ВМРО-ДПМНЕ го промени статутот на партијата и го огранички мандатот на претседателот. Претседателот ќе има мандат од 4 години, со право на резибор уште два пати, но третиот пат тоа мора да биде одобрено од две-третини од членовите на телата и органите на партијата. Ваквата одлука е донесена на вечерашанта седница на Централниот комитет на партијата. На седницата е донесена одлука да се овласти лидерот на партијата Христијан Мицкоски да се обиде да состави влада, односно да обезбеди парламентарно мнозинство. Читать дальше...
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари изјави дека заедно со Алтернатива идниот понеделник ќе одржат протестен марш со пораката „Доста е“, со цел да го изразат револтот против злоупотреба на гласовите и полнење на кутиите на изборите. Тој за ТВ 24 рече дека протестот ќе почне од скопски Чаир, а предвидено е да заврши пред канцеларијата на ЕУ во Скопје и пред Државната изборна комисија. Таравари вели дека располагаат со имиња и презимиња дека гласале починати, а за тоа била информирана и Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Читать дальше...
Вашингтон се обидува да изгради меѓународна коалиција за да се спротивстави на влијанието на Кина, рече денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео, при посетата на Лондон. Тој го обвини Пекинг дека ја искористи пандемијата на коронавирус за сопствени интереси. Помпео денеска се сретна до британскиот премиер Борис Џонсон и други британски политичари, а разговорите ги опиша како искрени. Тензиите меѓу Западот и Кина се зголемија поради недостигот на транспарентност од страна на Пекинг во врска со појавата на пандемијата... Читать дальше...
Соединетите Американски држави обвинија двајца кинески хакери за напади на компании нив цел свет, вклучително и на компании кои работат на развивање вакцини против ковид-19. САД обвинува дека хакерите тоа го правеле цела декада, а понекогаш и во соработка со владата. Со обвинението, објавено денеска од Министерството за правда, исто така хакерите се обвинуваат и за напади на невладини организации, дисиденти и активисти за човекови права во САД и во Кина. Обвинението доаѓа во исто време кога државниот... Читать дальше...
Во Хрватска утре ќе биде конституиран 10. парламентарен состав од независноста на земјата. Седницата ќе се одржи по 17 денови по изборите, со посебни епидемиолошки мерки. Саборот до крајот на неделата треба да ја потврди новата хрватска Влада на мандатарот Андреј Пленковиќ, која ќе има 16 наместо досегашните 20 ресори. Својата прва конститутивна седница Саборот ќе ја одржи почитувајќи ги епидемиолошките мерки, сите ќе носат заштитни маски, а ќе биде обезбедена и неопходната физичка дистанца. Избори во Хрватска- победа на ХДЗ... Читать дальше...
До Управниот суд денеска до 18 часот тужби поднеле две политички партии Интегра и Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и еден граѓанин за повреда на избирачко право. Од Управниот суд за МИА информираат дека освен официјално заведените две, пристигнале уште 75 тужби од Алијанса и Алтернатива. „Во тек се заведува на тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива по што ќе биде објавено на веб страницата“, информираат од Управен суд. Во Управниот суд во тек е јавна расправа по поднесената тужба од Живка Арсовска... Читать дальше...
Косовскиот премиер Авдулах Хоти, по денешниот состанок на Форумот на политички партии, го именува неговиот советник, поранешниот министер за внатрешни работи на Косово, Скендер Хисени, за државен координатор за дијалогот со Србија. По денешното именување, се очекува задутре, на 23 јули, Хисени да отпатува за Брисел, на продолжување на дијалогот со Србија на експертско ниво. Според најавите од Приштина и Белград, по средбата на Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ, што се одржа во Брисел минатиот четврток... Читать дальше...
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека процесот на преговори за формирање на новата влада ќе почне по Илинден. Тој вели дека мандатот за состав на влада го има тој, оти СДСМ и коалицијата „Можеме“ на овие избори обезбеди најмногу пратеници. Заев во интервјуто за А1он вели дека за коалицирање ќе разговараат со сите партии кои се подготвени да го прифатат европскиот, демократскиот и слободарскиот концепт на земјата, најавувајќи дека процесот на преговори за формирање на нов состав на владата ќе почнат веднаш по илинденските празници. Читать дальше...
Долниот дома на руската Дума (Парламент) го одобри конечниот нацрт закон со кој се овозможува гласањето за време на изборите да трае три дена. Законот го поддржаа 344 пратеници, а 51 беа против. Одлуката дали гласањето ќе трае повеќе дена треба да ја донесат надлежните за изборни дејствија. Организациите за човекови права во Русија остро го критикуваа предлог-законот за повеќедневно гласање, велејќи дека на тој начин носителите на моќ ќе имаат повеќе контрола над изборите и повеќе можности да си ги остварат своите цели. Читать дальше...
Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека имал конструктивен разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, во време кога и двете земји се обидуваат да се спротивстават на растечкото влијание на Кина. Помпео и Џонсон денеска се состана во Лондон. Разговорот бил фокусиран на случувањата во поранешната британска колонија Хонгконг, кршењето на човековите права во Ксинџијанг и на кинеската мобилна технологија. Средбата меѓу Помпео и Џонсон доаѓа откако Велика Британија го суспендира договорот за екстрадиција со Хонгконг... Читать дальше...
Без резултат завршија преговорите меѓу стручните тимови на Владата на Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ) за законот за слобода на религијата. По состанокот премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ изјави дека и покрај бројните отстапки од стана на тимот на црногорската власта, денешните преговорите не завршиле успешно. На вториот круг експертски преговори се согласиле државата, а не црквата да докажува утврдување на записи од регистар на земјиште од управна постапка во редовна судска постапка. Читать дальше...
Од 295 позитивни случаи на ковид-19 кај туристите во Грција, 76 отсто, односно 225 се од балканските земји, а Србија е прва со најголем број заразени, соопшти денесказаменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас. Хардаљас објасни дека од 1 до 19 јули, односно од отворањето на границите, во Грција влегле 918.032 лица, од кои мнозинството, над 620.000 се туристи кои авионски пристигнале во земјата. Биле направени вкупно 127.900 тестови на туристи и откриени 295 позитивни случаи, од кои 186 се од копнените граници . Читать дальше...
Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска достави предлог-закон до Парламентот, кој предвидува посилна контрола врз социјалните мрежи. Главните социјални мрежи како Твитер и Фејсбук ќе треба да имаат претставник во Турција, во спротивно нивниот домет ќе биде намален, се наведува во текстот. Социјалните мрежи исто така ќе треба да ги почитуваат наредбите на турскиот суд за отстранување одредена содржина во рок од 24 часа, а предвидени се и сериозни казни во случај на непочитување на судските наредби. Читать дальше...
Министерството за труд и социјална политика информира дека на работничките што се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство ќе им трае сè додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус. За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба, со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување продолжува да тече и... Читать дальше...
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, 69 оздравени пациенти и нема починати во последното деноноќие. Новозаразените се регитрирани во Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-1. КОВИД 19: Почнува производство на експериментална... Читать дальше...
На годинашната прослава на националниот празник Илинден претседателот на државата Стево Пендаровски треба да ја предводи делегацијата во Пелинце, претседателот на Собранието во оставка Талат Џафери во Крушево, а премиерот Оливер Спасовски ќе биде во Скопје. Според владиниот заклучок од 76.седница, Организацискиот одбор за прославата на националниот празник Илинден 2020 година го предводи премиерот Оливер Спасовски, а во одборот да бидат вклучени претставници на Канцеларијата на претседателот на... Читать дальше...
Комисијата за безбедност и разузнавање на британскиот Парламент денеска соопшти дека „Русија интервенирала во референдумот во Шкотска во 2014 година, а британската Влада не успеа да побара темелна истрага за евентуалното директно мешање на Кремљ во гласањето за Брегзит“, јави АП. Во денешното соопштение се наведува дека Комисијата дошла до веродостојни коментари од независни извори кои укажуваат на тоа дека Русија презела активности за да влијае на исходот од референдумот во 2014 година во Шкотска. Читать дальше...
Владата на денешната седница го усвои протоколот за организирање државни настани, а го донесе и Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година, соопшти владината прес-служба. Според соопштението, Владата дала согласност за отпочнување на процесот за пристапување кон европската рамковна програма за истражување и иновации „Хоризонт Европа 2021-2027". Владата денеска ги усвои и информациите за напредокот на Република Македонија во делот на... Читать дальше...
Бугарските пратеници не ѝ изгласаа недоверба на бугарската влада, јави Ројтерс. Премиерот Бојко Борисов „го преживеа“ гласањето за недоверба што го бараа опозициските социјалисти, кои ја обвинуваат дека не успеала да ја искорени ендемската корупција. Против изгласувањето на недоверба беа 124 пратеници во парламентот кој има 240места, додека 102 пратеници гласале „за“. ФОТОГАЛЕРИЈА - „Време е да одлетате“ - протестите во Бугарија и барањата на народот Веќе скоро две недели, илјадници Бугари... Читать дальше...
Поради влошување на здравствената состојба на таткото на Бојан Јовановски - Боки 13, Миле Јовановски, судењето за „Меѓународен сојуз“ беше прекинато на 30 минути, но се уште не е почнато и нема информации дали ќе продолжи. Претходно, Јовановски на воведните зборови за „Меѓународен Сојуз“, реагираше дека такви „лаги за оваа организација може да смисли само девијантен и криминален ум“. Обвинителката Вилма Русковска, во воведните зборови, рече дека Обвинителството има докази дека тие пари завршиле кај Бојан Јовановски... Читать дальше...
Oколу 350 лекари од Србија, здружени во група под името „Обединети против Ковид“, во отворено писмо до Владата и други надлежни институции, се оградуваат од републичкиот Кризен штаб за борба против Ковид-19 и бараат негова смена, оценувајќи дека Србија се наоѓа во „јавно-здравствена катастрофа“. Српските медиуми јавија дека лекарите кои го потпишале отвореното писмо бараат да се формира нов Кризен штаб, да се испитаат обвинувањата за прикривање на податоците и да се запре „заплашувањето и политизацијата... Читать дальше...
Во напад на бомбаш самоубиец врз конвој на авганистанската армија, во округот Сајед Абад во авганистанската провинција Вардак, загинаа осуммина војници, јави АП. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. Претставник на авганистанското Министерство за одбрана изјави дека бомбашот самоубиец во возилото активирал експлозивна направа во округот Сајед Абад во провинцијата Вардак и убил осум, а ранил девет војници.
Владата се задолжи за да му помогне на стопанството да ја преживее корона-кризата, но тие пари не се бесконечни. Економистите очекуваат граѓаните да ги почувствуваат вистинските економски последици од корона-кризата наесен.
Лидерите на Европската унија се договорија за пакетот економска помош заради коронавирусот вреден 750 милијарди евра. Тој е постигнат на четвртиот ден од разговорите обележани со расправии околу распределбата на средствата што треба да им помогнат на земјите кои се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус.
Имаме докази дека тие пари завршиле кај Бојан Јовановски, а оштетените никогаш не ги побарале парите и никогаш не прашале до каде е проектот, рече денеска обвинителката Вилма Рускоска во образложението на обвинението во случајот „Меѓународен сојуз“. Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра. Русковска тврди дека Обвинителството... Читать дальше...