Со свирежи во салата и транспарент „Кацарска извршител на мафијата“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска, во рамки на 20. собраниска седница, изразија револт против предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за уставен судија.
Ова е уште еден доказ, обвинија опозициските пратеници, дека продолжува мешањето на извршната во судската власт и дека премиерот Зоран Заев продолжува на дрзок и манипулативен начин да ги наградува послушните судии.
„Од „сваровски“ стигнавме до „кацарска“ судство во кое Кацарска, како прекршувач на Уставот и основните човекови права, се предлага и ќе биде избрана за уставен судија. Остануваме на статусот „кадија те тужи, кадија те суди“, односно на времето на „заевизмот“ и „заевистичкото“ мешање во сите власти. По овој пример можеме да очекуваме Заев да ја именува Лидија Димова за министер за финансии, Катица Јанева за министерка за правда, а Боки 13 за директор за Фондот на иновации, реагираше Дафина Стојановска пред чиј микрофон беше поставен написот „Стоп за трас – трас уставне судија“.
Кацарска предложена за Уставен судија, ВМРО-ДПМНЕ вели тоа е „награда од мафијата
Претседателот на Собранието, Талат Џафери свирењето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го нарече инвентивно и го квалификува како напредок од „времето на тенџерињата“.
„Ова е демократија. Дајте ми барем и мене свирче. Се надевам дека Европската комиисја ова ќе го нотира во следниот Извештај како слобода на изразување“, истакна Џафери.