Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на ковид-19. Најмногу од нив се во: Скопје-321, Куманово-69, Дебар-10, Штип-38, Прилеп-77, Тетово-79, Струга-44, Велес-44, Битола-65, Охрид-36, Кавадарци-26, Гостивар-60, Гевгелија-19, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-3, Кочани-44, Пробиштип-6, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-23, Валандово-12, Виница-11, Делчево-13, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-12, Ресен-16, Неготино-22. Читать дальше...
Сопствениците на трите приватните болници во Скопје вечерва постигнале договор со министерот Венко Филипче, болницата Мала Богородица да се користи како нов ковид центар во кој ќе може да се сместат 100 пациенти. Овој беше втор состанок во Министерството за здравство, на кој одлучувале околу начинот на кој приватните болници ќе се вклучат со лекување на пациенти заразени со Ковид-19. „Вечерва постигнавме договор и постигнавме капацитет од 100 кревети. Заеднички се договоривме болницата „Мала Богородица“ старата „Систина“... Читать дальше...
Еден од најважните босански и регионални актери, Мустафа Надаревиќ, почина во Загреб на 77-годишна возраст, по долга борба со тешко боледување, потврди директорот на Сараевскиот камерен театар 55, Емир Хаџихафизбеговиќ, за Радио Слободна Европа (РСЕ). Веста за смртта на актерот ја пренесoa Јавниот сервис на Босна и Херцеговина и Хрватската радио телевизија. "Денес во 12 часот еден голем човек и актер се пресели во подобар свет. Мојот пример и мојот брат. Моето глумечко алтер его, Мустафа Надаревиќ"... Читать дальше...
Демонстрантите во Минск денеска се собраа на нов протест со барање за заминување на Александар Лукашенко и распишување нови претседателски избори во Белорусија. Групите за права соопштија дека десетици луѓе се приведени додека се собирале во знак на протест на неколку места во Минск, извикувајќи „Да живее Белорусија“ и носејќи го црвено-белото белоруско знаме. Македонија се придружува на санкциите на ЕУ кон Белорусија Организаторите на протестот побараа од луѓето да се соберат на различни места... Читать дальше...
Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека поставеноста на системот на интерните клиники во Скопје покажала дека добро функционира, дава резултати во поголем број оздравени пациенти и доволен број слободни кревети. „Капацитетите брзо се пополнуваат, но скоро воопшто не се чека за хоспитализација, не само на пациенти од Скопје, туку од секаде низ државата.Овој критичен период ќе продолжи и во наредните недели, целиот кадар на јавно-здравствените установи е мобилизиран, а притисокот... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема скриен мотив во неговата одлука да не му честита на новоизбраниот претседател на Соединетите Држави, Џо Бајден, наведувајќи дека Кремљ „само чека на крај на внатрешниот политички конфликт“ во САД. „Сакам да ве уверам дека нема позадина, не е важно дали некој ни се допаѓа или не, само чекаме крај на внатрешно-политичката конфронтација“, рече Путин во интервјуто кое денеска го пренесе руската државна телевизија. Путин рече дека негирањето на... Читать дальше...
Во криптата на храмот Свети Сава во Белград, денеска беше погребан поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј. Со погребната литургија и опело служеше митрополитот Дабро-Босански Хризостом, со учество на владиците и свештенството на Српската православна црква и гости од други православни цркви, меѓу кои беше и вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион. На погребот присуствуваше целиот државен врв на чело со претседателот Александар Вучиќ, членот на претседателството на БиХ Милорад Додик... Читать дальше...
НАТО и ЕУ не презентираа конкретни предлози за ставање крај на воениот конфликт во Нагорно Карабах, додека Руската Федерација и Турција успеаја да постигнат примирје во регионот, изјави денеска Ибрахим Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој информираше за продолжување на преговорите со Русија за формирање и функционирање на центар за набљудување за контрола на примирјето во Нагорно Карабах. „Првата фаза од дијалогот е завршена, во која учествуваат претставници на Министерството за одбрана... Читать дальше...
Неколку недели по втор бран на коронавирусот, некои земји во Европа се обидуваат да ги олабават строгите мерки со кои се ограничува ширењето на вирусот. Потенцијалното повторно олабавување на здравствената политика доаѓа еден месец до Божиќните празници, поради загриженоста за социјалните и економските влијанија на рестриктивните мерки. Малопродажниот и услужниот сектор се на удар на ограничувањата на коронавирусот, предизвикувајќи загриженост дека продолжените блокирања ќе ги втурнат европските економии во двојна рецесија. Читать дальше...
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 474 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, петмина во ковид-центарот на Клниката за Неврологија, седум болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија... Читать дальше...
Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 685 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19. Носењето маска е дел од мерките за справување со ковид-19. Со измени на Законот за заштита на населението од заразни болести на сила ќе стапат и мерките за задолжително носење на заштитни маски на отворено, потоа забрана за групирања надвор... Читать дальше...
Израелски борбени авиони и хеликоптери нападнаа неколку цели во појасот Газа како одговор на ракетата истрелана од таа палестинска територија, објави денеска израелската армија, а пренесува агенцијата АП. Според армијата, погодени се објекти за производство на оружје, подземна инфраструктура и полигон за обука на поморските сили на Хамас. Во саботата вечерта, палестинските милитанти истрелале ракета кон Израел, што ги вклучи сирените во градот Ашкелон на југот на земјата. „Терористичката организација... Читать дальше...
По повод Денот на албанската азбука 22 ноември честитка до албанскиот народ испратија премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери. Претседателот на Владата потенцира дека ја потврдуваме заедничката определба за унапредување на енитчката и културната разноликот, во рамки на чествувањето на Денот на албанската азбука. „Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува посебностите на јазикот и писмото на секоја нејзина заедница. На тоа нè повикуваат и европските вредности... Читать дальше...
Специјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 предвиде трет бран пандемија во Европа на почетокот на 2021 година, доколку владите го повторат неуспехот со спречување на вирусот. „Тие не ја изградија потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако го ставија под контрола првиот бран на зараза.Сега имаме втор бран. Ако тие не ја изградат потребната инфраструктура, ќе имаме трет бран на почетокот на следната година“ , рече претставникот на СЗО, Давид Набаро, во интервју за швајцарските медиуми. Читать дальше...
Црногорскиот митрополит Михаило ја обвини Српската православна црква (СПЦ) за непочитување на мерките против коронавирусот и изложување на верниците на голема опасност, но и за манипулирање со датумите на смрт на митрополитот на СПЦ во Црна Гора Амфилохие и на српскиот патријарх Иринеј. „Оние што тврдеа дека на верски собири не можно заразување со коронавирус, ги изманипулираа верници за политички цели, без да го земат предвид нивното здравје, само за да ја добијат власта на изборите во август... Читать дальше...
Федерален судија ја отфрли тужбата на претседателот Доналд Трамп за изборната кампања, со која се тој обидуваше да спречи сертифицирање на милиони гласачки ливчиња во Пенсилванија. Пресудата од 21 ноември е последниот удар врз обидот на Трамп да ги поништи резултатите преку низа судски процеси и други маневри. Американскиот окружен судија Метју Бран во својата пресуда напиша дека Трамп користел „правни аргументи без основа и шпекулативни обвинувања непоткрепени со докази“. „Во Соединетите Американски Држави... Читать дальше...
Ставот за македонскиот јазик е на дел бугарски академици, не на сите. Деновиве следиме дека за дневно политички потреби ги користат оние што велат дека ние сме некоја дијалектна форма, вели Елена Јованова - Грујовска, директорката на Инстутутот за македонски јазик во неделното интервју на РСЕ.
Македонскиот јазик имаа соодветен развој на сите рамништа – фонетски, морфолошки, синтаксички, лексички развој, што потврдува дека станува збор за различни јазици, а на за дијалект, вели Елена Јованова - Грујовска од Институтот Крсте Мисирков.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Во утринските часови дуваше слаб до умерен северен ветер, но во текот на денот ќе го промени правецот во југоисточен и ќе биде со слаб интензитет. Минималната температура се движи во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.