Руската православна црква денеска реагираше за пренамената на Аја Софија во Истанбул од музеј во џамија. Турскиот претседател Реџепт Таип Ердоган денеска го потпиша декретот откако судот претходно ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Аја Софија од џамија во музеј. „Навистина е срамота што не се слушна загриженоста на Руската православна црква и другите православни цркви. Оваа одлука, за жал, не е насочена кон усогласување на постојните разлики, туку напротив... Читать дальше...
Екипи на Општинскиот и на Државниот градежен инспекторат со механизација почнаа со демонтирање на базата за производство на бетон, лоцирана на самиот излез од Охрид на стариот пат кон Струга. Базата се наоѓа во непосредна близина на хотелот чие уривање започна пред четири дена. Станува збор за објект изграден минатата година од страна на Нефи Усеини, советник на ДУИ во Советот на Општина Охрид, за која веднаш беше издадено решение за уривање, со забелешка дека се работи за нелегално изграден објект. Читать дальше...
Холандската влада ќе се жали во Европскиот суд за човекови права за наводната улога на Русија во соборување на малезискиот авион МХ127 во источна Украина во 2014 година. Холандскиот министер за надворешни работи Штеф Блок изјави дека таквиот чекор е со цел да се поддржат индивидуалните случаи поднесени од страна на роднини на некои од жртвите. „Со преземање на ваквиот начин на дејствување, владата нуди максимална поддршка на овие индивидуални случаи“, се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи. Читать дальше...
Заменик дополнителната министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска денеска реагираше на објавата на техничкиот министер Наќе Чулев во врска со извршениот претрес во објекти во Штип за наводен поткуп на гласачи. Според неа, Чулев намерно не споделува клучни информации од спроведената истрага, а тоа е дека сите од досега сослушаните граѓани чии лични документи се најдени изјавиле дека личните документи не им се земени заради поткуп туку заради долг. „Ова не е кривично дело поврзано со изборите... Читать дальше...
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека денеска е најлош ден за земјата од почетокот на борбата против коронавирусот. Во Србија денеска се регистрирани 386 заразени и 18 починати лица од вирусот, а 130 лица се на респираторни машини. Според неа, најкритично е во Белград, а потоа следуваат Шабац, Крагуевац и Нови Пазар. Таа порача и дека новите случаи се резултат на недисциплината од пред пет-шест дена, а резултатите од протестите ќе се видат за три-четири дена. „Нема да се двоумиме за воведување... Читать дальше...
Во последните 24 часа во Дебар е регистриран најголемиот број на болни од вирусот Ковид 19, вкупно 17. Општинскиот кризен штаб оцени дека состојбата е повеке од загрижувачка, а како главна причина на големиот број на болни и тоа претежно млади се наведува непочитување на мерките за заштита од страна на населението како и непочитување на протоклите за работа на угостителските објекти. На седницата на штабот со кој раководше градоначалникот Хекуран Дука денеска побара од министерството за здраство... Читать дальше...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потпиша декретот со кој Аја Софија станува џамија. Судот претходно ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Аја Софија од џамија во музеј. Денеска се очекува пресудата дали Аја Софија ќе стане џамија Аја Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија беше претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект... Читать дальше...
Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска информираше дека преку 187.000 домашни платежни картички се веќе активни и граѓаните со нив направиле над 660.000 трансакции. „За три недели околу 11 милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка и со тоа се поддржуваат македонските производи и услуги, се поддржуваат граѓаните и се поттикнува економската активност. Исто така, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија“... Читать дальше...
Во последното деноноќие во државата се регистрирани шест смртни случаи, 205 новозаразени од коронавирус и 336 оздравени. „Во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3. Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше и 336 оздравени лица. Читать дальше...
Европската комисија денеска ги презентираше резултатите од редовниот мониторинг на критериумите за визна либерализација во земјите од Западен Балкан и од источното Партнерство, сите ги исполнуваат условите и натаму, јави МИА од Брисел. Од 2017, Европската комисија има обврска да ги информира земјите членки за исполнувањето на овие критериуми поради брановите на „нелегални“ баратели на азил кои доаѓаа од западниот Балкан пред сѐ, откако се укина визниот режим. Предадени преговарачките рамки... Читать дальше...
Шарл Мишел, претседателот на Европскиот Совет, ја презентираше последната верзија на неговиот предлог буџет за периодот 2021-2027, повеќето ставки се намалени, но за претпристапниот инструмент сликата е малку покомплексна, јави МИА од Брисел. Во пресрет на самитот на ЕУ идната недела на кој лидерите треба да постигнат значаен напредок во преговорите за седумгодишниот буџет на Унијата, Шарл Мишел, чија улога е да го изгради крајниот компромис, денеска предложи буџет за 20 милијарди евра помал од тоа што беше понудено во февруари ... Читать дальше...
Поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус, кој во последното деноноќие забележа највисок број досега - 90 и масовното непотување на мерката, албанските власти размислуваат за воведување парична казна за оние кои не ја почитуваат мерката за носење заштитна маска. Македонија отворена за сите, Македонците можат само кај дел од соседите Првиот човек на Службата за микробиологија при унивезитетската клника во Тирана, Анди Корачи, вели дека Комитетот на експерти за справување со пандемјата... Читать дальше...
Маж кој работи за федералната прес-канцеларија на германската влада е осомничен дека повеќе години работел за египетска шпионска агенција, се вели во извештајот на германската разузнавачка служба, објавен денеска, пренесе новинската агенција ДПА. Годишниот извештај на германската агенција се чини дека го потврдува пишувањето во весникот „Билд“ во кој се вели дека лицето за кое станува збор се испитува под сомнение дека работи како шпион. Осомничениот е државен службеник на средно ниво во службената хиерархија. Читать дальше...
Ноќеска на полноќ, Франција излегува од вонредната санитарна состојба, но тоа не значи дека државата ја напушта можноста за силни и строги мерки против новиот коронавирус. Излегувањето од вонредната состојба беше изгласано од Парламентот на 4 јули, но законот што ја опфаќа таа нова фаза не се откажува одсите мерки што беа на сила изминатите неколку месеци. Новиот закон му дава можност на премиерот да воведе построги регулативи без одложување ако епидемиолошката состојба повторно се влоши.
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска информираше дека Отсекот за економски криминал при СВР Штип вчера презел мерки за расчистување на кривично дело „Поткуп при избори и гласање“. Чулев: МВР гарантира фер, мирни и демократски избори „Од страна на СВР Штип од Судија на претходна постапка од Основен суд Штип побарана и добиена е наредба за претрес на дом и други простории кај конкретното лице со цел обезбедување на материјални докази и целосно документирање на настанот. При извршениот... Читать дальше...
Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи предвремените парламентарни избори со близу 900 набљудувачи на 696 гласачки места избрани спооред случаен и репрезентативен примерок. Ќе бидат распоредени и исто толку набљудувачи со што ќе бидат покриени 20 проценти од вкупниот број на избирачки места на територијата на целата држава. Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи Како што информира на денешната прес-конференција претседателот на ГА МОСТ Дарко Алексов, набљудувачите... Читать дальше...
Туристичките агенции велат дека поради пандемијата повеќе од четири месеци немаат резервации и не остваруваат никакови приходи и затоа бараат продолжување на мерките за помош од државата до крајот на 2020 година, соопшти Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ). Во спротивно, како што велат од СКТМ, голем дел од туристичките агенции ќе банкротираат, а вработените ќе станат невработени. За разлика од другите сектори кој почнаа со работа туристичките агенции се уште се затворени и затоа... Читать дальше...
Десет години се чека природните убавини на Матка да добијат повисок степен на заштита, но процесот и натаму е во тек и неизвесно е кога ќе биде финализиран со донесување закон за репрогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје.
Оваа недела Србија стана сцена на најголемите немири во Европа досега за мерките на владата на пандемијата на коронавирусот. Двете вечери на бруталните судири уследија по најавата на претседателот Александар Вучиќ на 7 јули дека граѓаните треба повторно да одат во карантин во текот на викендот по рекордниот број на смртни случаи од ковид-19. Но, причините се изгледа подлабоки.
ССМ денеска ги објави барањата и укажувањата на синдикалците за работничките права кои ќе бидат почетна основа за преговори со социјалните партнери и од кои нема да отстапи без оглед кој ќе ја формира новата Влада. ССМ предлага во новиот Закон за работни односи сабота и недела да бидат прогласени за неработни денови, породилното отустсво да биде 12 месеци, а договорите на определено време да се користат само во исклучителни услови и да бидат со траење до една година. Се предлага и работодавецот... Читать дальше...
По среда, кога се одржува гласањето за овие предвремени парламентарни избори, се очекува да почнат и меѓупартиските преговори за можна идна владина коалиција. Засега лидерите се воздржани и во очекување на распоредот на силите во парламентот.
Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал, а деновиве се врши и дезинфекција на сите гласачки места во државата, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. Тој денеска вршеше увид на дистрибуцијата на доверливиот материјалот за гласање што ќе се користи на претстојните вонредни парламентарни избори, а е изработен од АД печатница „Киро Дандаро“ – Битола. Читать дальше...
Следните два дена експерти на Светската здравствена организација ќе ги поминат во Пекинг за да ги постават темелите за поголема мисија за истражување на потеклото на коронавирусот во Кина. Ветеринар и епидемиолог ќе се обидат утре и задутре да ги утврдат обемот и задачите на идната мисија во Пекинг, со што ќе се утврди како вирусот преминал од животно на човек, се наведува во соопштението на СЗО. КОВИД 19 го напаѓа и нервниот систем Научниците веруваат дека вирусот потекнува од лилјаци, а... Читать дальше...
Во текот на изминатото деноноќие (9-10 јули) на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се 422 прекршоци за неносење лична заштита на лице, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Глобалната организација за борба против сиромаштијата Оксфам ја повика меѓународната заедница итно да преземе акција за да стави крај на кризата со глад поврзана со влијанието на пандемијата на коронавирус, предупредувајќи дека може да доведе до смрт на најмногу 12,000 луѓе секој ден. Во извештајот објавен на 9 јули, Оксфам истакнува дека дополнителни 121 милиони луѓе би можеле да бидат турнати на работ на глад оваа година, зголемување за 82 проценти од лани, бидејќи пандемијата предизвикува масовна невработеност... Читать дальше...