Во ковид лабораторијата во Битола првин се правеа по 50 тестови, сега по 130, но и тоа не е доволно да се задволат потребите на жителите од регионот што го опфаќа Центарот за јавно здравје Битола. Битолската лабораторија беше првата во земјава што се отвори надвор од Скопје за тестирања на ковид-19.
Од последици на Ковид-19 денеска почина новинарот Рефик Зенку, дописник на Медиумската информативна агенција. Зенку беше дописник за МИА од Кичево во изминатите девет години. Тој во изминативе три недели боледувал од ковид- 19 и се лекувал во скопската болница „8-ми Септември“. Вчера состојбата му се влошила, а лекарите не успеале да го спасат. Рефик Зенку беше новинар со долгогодишен стаж со речиси три децении во новинарството. Роден е на 18 мај 1965 година во Кичево.
Унгарските научници ќе ја тестираат руската вакцина дали е безбедна, ефикасна и препорачлива за унгарскиот народ, изјави денеска министерот за надворешни работи Питер Сијарто. Оваа изјава следува откако пакет со 10 примероци од Спутник V пристигнаа во Унгарија минатата недела. Сиајрто пред пратениците во Собранието изјави дека 10 дози од вакцината од првата регистрирана вакцина во светот против ковид-19 ќе бидат подложени на тестирање во Унгарија за безбедност и ефикасност. „Минатата недела, 10 дози од оваа вакцина пристигнаа во Унгарија. Читать дальше...
Соединетите држави се разочарани од бугарската блокада на македонските европски интеграции. Американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнс, во интервју за Телма, посочи дека билатералните спорови меѓу земјите треба да се решаваат надвор од процесот на интегрирање. Таа изрази надеж дека Северна Македонија ќе продолжи со пристапниот процес кон ЕУ. „Многу јасно ја кажавме нашата желба да ја видиме меѓувладина конференција до крајот на оваа година. И влезот на Северна Македонија во ЕУ ние го гледаме како заеднички интерес. Читать дальше...
Во нацрт текстот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, кој треба да биде предмет на дебата на 10 декември во комисијата за надворешни работи, во кој имала увид дописничката на МИА од Брисел, се изразува жалење за ќорсокакот во кој се најдоа Бугарија и Северна Македонија на 17 ноември кога Софија одби да даде поддршка за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и одржувањето на првата Меѓувладина конференција. Европратениците имаат до 16 декември да поднесат амандмани за оваа резолуција. Читать дальше...
„Не сме далеку од договор“, изјави денеска премиерот Зоран Заев и додаде дека Северна Македонија прави се што е неопходно во функција да се постигне решение за отворените прашања коишто постојат со Софија. Тој додаде само била потребна добра волја и позитивно да се гледа на работите. Заев истакна дека не се дискутирало за отстапки туку за решенија за двете страни. „Постојат начини како тоа да се реши. Секако, уште еднаш потенцирам, драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност... Читать дальше...
Во изминативе 24 часа регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19 и 35 починати лица од заразени од коронавирусот. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, од кои најголем дел од евидентирани на новозаразените се од Скопје-174, потоа во Гостивар 56 и Тетово-26. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти. Починати се 35 лица, од кои десет пациенти од Скопје, Најмладиот починат пациент имал 43 години додека најстариот 88 години. Читать дальше...
Барањата на Бугарија се апсолутно неприфатливи за Македонија и македонската јавност. Покрај тоа, тоа предизвикува радикалите да се обидат да ја зголемат недовербата кон Бугарија, што ќе влијае на членовите на македонската страна на комисијата. Во овој момент, во ваква атмосфера ќе биде многу потешко да се разговара, изјави копретседавачот на македонскиот тим во Заедничката историска комисија професор Драги Ѓоргиев за бугарската телевизија „Европа“. Тој во интервјуто посочил дека политичката ситуација... Читать дальше...
Започна судењето на поранешниот француски претседател Николас Саркози. Тој е обвинет за корупција и влијаење врз продажба. Саркози беше претседател на Франција во период од 2007 до 2012 година. Тој е обвинет за поткуп на судија во замена за информации за истрагите кои во тој период се водеа против неговата партија и начинот на кој се финансирала. 65-годишниот десничар ги негираше таквите обвинувања. Неговиот случај е поврзан со долгогодишната истрага за сомнеж за користење на тајна донација за... Читать дальше...
Пратеничките групи доставиле 528 амандмани за Буџетот за 2021 година, за кого утре почнува комисиската расправа почнува утре и ќе трае во следните десет дена. Најголем дел од амандманите, односно 390, како што информираа од ВМРО-ДПМНЕ, се поднесени од нивните пратеници, а останатите над стотина се од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Буџетот за 2021 година е дел од стратегијата на Владата за економско заздравување и забрзан раст во периодот од 2021 до 2025 година. Во иницијалната фаза од планот... Читать дальше...
Бугарското МНР излезе со тврдења за низа прекршувања на Договорот за добрососедство, меѓу кои и различно толкување на терминот заедничка историја во документи. Од македонското МНР засега нема одговор. Во меѓувреме, и записниците на заедничката комисија не се потпишани поради терминот македонски.
Европската комисија (ЕК) денеска го презентираше својот редовен извештај за состојбата со аерозагадувањето во Европа, кој ги вклучува и шесте земји до западниот Балкан, во кој се оценува дека состојбата се уште е незадоволителна, јави МИА од Брисел. Здравјето на жителите на Северна Македонија и останатите земји од регионот и натаму е сериозно загрозено, покажуваат последните бројки на извештајот на Европската агенција за животна средина за 2018 година, што резултира во висока стапка на прерана смрт... Читать дальше...
Блокадата на Бугарија на евроинтеграцијата на Северна Македонија го киднапира процесот на проширување на ЕУ, го загрозува кредибилитетот на Унијата и ги обесхрабрува другите земји кандидати, оценува политичкиот аналитичар и експерт за Балканот, професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер. „Потпишувањето декларации со кои аспирантите и земјите членки ќе се обврзат да не си го блокираат патот кон ЕУ во однос на билатералните прашања треба да биде стандард. Сепак, додава, проблемот е повеќе... Читать дальше...
Дванаесет претстави на театри од регионов и од нашата земја обединети под мотото „Ќе има утре!“ ќе бидат прикажани на 45 јубилеен Млад отворен театар што ќе се одржи од 24 ноември до 3 декември. Фестивалот ќе биде отворен со перформансот „Универзална во пламен“.
Во последните 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 470 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти денеска Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 8 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, еден болен е хоспитализран на Клиниката за дерматовенерологија... Читать дальше...
Потрошените речиси една милијарда евра земјоделски субвенции во изминатите години, не дадода резултат и дека многу од парите се даваат на квази-земјоделци. Нестабилно е производството на пченица, приносот е под четири тони на хектар, сортите за семе се лоши, а технологијата застарена, сточниот фонд пак, се намалува, увозот е зголемен, од традиционален производител на млеко, земјава денес е голем увозник, истакнаа од Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција. И кравите би јаделе домашна храна купена со ваучери... Читать дальше...
Предлогот за дополнување на Деловникот за работа на Собранието, по сратена постапка, што предвидува вклучување на далечина на пратеници со Ковид-19 и во самоизолација во работата на Параламентот и работните тела, е ставен на дневен ред на седницата закажана за в четврток, 26 ноември. За да се донесе Предлогот, на мнозинството му требаат 61 пратеник што во моментов ги нема поради отсуството на неколкумина пратеници од здравствени причини, дел поради Ковид-19. Опозициските партии предводени од... Читать дальше...
Или „идемо на Марс“ коментира еден од многуте на најавите на премиерот Зоран Заев за легализација на пушењето марихуана во кафулињата
Агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ соопшти дека планира да испорача 2 милијарди вакцини за ковид-19 и милијарда шприцеви следната година во „мамутска операција“ која опфаќа 92 земји во развој.
Агенцијата за деца на ООН денеска соопшти дека планира да испорача 2 милијарди вакцини против Ковид-19 и една милијарда шприцеви следната година во „мамутска операција“ која опфаќа 92 земји во развој. УНИЦЕФ, кој е најголемиот купувач на вакцини во светот, вообичаено набавува повеќе од 2 милијарди дози вакцини годишно за рутинска имунизација. „Оваа невидена експертиза вклучува координација на илјадници пратки со различни побарувања за ладен ланец, што го прави УНИЦЕФ експерт за управување со синџирот... Читать дальше...
Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Благодарност до лекарите за посветеноста во која се уверив на Инфективна клиника..., објави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кај кого пред речиси еден месец беше констатиран Ковид-19, а поради влошената состојба беше и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Македонија ќе набави 400 илјади вакцини против корона „Битката е заедничка - чувајте се... Читать дальше...
Од Министерството за внатрешн работи денеска соопштија дека во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 541 прекршок. Македонија ќе набави 400 илјади вакцини против корона Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја бранеше својата одлука за повлекување на Соединетите држави од меѓународниот договор за климатски промени, велејќи дека тој е „нефер и пристрасно“. САД на почетокот на ноември официјално се повлекоа од договорот за климатски промени постигнат во Париз на крајот на 2015 година. „Ги извлеков Соединетите држави од нефер и пристрасен договор што е многу нефер за САД“, изјави Трамп на виртуелниот самит на Групата 20 најразвиени земји во светот и земјите во развој. Читать дальше...
Три вакцини се во фаза на одобрување, а се очекува процесот да заврши до крајот на годината. Државата обезбеди 400 илјади вакцини или 800 илјади дози. Вакцинацијата пак би започнала во првото тромесечие од наредната година.
Построг систем на локални ограничувања на три нивоа ќе стапи на сила во Англија по завршувањето на мерките што се во сила до 2 декември, објави Кабинетот на премиерот. Премиерот Борис Џонсон се очекува да го претстави својот план пред пратениците денеска - вклучувајќи детали за семејните прослави и посетите за Божиќ. Предвидено е да бидат воведени построги мерки во повеќе области со цел да се одржи вирусот под контрола, а некои мерки ќе бидат засилени со цел да се зачува постигнатиот напредок, е објавено од Даунинг стрит. Читать дальше...