Низ скопските улици, колони возила и луѓе со знамиња вечерва го прославуваат историскиот пласман на Македонија на Европското фудбалско првенство, откако македонските репрезентативци ја совладаа Грузија со 1:0. Најмасовсно е во најстрогиот центар на Скопје, а дел од медиумите јавуваат и за прослави и во други градови во државата. „Победа за историја“, „Денес е Пандев ден“ се само мал дел од коментарите на социјалните мрежи и на бројните граѓани кои вечерва ја слават победата на репрезентацијата. Читать дальше...
Во изминатите 24 часа се регистрирани 1295 нови случаи на коронавирус во земјава. Биле направени 3315 тестирања. Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 539, Прилеп 92, Тетово 83, Гостивар 72, Куманово 55, Битола 50, Велес и Кичево по 40, Штип 36, Струга 35, Кавадарци 34, Кочани 32, Охрид 26, Гевгелија 24, Струмица 23, Неготино 18, Демир Хисар 16, Свети Николе и Ресен по 13, Берово 11, Крива Паланка и Пробиштип по 7, Кратово 6, Делчево 5, Радовиш, Дебар и Крушево по 3 и во Пехчево два нови случаи. Читать дальше...
Со голот на Горан Пандев во 54-тата минута, репрезентацијата на Македонија денеска со 1 – 0 ја совлада репрезентацијата на Грузија на Динамо Арената во Тбилиси и со тоа за првпат во својата историја обезбеди пласман на едно Европско фудбалско првенство кое треба да се одржи во 2021 година. Македонија и Грузија, во изминатите два месеца, два пати играа во Лигата на нации. И двата натпревари завршија со резултат 1:1. Претходно Македонија беше убедлива против Косово, како дел од квалификациите за европското фудбалско прванество. Читать дальше...
Еден авион вчера се урнал со тон и пол кокаин во џунгла во Гватемала, во близина на границата со Мексико и Белизе, соопштија денеска тамошните власти. Остатоците од авионот се пронајдени 600 километри северно од главниот град. Во авионот, чиј дел се запалил, биле пронајдени 1539 килограми кокаин во вредност од над 20 милиони долари. Засега не се знае ништо за судбината на пилотот и дали во авионот имало и други луѓе. Во понеделникот исто така се урна авион со 1028 килограми кокаин во вредност од околу 14 милиони долари. Читать дальше...
Продолжуваат опозициските протести во Ерменија против договорот со Азербејџан за окончување на шестнеделните борби во Нагорно-Карабах постигнат со посредство на Русија. Демонстрантите барат оставка од премиерот Никол Пашанијан. Неколку илјади луѓе денеска маршираат на улиците на Ереван, извикувајќи „Предавнику, оди си!“ Ерменија и Азербејџан постигнаа примирје со посредство на Русија Друг марш на опозициската група Сасна Црер беше откажан, откако полицијата ги натера да се разотидат, повикувајќи се на воената состојба... Читать дальше...
Најмалку седум припадници на меѓународните мировни сили на египетскиот полуостров Синај денеска загинаа во пад на хеликоптер, потврдија претставници на Египет и на Израел. Двете страни соопштија дека леталото паднало поради техничка неисправност и оти нема знаци дека било нападнато, пренесува Асошиејтед прес. Загинатите, меѓу кои петмина Американци и по еден Французин и Чех, биле членови на меѓународните сили кои го надгледуваат спроведувањето на мировниот договор меѓу Израел и Египет. Еден преживеан е пренесен во болница во Израел. Читать дальше...
Министерот за здравство Венко Филипче на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и д-р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки, соопшти Министерството за здравство. Нови 1321 заразени, 26 починале во изминатото деноноќие Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки, како што се посочува, ќе одлучува на состанокот в понеделник, за... Читать дальше...
Вториот бран на пандемијата на ковид-19 е во полн замав во Грција, а здравствениот систем е под голем притисок, со оглед на тоа дека заклучно со вчера, слободни се само 29 отсто од креветите на интензивна нега во болниците во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Грција воведува полициски час Од 1.104 кревети, 496 се наменети за пациенти со ковид-19, а од нив, 335, односно 67,5 проценти се веќе исполнети. Особено лоша е ситуацијата во Солун, каде што 32 отсто од направените тестови се позитивни... Читать дальше...
Собранието денеска со 60 гласа „за“ и 62 присутни во салата, го усвои дневниот ред за 21-та седница. Но поради немање услови за работа, десетте точки, пет предлог-одлуки и пет предлог- закони, кои поминаа општ претрес, ќе се гласаат во некој од наредните денови. Претседателот на Собранието Талат Џафери, пред да ја прекине седницата, информира дека шест пратеници од владејачкото мнозинство не се присутни поради ковид-19. Тој рече дека опозицијата го користи отсуството на пратениците и излегувајќи... Читать дальше...
Советот на Општина Струмица на денешната седница, по предлог на градоначалникот Коста Јаневски, донесе одлука да ѝ даде еден милион денари на ЈЗУ „Општа болница“ Струмица за помош против пандемијата од КОВИД-19. Нови 1321 заразени, 26 починале во изминатото деноноќие Средствата се од ставката за новогодишно украсување на градот, а Советот едногласно го прифати предлогот на градоначалникот. На денешната седница Советот за нов командир на Полициската станица од општа надлежност го избра Тони Божиков. Читать дальше...
Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, предупреди дека утрово во Белград немало слободно место во болници за пациенти со ковид-19 и посочи дека е крајно време „да бидеме обединети и да се откажеме од непотребни контакти во одреден иден период“. Македонија, Србија и Албанија заедно против ковид-19 На седницата на Собранието на која се дискутираше за измените и дополнувањата на Законот за заразни болести, Лончар изјави дека вчера биле отпуштени 250 ковид пациенти, но дека 600 морале да... Читать дальше...
Познатиот белоруски новинар Алех Хруздзилович е осуден на 15 дена затвор поради известување за еден од тековните масовни митинзи со кои се бара оставка од Александар Лукашенко. Судијката Мерина Јарохина, од окружниот суд Фрунзе во Минск, денеска го прогласи 61-годишниот новинар-ветеран и поранешен дописник на Радио Слободна Европа, за виновен за учество во несанкциониран масовен собир на 25 октомври. Хруздзилович се изјасни за невин, инсистирајќи на тоа дека известувал за протестот како репортер за весникот „Народнаја волја“. Читать дальше...
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека останува оптимист иако постои голема веројатност да не постигнеме договор со Бугарија, откако Софија најави дека е против одржување на првата меѓувладина седница на Северна Македонија и Европската унија за почеток на простапните преговори. „Преку оптимизам испраќаме порака дека правиме се да постигнеме решение. Јас сум истиот тој што на 11 октомври, празникот, го запознав нашиот народ дека е можно да немаме решение, односно да не се одржи првата меѓувладина... Читать дальше...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и шефот на неговата канцеларија се хоспитализирани откако се заразија со коронавирус на почетокот на оваа недела. „Зеленски и шефот на претседателската канцеларија, Андриј Јермак, се лекуваат во клиничката болница Феофанија во Киев. Таму е опремена специјална канцеларија за да му се овозможи на претседателот да одржува конференции. Тој денес одржа голем број конференциски повици“, изјави советникот на Јермак, Михајло Подолјак, во интервјуто за Интернет весникот „Украинаска правда“. Читать дальше...
Постојат три компоненти со кои ќе се решава проблемот со загадувањето во Скопје. Првата е со зачестен инспекциски надзор на индустриските капацитети, потоа стимулација на граѓаните да го користат јавниот превоз наместо автомобилите и организирано затоплување на домовите, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој посочи дека деновиве се врши сериозен мониторинг со цел опеделени индустриски капацитети да не ја злоупотребат малата видливост заради маглата, и да испуштаат недозволени гласови. Читать дальше...
Четиристотини компании ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка, соопшти денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со министерот за економија, Крешник Бектеши, во Владата. „Целта е модернизација на процесите, а со тоа и подобрување на конкурентноста и можностите за извоз што ќе придонесе со отворање на нови работни места и задржување на постојните. Секоја инвестициска активност е од значајност за земјата и опорувањето на економијата. Им симнувам капа на сите домашни... Читать дальше...
Жестоки реакции во јавноста предизвика одлуката на уставните судии да си ги зголемат додатоците за плата за една третина. Уставниот суд реагираа дека „тоа било последниот чекор кон остварување на целосна самостојност и независност на судот“.
Спремен сум денеска да се сретнам со опозицијата овде во Министерството, во нивното седиште, во Собранието... но ниту со нашата опозиција, ниту со бугарската, ниту со други политичари, немам намера да влезам во јавен политички дискурс или дебата кои може да бидат искореистени за дневно политички прашања и може да му наштетат на овој витален процес, особено сега кога тој е во завршница, изјави денеска шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање зошто не ја прифатил... Читать дальше...
Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатите 24 часа, во Ковид-центрите во Скопје, биле примени 38 пациенти со симтоми на Ковид-19. До утрово во 8 часот, вкупно 382 пациенти биле хоспитализирани во овие центрите во Скопје. „Капацитетите се генерално исполнети, но слободни места има. Во моментов, на Клиниката за дерматологија во ковид-центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на коронавирусот. Читать дальше...
Државата следната година ќе се задолжи за 530 милиони евра. Властите планираат да продаваат државен имот за да ги надоместат парите кои ќе недостигаат во касата, оти државата планира да потроши повеќе од што ќе собере. Предвидена е и резерва од 50 милиони евра за ковид-кризата.
На својата позиција како главен американски дипломат, државниот секретар Мајк Помпео е задолжен за промовирање на демократските вредности низ целиот свет. Но, забелешката што ја направи за исходот од неодамнешните претседателски избориво САД, можеби на шега, испраќа збунувачки сигнали.
Новинарот на Радио Слободна Европа, Илјас Даје, беше убиен денеска во авганистанската провинција Хелмад, откако експлодирала бомба поставена на неговиот автомобил. Омер Зак, портпарол на гувернерот на провинцијата, за Радио Слободна Европа изјави дека бомбата прикачена на автомобилот на Даје го убила новинарот и повредила уште тројца, вклучувајќи го и неговиот брат. Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот. 33-годишниот Даје работеше за Радио Слободна Европа во Авганистан, локално познато како Радио Азади. Читать дальше...
Ерменските опозициски групи планираат да ги продолжат своите протести за да побараат оставка од премиерот Никол Пашинијан поради условите за кои се согласи тој во договорот со Азербејџан, а со посредство на Русија, со што завршија борбите за отцепениот регион Нагорно-Карабах. Неколку часа пред денешниот планиран митинг, Специјалната истражна служба соопшти дека се уапсени 10 истакнати фигури на опозицијата, што опозицијата го осуди како незаконско. Анкара и Москва ќе го контролираат примирјето... Читать дальше...
Преку 50 филмови во стандардните три секции - интернационална, национална и студентска програма, три нови програми со филмови кои третираат специфични теми, детски анимирани филмови... ја чинат програмата на четвртото и прво онлајн издание на фестивалот на краток филм Drim Short 2020.
Македонската фудбалска репрезентација денеска во Тбилиси, го игра најзначајниот натпревар во својата фудбалска историја, бидејќи со победа над Грузија, Македонија за прв пат во историјата ќе се пласира на Европското првенство. Натпреварот ќе се игра на „Динамо арена“, со почеток во 18 часот. Нашиот тим нема да биде комплетен во Тбилиси, бидејќи поради повреда во Грузија воопшто не отпатува Енис Барди, а се уште не е 100 отсто сигурно дали повредениот капитен на загребски „Динамо“, Аријан Адеми... Читать дальше...