Веб страницата на министерството за здравство и натаму не е функционална по последниот хакерски напад. Падната е и страницата на Агенцијата за поддршка на туризмот веќе неколку денови. Обвинителството покрена и предистражна постапка за хакерскиот напад врз ДИК. Причините за последните хакерски напади најверојатно се политички мотивирани од незадоволни индивидуалци, вели консултантот за компјутерска безбедност Мане Пиперевски.