вели специјалистот за односи со јавност Бојан Кордалов.
Зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст, одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија, вклучувајќи ги и приоритетите за регионална поврзаност и зајакнување на инвестициската клима и управување, се приоритетите во фокус на Меморандумот за разбирање кој денеска го потпишаа премиерот Зоран Заев и претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо. Во Меморандумот за разбирање, ЕБОР изразува поддршка во сет мерки на политички ангажман... Читать дальше...
Поранешниот амбасадор на Европската унија (ЕУ) во Скопје, Ерван Фуере, смета дека тактиката што во моментов ја користи Владата на Бугарија кон Северна Македонија е „прилично неразумна и контрапродуктивна и може да има сериозни последици“, не само за односите меѓу двете земји, туку и за целиот регион, и за политиката на проширување на ЕУ. Пристапот на бугарската влада праќа лоша порака до земјите од Западен Балкан дека и тие можат да се соочат со целосна блокада на патот кон ЕУ, вели Фуере во интервју за Бугарското национално радио... Читать дальше...
Министерството за здравство денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град на Македонија. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија... Читать дальше...
Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, денеска информираше дека буџетот на Министерството за економија за 2021 година е предвидено да изнесува 826 милиони денари, од кои 130 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 167 милиони денари се наменети за капитални расходи, а 190 милиони денари за субвенции. Како што рече на денешната прес-конференција во Владата, во 2021 година е предвидено да се реализираат сите програми и мерки на Министерството за што се предвидени 47... Читать дальше...
Избраниот претседател на САД Џо Бајден како кандидат вети дека ќе ги поправи сојузите за кои рече дека се оштетени од Доналд Трамп и дека ќе го врати американското водство во борбата против глобалните закани. Но, надворешните работи може да бидат на второ место по акутните домашни проблеми.
Со уште два месеца на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп, ги прашал главните соработници за опциите за напад врз иранските нуклеарни постројки, јавуваат медиумите. За време на состанокот во Овалната соба, на 12 ноември, Трамп прашал неколку од неговите први соработници, меѓу кои и потпретседателот Мајк Пенс, државниот секретар Мајк Помпео и шефот на Генералниот штаб, генерал Марк Мили, „дали има опции да преземе акција против главната иранска нуклеарна локација во следните недели“, објави вчера „Њујорк тајмс“. Читать дальше...
Невладини организации посочуваат дека со ребалансите на Буџетот за 2020 година се кратат средства наменети за животната средина. Од Владата велат дека и покрај средствата за справување со ковид кризата, издвојуваат пари и за еколошки проекти.
Во 84-тата година од животот почина Љубисав Иванов - Ѕинго, долгогодишен политичар, пратеник, лидер на Социјалистичката партија, спортски работник и долгогодишен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија и почесен претседател на Фудбалската федерација. Иванов 30 години беше пратеник, најпрвин во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ, а потоа и во македонскиот Парламент, по осамостојувањето на Македонија. Роден е 1936 година во селото Трновац, Кратовско. Завршил Рударско-геолошки факултет. Читать дальше...
Во Австрија од денеска е воведена национална блокада во обид да се стави под контрола растот на заразени со коронавирус. Затворени се несуштинските продавници, а досегашниот полициски час од 20 часот до 6 часот наутро е проширен на цел ден, со специфични исклучоци како што се купување на најважни работи или вежбање. Луѓето треба да работат од дома каде што тоа е можно. Заклучувањето треба да трае до 6 декември. Истрага по терористичкиот напад во Виена Претходните мерки не успеаја да го спречат... Читать дальше...
Советот за општи работи на Европската унија денеска, најверојатно, нема да донесе одлука за одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Р.С.Македонија и ЕУ. Ваквиот исход е очекуван и од технички и од политички причини.