Судењето за „Меѓународен сојуз“ прекинато, му се слоши на таткото на Боки 13
Претходно, Јовановски на воведните зборови за „Меѓународен Сојуз“, реагираше дека такви „лаги за оваа организација може да смисли само девијантен и криминален ум“.
Обвинителката Вилма Русковска, во воведните зборови, рече дека Обвинителството има докази дека тие пари завршиле кај Бојан Јовановски, а оштетените никогаш не ги побарале парите и никогаш не прашале до каде е проектот.
Почна „Меѓународен сојуз“, Русковска тврди дека парите завршиле кај Боки 13
Според обвинителството, обвинетите асна Мандиќ, Бојан Јовановски - Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски -Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.