Во вториот квартал од годината, кога почна пандемијата со коронавирусот, во Македонија се продале 1134 станови, што е за речиси 300 помалку во споредба со првиот квартал од годината. Но и покрај тоа цената на метар квадратен не паѓа. Просечната цена за квадрат е за околу 2000 денари повисока. Аеродром е рекордер по продадени станови.