Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека е позитивен на коронавирус, но дека нема никакви симптоми и дека го надминал без хоспитализација. Тој на средбата со полициските службеници изгледал уморно и со зарипнат глас, јавуват медиумите. „Се извинувам за мојот глас. Морав многу да зборувам во последно време. Но, најизненадувачи е што пред вас личност која го помина коронавирусот на нозе, без асимптоматски,“ изјавил Лукашенко, додавајќи дека како што порано рекол, 97 проценти... Читать дальше...
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијаков го обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за изборниот пораз и му порачува дека ако не успее да состави Влада тогаш ќе мора да поднесе одговорност затоа што му овозможил на СДСМ повторно да формира Влада. Мијалков во пост на официјалниот фејсбук профил директно му се обраќа на Мицкоски посочувајќи дека во изминативе три години направил многу грешки. „Твоите грешки, за жал ги плаќа ВМРО ДПМНЕ , а тие резултираа... Читать дальше...
Муслиманските верници избрани за аџилак денеска го завршуваат карантинот, а утре заминуваат на местото за аџилак во Мека. На аџилакот ќе присуствуваат меѓу една и 10 илјади верници, соопштија саудиските власти. Обично на годишното верско собирање има околу 2,5 милиони верници. Властите наведоа дека годинашна грижа им е заштита на верниците од коронавирусот. Верниците претходно беа прегледани и ставени во карантин. Нивниот багаж е дезинфициран, а некои верници рекле дека добиле електронски нараквици за да се следи нивното движење. Читать дальше...
Додека во остатокот од Европа расте бројот на случаи на коронавирус, во Шведска продолжува опаѓачкиот тренд по оспоруваниот пристап за земјата во однос на пандемијата. Во Шведска, за разлика од речиси сите земји во Европа немаше драстички мерки за спречување на ширењето на болеста, како затворање на бизниси. „Кривата се спушта, а кривите за тешко заболени почнаа да се спуштаат многу блиски до нула. Во целина, тоа е многу позитивно“, рече главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел. Ни во Шведска... Читать дальше...
Македонската влада денеска одлучи да испрати еден армиски вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година. Владата на денешната седница го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во операцијата КФОР на Косово и да ја извести Владата за преземените мерки во врска со учество на земјава во операцијата на НАТО во Косово најдоцна до 15 декември годинава. Читать дальше...
Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет Јустинијан Први во разговор за Радио Слободна Европа оценува дека владата треба да има неколку приоритети. Марковиќ меѓу нив ги набројува здравството, економијата и образованието. Тој вели дека изборните резултати упатуваат порака до раководствата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.
Откако огромната економија на Кина започнува одново да заздравува од тешката пандемија, очајните земји од Централна Азија се повеќе својата економска и политичка иднина почнаа да ја врзуваат за Пекинг.
Барања за субвенции во земјоделското и сточарското производство може да се поднесуваат до петок неделава. Надлежните велат дека пари за субвенции има. Земјоделците пак, со поделени мислења околу потребата од оваа финансиска инјекција
ЗНМ од почетокот на годинава регистрирало 12 напади врз новинари, за разлика од минатата година кога за цела година имало четири напади. Најголем дел од нападите се закани, а две третини од нападите се врз новинарки. Медиумските здруженија бараат нападите врз новинари да се гонат по службена должност.