Репортери без граници предупредуваат на прекршување на слободата на медиумите во Белорусија пред одржувањето на претседателските избори во земјата закажани за две недели. Воедно од организацијата го осудуваат систематското апсење на новинари кои известуваат од продемократските протести. Според организацијата, повеќе од 40 новинари се приведени во текот на изминатите 10 недели. „Властите се подготвени да сторат се за да се спротивстават на независните медиуми“, соопштија од Репортери без граници. Читать дальше...
Интензивна економска соработка, регионални пакет-мерки за социо-економско закрепнување од пандемијата на Ковид-19, се меѓу заклучоците на дискусијата на лидерите и учесниците од шесте земји од регионот на денешниот виртуелен самит, организиран од Атлантскиот Совет на САД, посветен на економската интеграција на Западен Балкан, на кој учествуваше претседателот Стево Пендаровски. Учесниците, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, се согласиле дека преку зајакната економска соработка, слободно движење на луѓе... Читать дальше...
Министерката за финансии Нина Ангеловска порача дека значајно расте бројот на нови е-продавници и е-трансакции како резултат на пандемијата на ковид-19. „Компаниите се адаптираат и отвараат нов продажен канал за полесен пристап до потрошувачите, справување со намалениот промет на физичките локации, како и зголемување на конкурентноста и пристап по поголем пазар“, напиша Ангеловска на Фејсбук. Според неа, во март има отворено скоро еднаков број на е-продавници, како во цела 2019 година. Но, како што посочува Ангеловска... Читать дальше...
САД ќе префрлат 12.000 војници од Германија во Белгија и во Италија. Секретарот за одбрана Марк Еспер изјави дека репозиционирањето ќе го зајакне НАТО и позицијата на Алијансата против Русија, а ќе ја подобри и американската стратешка и оперативна флексибилност. Од 34.500 американски воени лица стационирани во Германија, околу 6.400 ќе бидат испратени дома, додека скоро 5.600 ќе бидат преместени во други земји на НАТО. Претседателот на САД, Доналд Трамп во јуни ги објави плановите за репозиционирањето на трупите од Германија... Читать дальше...
Во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19. Најмногу случаи на заразени, односно 44 има во Скопје. Починати се 5 лица, пациентка од Скопје, пациент од Битола, пациентка од Куманово, двајца пациенти од Тетово. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти. Се планира вклучување на уште три институции за тестирање за Ковид-19 Досега во земјата се направени вкупно 99615 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид... Читать дальше...
Агенцијата за заштита на личните податоци започнала постапка со кој ќе се проверува дали дошло да нарушување на безбедноста на личните податоци кои се обработуваат од страна на ДИК откако за време на гласањето на вонредните парламентарни избори одреден период не беа достапни интернет страниците на комисијата. „ДИК обработува голем број на лични податоци по својот обем и категории кои се поврзани со изборниот процес, а од кои одредени категории на лични податоци се достапни и по електронски пат. Читать дальше...
Со распишување на два јавни повика, ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со кадровски промени. „Почнуваме со кадровско освежување и катарза најавено од претседателот проф. Д-р. Христијан Мицкоски. Во таа насока, а врз основа на Статут од денес распишуваме два јавни повика, првиот за избор на претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот за избор на членови на претседателството на Унијата на ветерани“, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се модернизира Од партијата... Читать дальше...
Претседателот на Собранието, Tалат Џафери, го потпиша Решението за свикување на Првата - Конститутивна седница на Собранието и таа ќе се одржи на 4-ти август 2020 година во 12 часот. Конститутивната седница ќе се одвива според здравствени протоколи и критериуми за да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. Читать дальше...
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на денешниот брифинг со новинари, понуди три опции за решавање на случајот со скопската Универзална сала, чие (не)уривање предизвика многу реакции во јавноста. Дел од архитектите, опозицијата и дел од граѓаните се спротивставија на евентуално уривање на Универзалната сала. Денеска Шилегов рече дека се работи за неколку можни решенија - Изградба на нова Универзална сала на истата локација, изградба на нова локација или реконструкција на сегашниот објект на Универзална сала. Читать дальше...
Вкупната вредност на трите пакети aнтикризни мерки кои ги преземаме за поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на последиците од Ковид-19 кризата се проценува на 500 милиони евра, објави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот официјален фејсбук профил. Таа наведува дека досега, до граѓаните и фирмите исплатени се околу 140 милиони евра државна помош oд кои 40 милиони евра кон граѓаните и 100 милиони евра кон фирмите. „За граѓаните:домашна платежна картичка за над 330.000 граѓани ... Читать дальше...
Во изминатите денови регистрирани се повеќе од сто прекршувања на примирјето во Источна Украина, соопшти Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Оттаму наведуваат дека примирјето е прекршено и во Доњецк и во соседниот регион Луханск. „Во Доњецк се регистрирани 111 прекршувања на примирјето, вклучително и 21 експлозија“, се наведува во соопштението на ОБСЕ. Примирје во источна Украина Украинската армија и проруските сепаратистички групи меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето... Читать дальше...
Синдикалните организации во државата ги осудија сите работодавачи кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати на своите вработени. Тие бараат Владата јавно да ги објави фирмите кои ја користеле државната финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите вработени. „Целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 беше да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите... Читать дальше...
Уривањето на Универзалната сала во Скопје не е опција, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук и според него таа е плод на солидарноста и еден од симболите на Скопје. „И Скопје не секогаш ги имало најдобрите решенија, но секогаш имало душа и срце за големи работи. Салата не е само објектот, туку и спомените на скопјани и нема роден скопјанец чиешто детство и младост не се поврзани со Универзалната сала. Затоа нејзиното рушење не е опција. Ако некој сака да остави белег во Скопје... Читать дальше...
Расте свеста кај граѓаните за темите поврзани со климатските промени, но сепак климатската акција и климата „многу малку“ се застапени во изборните програми на политичките партии, велат активисти за заштита на животната средина. Тие посочуваат дека идниот развој на земјата треба да биде „зелен“ со приоритетна заштита на здравјето на граѓаните.
Ппретседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, најави дека се планира зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции во кои ќе може таа да се прави, што ќе го зголеми дневниот капацитет за тестирање за Ковид-19. Неделен извештај на ИЈЗ - Помалку новозаразени и повеќе оздравени На сегашните 11 институции за дијагностика, изјави д-р Караџовски во интервју за ТВ21, планираме уште три нови за да добиеме уште 200 до 300 брисеви дневно... Читать дальше...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонијa, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци, информираше денеска Министерството за внатрешни работи. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за заштита од ширење на коронавирусот и за справување со пандемијата со Ковид -19. Неделен извештај на ИЈЗ - Помалку новозаразени и повеќе оздравени Според неделниот извештај на Институтот... Читать дальше...
Само за проекти за Универзалната сала во Скопје досега се потрошени над 600 илјади евра, а сега се најавува нов.
Поплавите во Бангладеш, предизвикани од монсунските дождови, погодија на 4,8 милиони луѓе, а 41 лице загинаа, од кои 31 дете, јави германската новинска агенција ДПА. Центарот за предвидување и предупредување од поплави во Бангладеш предупреди дека ситуацијата може да се влоши, бидејќи во следните денови можно е зголемување на нивото на реките во централните области околу Дака. Поради поплавите над еден милион луѓе од крајот на јуни ги напуштија своите домови, а, според извештаите, најголем број од загинатите се удавиле во надојдената вода.
Институтот за јавно здравје денеска го објави неделниот извештај за периодот од 20 до 26 јули во кој се евидентира намалување на бројот на новозаболени и починати лица од Ковид-19, а зголемување на бројот на оздравени во однос на претходната недела, соопшти Министерството за здравство. Во дадениот период направени се вкупно 9.563 тестирања (1.402 повеќе од периодот од 13 до 19 јули) и регистрирани се 956 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 82 случаи помалку од претходната недела. Во периодот... Читать дальше...
Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките, вели Дарко Димовски, претседателот на ССМ, по информациите дека над 700 работодавачи земале пари од државата за да исплатат плата како помош поради корона-кризата, а парите не им ги исплатиле на своите вработени. Димовски во емисијата „Утрински брифинг“ вели дека тие апелирале за ова и УЈП брзо ги откриле фирмите кои не ги исплатиле субвенционираните плати од по 14.500 денари, но додава дека треба тие работодавци да се... Читать дальше...
Министерството за финансии на Србија започна истрага за финансирање на тероризам и истрага за перење пари на новинари и невладини организации, за кои критичарите велат дека е безобразен обид за заплашување од владата на претседателот Александар Вучиќ. Министерството побара банкарски информации од почетокот на 2019 година од 20 лица и 37 невладини организации и институции познати по нивната работа за човекови права, транспарентност и изложување на корупција, според документите објавени од ТВ Newsmax Adria Serbia на 28 јули. Читать дальше...
Турскиот парламент денеска донесе закон со кој се предвидува посилна контрола врз социјалните мрежи, што предизвикува загриженост во врска со слободата на изразување. Социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук ќе мора да имаат претставник во Турција. Тие исто така ќе треба да се придржуваат кон наредбите на турскиот суд за отстранување на одредена содржина во рок од 24 часа. Во случај на непочитување на судските наредби, предвидени се строги казни. Партијата на Ердоган предлага посилна контрола врз... Читать дальше...
Пандемијата на коронавирусот предизвика загуба од 320 милијарди долари за светскиот туризам за периодот од јануари до мај, во однос на истиот период лани; објави Светската туристичка организација, наведувајќи: „Ова е трипати поголема загуба за меѓународниот туризам отколку за време на светската економска криза во 2009 година“. Бројот на меѓународни туристи падна за 56 проценти од јануари до мај годинава во споредба со истиот период во 2019 година, или 300 милиони туристи. Каталонија ги затвора... Читать дальше...
Околу 970 лиценцирани туристички водичи во земјава веќе неколку месеци се без примања. Пандемијата со ковид 19 ги спречи туристите да дојдат во земјава, а со тоа им ги затвори каналите за егзистенција. Очајни се за финансиска помош од државата и бараат мерки со кои ќе биде опфатена и нивната фела
Американски официјални лица идентификуваа три веб-страници на англиски јазик за кои велат дека Русија ги користи за ширење дезинформации за пандемијата на коронавирус за да ја наруши американската борба за спречување на епидемијата. Американските власти беа цитирани на 28 јули од новинската агенција „Асошиетед Прес“ дека активноста е поврзана со руските разузнавачки служби. Тие идентификуваат двајца Руси кои вршеле високи улоги во воената разузнавачка единица „ГРУ“, како одговорни за напорите за... Читать дальше...