Мы в Telegram
Добавить новость

С 1 мая в России будет проиндексирована пенсия

В РФ утвердили правила получения статуса для художников-ювелиров

В Москве продолжается строительство электродепо «Южное»

Москвичей предупредили о мошенниках, представляющихся коммунальщиками



World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Июль
2020
25

Новости за 30.07.2020

SlobodnaEvropa.mk 

Сопругата на бразилскиот претседател заразена со коронавирус

Mишел Болсонаро, сопругата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, е заразена со коронавирус, соопшти денеска кабинетот на Болсонаро, неколку дена откако претседателот, кој исто така беше инфициран, оздраве. Првата дама на Бразил, која има 38 година, била позитивна на тестот на коронавирус и се чувствува добро. Претседателот Болсонаро на 7 јули соопшти дека е заразен со коронавирусот, за кој претходно тврдеше дека е како „мал грип“, но од тој вирус во Бразил починаа повеќе од 90 илјади луѓе. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата ги објави фирмите што зеле државна помош, а не им дале плата на вработените

Владата ја објави листата на фирми кои зеле државна помош, но на вработените не им исплатиле плати. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска пред неколку дена соопшти дека неколку стотина фирми кои зеле државна помош за исплата на минимална плата од 14500 денари не им ги дале парите на работниците и во време на пандемија 1700 вработени останале без плата, а уште 52 илјади добиле пониска плата од минималната. Фирмите на тој начин за себе си задржале околу 2 милиони евра. Лукаревска се закани дека ако не ги исплатат платите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Почина поранешниот претседател на Тајван Ли Tенг Хуи

Поранешниот претседател на Тајван Ли Тенг Хуи (97), познат во улогата во политичката транзиција во земјата, почина денеска, соопшти болницата во која беше сместен, објави Франс прес. Ли беше претседател на Тајван од 1988 до 2000 година, а стана прв директно избран претседател на земјата во 1996 година. Се смета за заслужен за унапредување на демократијата во Тајван, со тоа што поддржа воведување директни избори за претседател и за пратеници. Тој беше во болница од февруари, а во последните години имаше хронични заболувања.

SlobodnaEvropa.mk 

Ерупција на вулканот Телика во Никарагва

Вулканот Телика, еден од најактивните во Никарагва, денеска почна да еруптира. По низа експлозии вулканот почна да исфрла пепел до 60 метри во височина, соопштија денеска локалните власти, наведувајќи дека не е причинета материјална штета. „Вулканот в среда имаше десет експлозии и исфрлање на пепел“, наведоа властите. Пепелта повторно паѓа во кратерот. Вулканот е на 1060 метри надморска височина и е еден од најактивните во Никарагва. Имаше ерупции во 1982, 1986, 1994, 1998 и 2008 година.

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ воведе санкции за Руси и Кинези вмешани во сајбер-напади

ЕУ за првпат воведе санкции против луѓе и правни лица поради извршени сајбер-напади. Санкции се воведени против четворица Руси и една единица на руското воено разузнавање ГРУ. Санкции се воведени и против две правни лица од Кина и едно од Северна Кореја, како и против двајца Кинези. „Ќе бидат преземени рестриктивни мерки против шест лица и три субјекти „одговорни за вмешаност во различни сајбер-напади“, вклучувајќи го и обидот за хакирање на Организацијата за забрана на хемиско оружје, соопшти денеска Европскиот совет. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Битола беше град со релативно малку заболени, а сега бројката расте

До 26 јули Битола имаше 55 активни случаи, Прилеп 51, а Ресен 46. На 10 јули, пак, оваа бројка во Битола беше 24, во Прилеп 58, а Ресен 88. Кризниот штаб на Општина Битола соопшти дека присутна е појава на асимптоматски случаи, а возрасната граница кај заболените во Битола се спушта,

SlobodnaEvropa.mk 

Швеѓаните да работат од дома до 2021 година

Шведска, која го привлече вниманието со благата стратегија во порбата против коронавирусот, денеска повика на работа од дома, барем до Нова година. Во земјата досега се регистрирани над 80 илјади инфицирани со коронавирус. Мерката има за цел намалување на бројот на луѓе во јавниот превоз, откако властите забележаа зголемен број контакти меѓу луѓето, што претставува голем ризик од понатамошно ширење на вирусот наесен. Ни во Шведска не е сè така слободно Од почетокот на епидемијата во Шведска се регистрирани 80100 случаи на коронавирус... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп навести можно одложување на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп навести можност за одложување на претседателските избори во ноември поради неоснованите стравувања дека зголеменото гласање по пошта може да резултира со измама и неточни резултати. Само Конгресот може да донесе одлука за одложување на изборите. Денеска на Твитер тој напиша дека со универзалното гласање по пошта, ова „ќе бидат најнеточните и измамнички избори во историјата“. „Одложување на изборите додека луѓето не можат правилно, безбедно и сигурно да гласаат???“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот Парламент ги усвои уставните измени со кои се укинуваат предизборните коалиции

Со мнозинство гласови, албанскиот Парламентот го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната, опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот на Републиката, со што се укинуваат изборни коалиции. Како што и се очекуваше, немаше изненадување во гласањето. За измените гласаа 106 пратеници, против беа 10 додека шест пратеници не присуствуваа на седницата. Вонпарламентарната опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, се спротивстави на овие измени... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Откажан Охридскиот пливачки маратон

Охридскиот пливачки маратoн, една од најпознатите и напосетените спортски манифестации кај нас, е откажан и нема да се одржува летово, соопшти Пливачката федерација на Македонија. Оттаму додаваат дека е откажана целата серија на ФИНА поради пандемијата на коронавирусот. Од Федерацијата велат дека до година тие повторно ќе бидат дел од светскиот календар и дека ќе ги организираат двете.

SlobodnaEvropa.mk 

НАСА го лансираше „Персеверенс“ на Марс

Со денешното лансирање на роверот „Персеверенс“, НАСА ја почна својата најнова мисија на Марс - до сега најамбициозен обид да пронајде докази дали некогаш имало живот на т.н. црвена планета. Роверот ќе патува 480 милиони километри, односно 7 месеци, пред да се спушти во кратерот Езеро. Тој носи научни експерименти кои ќе се обидат да детектираат фосилизирани траги на живот. Пред неколку милијарди години, кога Марс бил повлажен, кратерот содржел езеро, во кое можеби имало услови за живот за примитивни организми, како микроби. Читать дальше...




SlobodnaEvropa.mk 

Работната група за „Скопје 2014“ бара да се врати стариот лик на фасадите во Мал ринг

Работната група за справување со последиците од т.н. Проект „Скопје 2014“ упати допис по повод јавната анкета за ДУП Мал Ринг на Општина Центар, со барање да бидат обележани и дислоцирани сите незаконски подигнати споменици, како и да биде вратен стариот лик на фасите во тој дел од градот. Работната група соопшти дека според основа на увидот во целокупната документација, утврдила дека при одлучувањето, финансирањето, изработувањето и подигањето на спомениците и другите артефакти, во сите случаи... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 119 случаи на Ковид-19 и четворица починати

Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на Ковид-19, четворица починати и 89 оздравени. Новозаразените се регистрирани во Скопје-35, Куманово-15, Штип-17, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-3, Велес-3, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Кочани-1, Демир Хисар-5, Берово-1, Свети Николе-1, Кичево-8 и во Ресен-1. Регистрирани 355 прекршоци за неносење маска за лице „Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (65, 66 и 73 години) и... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Утре ќе се одлучува за новите цени на струјата и парното

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), според најавите, утре треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година. Пред десетина дена, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, потврди дека сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со Ковид-19.... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сајбер нападите се политички мотивирани

Веб страницата на министерството за здравство и натаму не е функционална по последниот хакерски напад. Падната е и страницата на Агенцијата за поддршка на туризмот веќе неколку денови. Обвинителството покрена и предистражна постапка за хакерскиот напад врз ДИК. Причините за последните хакерски напади најверојатно се политички мотивирани од незадоволни индивидуалци, вели консултантот за компјутерска безбедност Мане Пиперевски.

SlobodnaEvropa.mk 

Новиот поглавар на ИВЗ позитивен на Ковид-19

Вршителот на должноста поглавар на Исламската верска заедница, Шаќир ефенди Фетаи, на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19. „Грижејќи се за моето семејство, моите соработници, како и сите верници и граѓани, решив да направам тест за ковид 19. За жал, тој излезе позитивен. Во моментов, сè е нормално и нема никакви проблеми, ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација. Таква е одлуката на Алах. Апелирам до сите граѓани да бидат... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кој е „Шиши“ за кого велат дека ја контролира бугарската влада?

Делјан Пеевски е моќен бизнисмен, медиумски магнат и пратеник од бугарското опозициско Движење за права и слобода (ДПС). Во деловната и политичката сцена, Пеевски сега е во центарот на политичките обвинувања што го наведоа премиерот Бојко Борисов да го реконструира својот кабинет во минатата недела.

SlobodnaEvropa.mk 

Продажбата на станови се намалува, но цената расте

Во вториот квартал од годината, кога почна пандемијата со коронавирусот, во Македонија се продале 1134 станови, што е за речиси 300 помалку во споредба со првиот квартал од годината. Но и покрај тоа цената на метар квадратен не паѓа. Просечната цена за квадрат е за околу 2000 денари повисока. Аеродром е рекордер по продадени станови.

SlobodnaEvropa.mk 

Угостителите бараат протоколи за да организираат свадби и прослави

Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска се сретнаа со Комисијата за заразни болести на која угостителите повторно ја искажаа неопходноста од донесување соодветни протоколи кои би се почитувале за контролирано одржување на прослави и настани во угостителските објекти. Како што соопштија од ССК, донесувањето на протоколите е важно за да се спречи организирање прослави во домашни услови без соодветни безбедносни протоколи. Подпретседателот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Регистрирани 355 прекршоци за неносење маска за лице

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење заштитна маска регистрирани се 355 прекршоци, информираат од МВР. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска е Светски ден против трговијата со луѓе

Обединетите нации соопштија дека годинава Светскиот ден против трговијата со луѓе е фокусирана на оние што се првите редови во борбата против оваа појава. Станува збор за луѓе кои работат во различни сектори - идентификување, поддршка, советување и барање правда за жртвите на трговија со луѓе, како и казнување на трговците со луѓе. Коронавирусот ја зголемува трговијата со луѓе За време на кризата со ковид-19 нивната суштинска улога стана уште поважна, особено што ограничувањата наметнати од пандемијата ја отежнаа нивната работа. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

УЈП им се закани на неплаќачите на плата дека „ќе им ги повреди чувствата“

Фирми зеле помош од државата да исплатат плата за време на пандемијата, но работниците не виделе денар од нив. Веројатно субвенционирале купување некаков џип. УЈП се закани со остри мерки – ќе ги објави имињата на тие фирми.

SlobodnaEvropa.mk 

НАСА за денеска најави лансирање на ровер на Марс

Мисијата за испраќање вселенско возило на Марс во вредност од 2,7 милијарди долари, според очекувањата, денеска би требало да стартува од Кејп Канаверал на Флорида за кога е најавено лансирањето на ракетата “Атлас 5”. Од НАСА велат дека се било проверено „Сите вклучени во овој настан, од тимот на вселенското летало до тимот за лансирање возила со нетрпение го очекуваат стартот на долгоочекуваниот лет за Марс“. Емиратите лансираа ракета во мисија на Марс Терминот за лансирање се протега од 30 јули до 15 август. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Задолжително носење маски во американскиот Конгрес

Уште еден член на американскиот Конгрес имал позитивен тест за коронавирус, што предизвика задолжително носење маски на лице во Капитол Хил. Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси издаде задолжителна наредба за носење маска која стапува на сила денеска. Советникот на Трамп за национална безбедност позитивен на Ковид-19 Пелоси од Демокртската партија го објави соопштението откако претставникот кој Луи Гомерт, републиканец од Тексас изјави дека имал позитивен тест и оти ќе биде во карантин. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

САД со помош од 10 милиони долари за регионот за борба со ковид-19

Северна Македонија добила 1,5 милиони од САД за борба против коронавирусот за лабораториски системи, следење и контрола на движењето на инфекцијата, технички експерти, здравствена комуникација и слично, соопшти Стејт департментот заедно со УСАИД. Во изминатите 20 години, вкупната американска помош за Скопје надмина 738 милиони долари, од кои 11,5 милиони се инвестирани во здравствена заштита. Расте бројот на заразени од коронавирус на Балканот Од почетокот на пандемијата, американската Влада... Читать дальше...


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Оскорбившему президента Мирзиеева узбекистанцу дали пять лет лишения свободы

Виктория Боня показала новую прическу с нарощенными волосами за миллион рублей

Mash: Hofmannita бросила телефон в лицо поклоннице на концерте в Москве

Лавров в разговоре с Мухриддином назвал проверки иностранцев временными мерами

Музыкальные новости

Природа России 81

Bloomberg: Вашингтон изучает вопрос запрета на импорт российского урана

Весенние субботники прошли на предприятиях «Московского» филиала ООО «ЛокоТех-Сервис»

Шапки женские вязаные на Wildberries, 2024 — новый цвет от 392 руб. (модель 466)

Новости России

Виктория Боня показала новую прическу с нарощенными волосами за миллион рублей

Фархутдинов поблагодарил Путина за наличие российского гимна и флага на ЧЕ по боксу

Экс-агент Джонсон: РФ унизила Запад, выставив расстрелянную технику НАТО в Москве

Почта выпустила марку к 70-летию присоединения России к ЮНЕСКО

Экология в России и мире

Президент России Владимир Путин подтвердил проведение XVI Международного военно-музыкального фестиваля «Спасская башня»

6 городов России, где можно увидеть белые ночи кроме Санкт-Петербурга

Шапки женские вязаные на Wildberries, 2024 — новый цвет от 392 руб. (модель 466)

Чем перекусить без вреда для здоровья и фигуры?

Спорт в России и мире

Потапова и Павлюченкова вышли в полуфинал турнира WTA в Мадриде в парном разряде

Россиянка Полина Михайлова стала чемпионкой Франции по настольному теннису

Россиянка Михайлова стала чемпионкой Франции по настольному теннису

Надаль навестил в больнице 16-летнюю российскую теннисистку

Moscow.media

Шапки женские на Wildberries — скидки от 398 руб. (на новые оттенки)

"Банда четырех" против демократии

Уверенность в каждом дне вместе с автомобилем HAVAL

Музеи Твери. Лисичкины сказки











Топ новостей на этот час

Rss.plus






В Узбекистане дали пять лет мужчине, оскорбившему президента из-за парада Победы

Подожди, я еще не сфоткала: осьми-дог и плоский круассан

Рыбозавод на томском севере планирует поставлять консервы в Монголию

Предприниматели из Химок станут участниками проекта «Мой Бизнес»