Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена, а на места повремена облачност со услови за слаб локален дожд. По одделни котлини, особено претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 11 Целзиусови степени, Маврово 9, Охрид 14, Битола и Кавадарци 15, Крива Паланка 13, Берово 12, Дојран 18 степени. И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Читать дальше...