Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу новозаразени има во Скопје-546. Починати се 15 лица, шест пациенти од Прилеп (65, 65, 69, 69, 69 и 72г), пациент од Скопје (73г), од Дебар (60г), пациент од Велес (71г), пациент од Битола (64г), од Кавадарци (66г), од Демир Хисар (84г), од Свети Николе (56г), од Кичево (55г) и пациент од Ресен (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови. Читать дальше...
Министерот за здравство, Венко Филипче најави вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека додека пациент прима инфузија во истата просторија на други болнички кревети лежат двајца починати пациенти. Министерот Филипче, денеска рече дека со инспекцијата ќе утврди фактичката состојба во дневната болница. Претходно, докторката Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница во Битола, во врска со настанот што... Читать дальше...
Поранешниот пратеник и актуелен потпретседател на Владата Мухамед Зекири е назначен за нов генерален секретар на Владата. Одлуката била донесена на последната владина седница одржана денеска. Зекири неодамна си поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието веќе ја констатираше оставката. Тој доаѓа на местото на досегашниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски. Оставки на пратениците Зекири, Лукаревска, Бајрами и Дурловски Мухамед Зекири од СДСМ, заедно со Сања Лукаревска која... Читать дальше...
Италија објави дека денеска има 853 смртни случаи поврзани со ковид 19, што претставува најголемо зголемување на починати во едно деноноќие од 28 март. Министерството за здравство исто така регистрираше 23.232 новозаразени со коронавирус, за разлика од 22.930 претходниот ден. Италија беше првата западна земја погодена од вирусот и забележа 51306 жртви на Ковид-19 од избувнувањето на болеста во февруари, и беше втора земја со најголем број на жртва во Европа по Британија. Додека дневниот... Читать дальше...
Министерството за здравство информира дека бројката на хоспитализирани пациенти кои се позитивни или сомнителни на ковид-19, во земјава изнесува 1 290, а во моментов има околу 130 слободни кревети. Најголемиот дел од пациентите се примени во болниците од внатрешноста – 814, додека останатите 476 се во Скопје. 295 војници за поддршка на полицијата во здравствените објекти Најмногу пациенти во болниците надвор од Скопје во моментов има во Куманово – 118 и Охрид – 111, додека во Прилеп се хоспитализирани 104. Читать дальше...
АД Мепсо денеска излезе со соопштение во кое информира дека прекините на напојувањето во Скопскиот регион се резултат на неможноста да се ангажираат системските резерви кои не им биле ставени на располагање од АД ЕСМ До соопштението доаѓа откако претходно денеска делови од Скопје и Тетово нема струја поради дефект на 110 киловолтниот далекувод на МЕПСО. "АД МЕПСО немаше можност да изврши благовремено растоварување на електропреносната мрежа и напонска поддрша со ангажирање на хидроелектраните... Читать дальше...
Финансиските поддржувачи и развивачи на руска вакцина за коронавирус Спутник V наведуваат дека вакцинирање на едно лице ќе чини „помалку од 20 американски долари“ на меѓународните пазари, а вакцината ќе биде бесплатна за руските граѓани. Меѓународната пазарна цена за Спутник V, која беше претставена денеска, е поевтина од некои други западни конкуренти, како што е вакцината произведена од „Фајзер“, која чини повеќе од 18 долари за истрел. Сепак, руската вакцина е поскапа од онаа што ја произведува Астра... Читать дальше...
Вицепремиерот Артан Груби ги демантира информации дека е повикан во судот во Хаг за случајот „Жолта куќа“, но потврдува дека како тогаш вработен во Хашкиот трибунал бил во албанскиот град Бурел додека се водела истрагата за наводните злосторства за време на војната во Косово.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска на првиот ден од расправата за Предлог-буџетото за 2021 пред комисијата за финсирање и буџет одговарајќи на реплика рече дека државата мора да го продава својот имот, бидејќи повеќе нема простор за големи задолжувања. "Оние претпријатија кои ќе се понудат на продажба или како јавно-приватно партнерство сега претставуваат дополнителен товар за буџетот, а тоа значи помалку пари за развој. Формите како јавно-приватно партнерство и инвестициски фондови се нови начини на финансирање. Читать дальше...
Во тек е медицинско опремување на објектот на поранешната гинеколошка болница „Мала Богородица“, сегашен хотел „Ибис Стајлс“, што Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го отстапи за хоспитализација на пациенти со Ковид-19, информираат од болницата. Од таму наведуваат дека се подготвува и документација за станица за кислород што ќе биде поставена надвор од објектот за опслужување со кислород на пациентите. Во тек се и преговорите за начинот на функционирање овој ковид-центар, согласно договорот... Читать дальше...
Билингвалното образование се покажа досега како вистински репрезент на интеркултурализам, на учење за културата на францускиот народ, но и на пошироките европски вредности. Поддршката на ваков тип проекти е поддршка за прифаќање на глобални трендови и култури што се многу важни за развојот на новите генерации млади“, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, која денеска учествуваше на онлајн средба по повод билингвалните паралелки во државата, организиран од гимназијата „Орце Николов“ и Амбасадата на Франција. Читать дальше...
Сакаме да прашаме, а Заев мора веднаш да одговори, што содржи таа понуда што ја дала Владата на Заев до бугарската страна, праша денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по синоќешната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека на Бугарија ѝ е дадена понуда за договор по ветото што го стави на преговарачката рамка со Европската унија. „Во прашање се сериозни бизнис-ветувања од Зоран Заев кон бугарската страна, поголем пакет кој вклучува сериозен приватен и државен капитал, кој требало да биде продаден на бугарски фирми и бугарски бизнисмени. Читать дальше...
Руското Министерство за одбрана соопшти дека разурнувач на американската морнарица ги напуштил руските води на далечниот исток на Русија, откако бил предупреден дека може да биде нападнат. Во изјавата од Министерството се вели дека „УСС Џон С. Мекејн“ влегол на 2 километри во руските територијални води во Заливот Петар Велики, во близина на источниот руски пристанишен град Владивосток, пред да се врати назад по добивањето предупредување од бродот „Адмирал Виноградов“. „Противподморничкиот разурнувач... Читать дальше...
Во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство ќе учествуваат вкупно 295 припадници на Армијата. Оваа бројка е еластична и тоа не значи дека утре ќе излезат на терен сите, изјави денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Ова е дел од стратегијата по прогласувањето на 30-дневната кризна состојба во државата, за што, по предлог на државата, одлука донесе Владата како мерка за борба против ширењето на коронавирусот. Читать дальше...
Повикот до пратениците од опозицијата е да останат вклучени во работата на Собранието. Навреме се соопштени сите идеи. Три месеци зборуваме за тоа. Собранието нема целосно да работи онлајн. Тоа не е идејата, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. „Дополнувањето на Предлогот на Деловникот на Собранието се однесува на пратеници кои ќе имаат решение од соодветна институција и доколку состојбата им дозволува да се вклучат онлајн, односно ако се асимптоматски случаи или со лесни симптоми на домашно лекување“... Читать дальше...
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска изјави дека државата има пари за капитални инвестиции, тие ќе се инвестираат преку новиот систем и со сериозен притисок од страна на Министерството и Владата. Тој најави дека на 1 декември ќе го презентира пред јавоста предвидениот буџет на Министерството за транспопрт и врски за идната година. „Преку нашето Министерство наредната година инвестираме над 10 милиони евра во изградбата на локални улици и патишта низ државата преку Светска банка. Читать дальше...
„Колаж“ е насловен роденденскиот концерт на Филхармонија на кој в четврток, на 26 ноември од 20 часот, ќе бидат изведени дела од Камиј Сен-Санс и Карл Марија Вебер. Со оркестарот ќе диригира маестро Габриел Бабешелеа, а солист ќе биде руската виолончелистка Анастасија Кобекина.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани се 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ). „Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 25 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, девет во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца... Читать дальше...
Законот за прогласување на недела како нербаотен ден е всушност измена на Законот за работни односи во членот 134, каде што дефинираме дека недела е неработен ден, доколку со друг закон или колективен договор поинаку не е решено. Тоа е главана измена која е предвидена во законот за работни односи, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Таа на денешната прес-конференција појасни дека законот е драфтиран и дека е испратен е до сите министерства. Предлогот недела... Читать дальше...
Рускиот регулатор за медиуми, Роскомнадзор, отвори постапка против американскиот технолошки гигант Гугл, за неотстранување забранета содржина од својот пребарувач. Од Роскомнадзор синоќа изјавија дека Гугл не отстранува до 30 проценти од „опасната содржина“ од својот пребарувач. "Компанијата е обвинета за неуспехот да се усогласат со барањата на руското законодавство за отстранување на интернет ресурси кои содржат информации забранети во Русија од резултатите од пребарувањето", се вели во соопштението... Читать дальше...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 23 ноември го одобри почетокот на транзицијата кон тимот на избраниот претседател Џо Бајден, скоро три недели по изборите. Трамп рече дека се согласува со одлуката на федералната агенција да ја започне транзицијата.
Деветиот по ред Самит Македонија 2025 годинава ќе се одржи во хибридна/дигитална форма од 1 до 3 декември, преку онлајн конференциската платформа hopin.com и на него своите знаења и искуства ќе ги споделат најдобрите имиња во бизнисот, науката и технологијата. Во фокус на самитот ќе бидат економските реформи и заздравувањето на економиите, а според најавата на Македонија 2025, се очекува вклучување на над 400 високи претставници на институции и организации, дипломати, извршни директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери. Читать дальше...
Формирана е интерпарламентарна група од 39 пратеници од девет политички партии, кои преку подобри законски решенија ќе се борат против загадувањето и климатските промени. Групата е формирана на иницијатива на граѓанската организација „О2 Иницијатива.“
Министерството за внатрешни работи претпладнево информираше дека во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на Северна Македонија, санкционирани се 615 лица за прекршување на мерката за носење лична заштита на лице. Ковид 19: Рестриктивните мерки во Европа даваат резултати Министерството за внатрешни работи и денеска апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. Носењето заштитна маска за лице е задолжителна и на отворен јавен простор... Читать дальше...
Италија, првата земја во Европа погодена од епидемијата на коронавирусот во минатата пролет, вчера го премина прагот од 50.000 смртни случаи од тој вирус, објавија тамошните власти. Карантинот ја зауздува пандемијата во Европа, САД во расчекор Во таа земја, во последните 24 часа починаа 630 лица, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е над 50.400. Италијанските власти наведуваат дека од 1 септември починале 15.000 луѓе, додека вкупно се заразени над 1,4 милиони.